Прво ќе им изразам почит на загинатите бранители. Нека Им е вечна слава! Сочувство до фамилиите на загинатите и до сите Кумановци кои овие два дена доживеаа вистински хорор! Навистина многу ми е жал!
Ова што се случи е нешто многу страшно и многу ужасно! Се надевам никогаш повеќе нема да се повтори!
Овој скапан народ уште еднаш докажа дека не заслужува никој да гине за вакви неблагодарници! Овие два дена се изначитав се и свашта. Место у вакви ситуации да се инсистира на сложност и обединетост, ние поразделени чинам никад не сме биле! Препукувања, плукања, очи вадење едни со други и се за една мочана политика која ни го уништи животот и не доведе до ова лудило! Од една страна сите изиграваат паметњаковичи, а од другата страна луѓе кои доживуваат терор во своите куќи и луѓе кои се борат со својот живот!
Институциите дефинитивно го достигнаа своето дно! Како бе можат да излезат на прес и да зборуваат за успешна акција кога има 8 загинати припадници на МВР и околу 40 повредени? Како може ова за вас да биде успех кога границите ви се швајцарско сирење? Ги силува секој кој стигне! Од јужна страна секојдневно ви влегуваат мигранти! Од север ви влегуваат терористи со еден тон оружје и муниција и си шетат низ државата слободно! Каде се безбедносните служби? Како после сето ова јас да се чувствувам безбедно? У секоја нормална држава, за вакви пропусти фрчат оставки! Кај нас како ништо да не било.
Два дена Куманово гори, луѓе гинат, цела Македонија на нозе, првите луѓе во државата нигде ги нема! Премиерот на Србија и вонредна седница свика и телеграма со сочувство испрати, нашиве ко глувци во дупка се кријат! Ова ли е тој успех шо го зборите!? Излегува Грујо на прес после два дена не знае ни сочувство да изрази, не знае ни имињата на загинатите да им ги каже без да ги прочита.Од новинарски прашања бега ко ѓавол од темјан! Да ти се плукнам и на премиерот неписмен!
За претседателот да не ни зборам, овој никогаш не го ни имало.
Оваа брколинда, гнаса ја мразам со цело срце, на пресот муца и глуми дека жал и било па уште вика и дека никогаш нема да заборавиме ова што го направивте за Македонија и за македонскиот народ! Лицемеру еден и за оние херои од 2001 така велевте, па еве терористите сите у фотељи у влада ги сместивте! Државата лудило ја направивте!
Исто сите медиуми дно дна! Вие сте чуле ли за вонредни вести!? Во Куманово војна се води, овие мува не ги лази! Си цепаат турски срања, грандови ѕвезди и шабанарии, ко на народот до тоа да му дошло! Копилево Латас уште дрнда дека Куманово не била најважна тема! Поважно било да знаеме како да се понашаме кога идеме у странска држава! Да ти ибам државата скапана!
Дефитивно завршувам со факултет и да ме нема од ова лудило! Работава е или да бегаш што подалеку или ќе полудиш, друго чаре нема.