Ова го најдов на блогот на еден мој пријател.Не знам откај го презел, ама ќе прашам.Во меѓувреме прочитајте за што се работи.
ШТО ПРЕДВИДЕ НОСТРАДАМУС
Од 2007 до 2012 трета светска војна, банкрот на САД... Периодот од 2007 до 2012 година ќе биде време на неволи, на многу војни, очај и зло, пишува на интернет-страницата „Нострадамус онлајн” (
www.nostradamusonline.com) на која се објавени толкувања на пророштвата на најпознатиот светски пророк, Французинот Мишел де Нострадамус (1503-1566). Се споменуваат и надежи и ветувања, но од каде би дошле, тешко е да се заклучи.
Тврдењата се базирани на книгата „Кодот на Нострадамус: Третата светска војна” (сличноста со „Кодот на Да Винчи”, веројатно, е случајна) на д-р Мајкл Ретфорд. Меѓу другото, книгата детално го опишува и периодот во кој влегуваме, како и клучните актери во него, на пример, Осама бин Ладен.
Поглавјето што се однесува на годините од 2007 до 2012 опишува како некој „луд водач” од Блискиот Исток ќе дојде до нуклеарно оружје и со него ќе ја нападне Европа. Една бомба ќе заврши во источниот дел на Средоземно Море и ќе ги затруе рибите. Европските земји ќе се обидат да интервенираат, меѓутоа „водачот” ќе го употреби остатокот од својот нуклеарен арсенал за напад на други делови од стариот континент, особено на Италија, а пред се на Рим. Но, и покрај сета лудост и моќта што ја има, тој челник се уште не е вистинскиот „антихрист”, кого Нострадамус честопати го споменува во своите пророштва, туку само негов претходник и помошник, кој ќе му го подготви теренот и ќе му го олесни доаѓањето.
Според толкувањата, периодот што следува ќе биде обележен и со природни катастрофи – земјотреси, вулкански ерупции и поплави, како и со климатски промени што ќе предизвикаат суши и глад. Елементарните непогоди особено ќе ги потресат САД, при што светската велесила ќе банкротира во обидите да се соочи со природата. Користејќи ја нивната тешка ситуација, „антихристот” ќе ја преземе власта во Азија и на Блискиот Исток. Сето тоа заедно – стравот, сушите, гладот, непријателствата, поплавите и потресите, лудаците и терористите – според Ретфорд, ќе доведе до трета светска војна. Се на се, вистинско време на неволи. Од каде доаѓаат надежта и ветувањата, веројатно појасно ќе им биде на оние што ќе го прочитаат бестселерот.
Изворот на книгата се ракописи на славниот Нострадамус, кои членови на Италијанската национална библиотека ги пронашле во мај 2004 година. Наводно, синот на пророкот му ги подарил на папата Урбан Осми (1568-1644), а потоа речиси четири века лежеле скриени во римските архиви.
Со комбинирање традиционални методи и современи алгоритми, д-р Ретфорд дошол до техника за дешифрирање, која ја нарекол „Кодот на Нострадамус”.
- Ако се согласувате дека широкораспространетиот тероризам, насилствата на Средниот Исток и економската депресија може да водат кон трета светска војна, тогаш оваа книга е вистинско отворање на очите – вели авторот.
Освен актуелниот период, во неговата книга се опишуваат и досегашните активности на Бин Ладен, терористичките напади на САД, судирите на САД со Иран, односно со Северна Кореја.
- Се плашам дека подготовките за трета светска војна се случуваат пред нашите очи - рекол јорданскиот принц Хасан, во контекст на толкувањата пласирани во книгата на Ретфорд.
СПОРЕД СИМЕОН АТАНАСОСКИ
Македонија да ги забрза реформите
Астрологот Симеон Атанасоски уште во 1998 година во своите астролошки прогнози ги посочив како мошне опасни и деструктивни за планетата Земја периодите од 2010 до 2014 година, а особено 2011 и 2012 година.
- Во овој период повеќе планети создаваат редок астролошки феномен со крстовидна форма. Ваквиот аспект на т.н. тешки планети. Јупитер и Сатурн, во однос на „брзите” Мекур, Венера, па и Марс, предизвикуваат негативни промени на Земјата. Тие неповолно ќе се одразат во повеќе региони во светот, а на удар е Европа во 2011 година, додека во 2012-та Далечниот Исток и Западна Америка ќе се соочат со сериозна закана од поголем воен судир и нуклеарна закана - вели Атанасоски.
Според него, сигурни се земјотреси во Калифорнија и во Кина. Тој тврди дека со астролошките методи што ги практикува подолго време земјотресите може да се предвидат во релативно прецизен период со отстапување од максимум една недела. Споменатите земјотреси, по магнитуда го преминуваат 7-от степен по Рихтеровата скала.
- Јупитер и Сатурн го аспектираат полето на Стрелец, кое е врската со религиозните заедници во светот, па можноста за судир на најспротивставените групи во светот е максимална – објаснува тој.
Атанасоски смета дека Македонија треба да ги забрза реформите и да дејствува единствено од внатрешнополитички аспект, пред се во периодот од 2008 до 2010 година, за да не биде доведена прашањето за евроинтеграциите да биде ставено во втор план поради светската нестабилност, која ја очекува и Европа.
- Според мене, негативниот период во посочените години е со интензитет од 2-3 месеци, а потоа се стабилизира. За тероризмот веќе не треба посебно да се коментира - истиот станува моќно оружје на светскиот капитал. Тој е во функција на корекција на проектираната економска крива на најмоќните земји во светот, пред се на групата 7 (Г7). Ние како држава мора да научиме како се работи и се заработува во кризни услови за да не станеме целосно економски зависни од соседите во текот на периодот од 2010 до 2014 година и поради апатичност на населението да не знаеме како да дејствуваме - советува Атанасоски.