B
Borg_Drone
Гостин
Иако оваа вест е веќе неколку дена стара, се решив сепак да отворам тема; искрено не знаев на кој подфорум да ја отворам па ако темава не е соодветна за овој подфорум, модераторите слободно нека ја префрлат.
Како што знаете Обама направи неколку измени во новиот буџет на НАСА за 2011 година.Програмата „Соѕвездие“ (Constellation) е откажана, а парите што се предвидени за програмата (600 милиони долари) ќе бидат пренасочени за "safely retirement of the space shuttle program".А во превод тоа значи дека парите ќе бидат насочени кон последните три мисии за шатл програмата.Шатлот ќе оди во пензија до крајот на годинава откако ќе направи 20 години, а на Американците им останаа уште три мисии до крајот на годинава.Буџетот на НАСА со тек на време се повеќе и повеќе ќе се зголемува, ќе стигне бројка до 6 милијарди долари годишно, но нема да оди ни цент во истражување на ново летало.До ISS Американците ќе користат руски капсули Сојуз, а Kennedy Space Center во Флорида предвиден е во новата програма за реконструкција и модернизација.Голем дел од парите сега во блиска иднина ќе се инвестираат во технологија, подобрување на сателитите што орбитираат околу земјата.Ново летало се очекува дури во 2025, а во орбита на Марс до 2030.А и да додадам, исто така ќе испраќаат и роботи во вселената, а сега еден се спрема да се испрати на ISS, и да се испроба да се види како ќе функционира во средина каде зрачењето од Сонцето е многу појако.
Планот иако изгледа доста амбициозен, сепак ме чуди едно нешто: зошто ја прескокнаа Месечината?
Друго, што мислите вие за новите планови на Обама, дали се добри, или пак беа подобри плановите на администрацијата на Буш?
Еве повеќе:

http://www.nasa.gov/about/obamaspeechfeature.html"Early in the next decade, a set of crewed flights will test and prove the systems required for exploration beyond low Earth orbit," the president said. "And by 2025, we expect new spacecraft designed for long journeys to allow us to begin the first-ever crewed missions beyond the moon into deep space. We’ll start by sending astronauts to an asteroid for the first time in history. By the mid-2030s, I believe we can send humans to orbit Mars and return them safely to Earth. And a landing on Mars will follow. And I expect to be around to see it."