Нострадамус

Член од
9 мај 2011
Мислења
278
Поени од реакции
65
Znaete li so e interesno kaj ovie so predviduvaat? Eve se zbori norstradamus deka kazal 2012 kraj na svetot,maite isto. Ali ke vidite nisto nema da ima i posle ke se zbori deka 2016 ke bide kraj na svetot,pa 2020 i taka ide toa.nemoj da se lazete.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Znaete li so e interesno kaj ovie so predviduvaat? Eve se zbori norstradamus deka kazal 2012 kraj na svetot,maite isto. Ali ke vidite nisto nema da ima i posle ke se zbori deka 2016 ke bide kraj na svetot,pa 2020 i taka ide toa.nemoj da se lazete.
Ко Светско Првенство, а ?? :нинџ:
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247




НОСТРАДАМУС ЗА МАКЕДОНИЈА

Во своите пророштва Нострадамус често ја спомнува Македонија, што значи дека тој мошне добро ја познавал нејзината географско-стратешка местоположба.
Според тоа, кога говориме за воено-политичките стратегии и за уло-гата на Македонија во нив, гледано од аспект на последните воени конфликти на Балканот, за кои во никој случај не можеме да кажеме дека конечно и дефинитивно се решени, бидејќи тие и натаму претставуваат потенцијални жаришта за нови војни, прогнозите на Нострадамус се сосема остварливи.
Михаел Нострадамус живеел во XVI век.
Тоа бил век на тотален мрак, на суеверија, на ѓаволи, бајачки и вештерки. Време кога црквата, со своите застарени догми, го ограничувала и го осуетувала секој вид научен напредок и просперитет и кога за ерес ги прогласувала сите сугестии кои биле спротивни на нејзините догми.
Во тоа сложено, суетно и ризично време, со ограничени научни разбирања и раширени суеверија, Нострадамус пркосел со неговите прогресивни идеи и откритија, најмногу со своите пророштва, ширејќи ја вистината - дека еден ден човекот ќе излезе од тој мрак и ќе заплови во нови, посветли времиња, во ера на силно развиен научен и технолошки прогрес.

Имено, феноменот Нострадамус, со својата силно развиена имагинарна моќ, како на дланка, ги видел сите успеси, падови, страдања и несреќи на човекот, кои се плод на природниот фактор, но и на човековото неодговорно однесување и негрижа кон природата.
Патувајќи со својата свест длабоко и далеку во времето и во просторот, ги видел и ги претскажал сите човекови пронајдоци: возот, авионот, радиото, телевизијата, атомската (хидрогенската) бомба, во која влезе да го види внатрешниот "жив оган", за потоа да ни каже како ќе дојде до физија на атомите при нејзина евентуална употреба, односно до разбивање на атомското јадро; ги видел сите помали и поголеми војни, дури и "третата светска војна", чиј циклус од 27 години почнал (1999 година), за која вели дека ќе биде "последна апокалиптична војна за човекот", истовремено предупредувајќи дека "човекот е тој кој, ако мудро постапува, може да ја избегне", поточно "ако власта не падне во рацете на умно болни луѓе", како што тоа беше случај со Втората светска војна, со Заливската војна и со Косовскиот конфликт.

Ако се навлезе подлабоко во суштината на неговите пророштва, може да се забележи дека феноменот Нострадамус со голема доза на сигурност денес го уверува човештвото дека во блиска иднина, а тоа значи во првите децении од новиов милениум, човекот со својот генијален ум ќе ги совлада сите болести кои го мачат современиот свет: канцерот (леукемијата), сидата, сушењето на мозокот во главата, на 'рбетниот мозок, дијабетот познат како шеќерна болест, но дека ќе се по- јават нови, многу поопасни заболувања и со уште поголеми последици од првите. Сведоци сме на новата болест - птичји грип, кој веќе претставува сериозна опасност по човекот, по птиците, но и по другите животни.
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:06 ---
Ова е листа на најпознатите предвидувања на Нострадамус. Michel de Nostradamus (1503-1566) бил доктор, како и фармацевт и јасновидец. Тој е познат по своите пророштва кои покриваат голем период на време и се верува дека се неверојатно точни. 10-те предвидувања во листата подолу се земени од неговата книга „Les Propheties“, првата едиција која се појавува во 1555.


1. Смртта на Кралот на Франција Henry II

„Младиот лав ќе го надмине стариот / на полето на борбата во една битка; / Тој ќе пробие со очите низ златен кафез, / две рани прават една, потоа умира со сурова смрт.“ (Век 1, Квадран 35)

Кажано е дека Нострадамус го предупредил Кралот Хенри дека наскоро ќе погине. Како што предвидел, тој бил убиен од Comte de Montgomery во Jousting (натпревар во кој двајца противници на коњи се конфронтираат со употреба на копја). Montgomery бил 6 години помлад од кралот и двајцата имале штитови со врежани лавови. Кралот бил ранет несреќно од страна на Montgomery (кој не го спуштил копјето на време) на две места: убодот од копјето влегол низ неговото око и дел влегол низ слепоочницата.


2. Големиот пожар во Лондон

„Крвта на праведните ќе биде побарана од Лондон / изгорена во оган во годината 66“ (Век 1, Квадран 51)

Ова е неверојатно предвидување на Нострадамус и ова е затоа што тој успеал не само да го лоцира збиднувањето, туку и годината. Како што претскажал, големиот пожар во Лондон започнал на 2-ри Септември и траел 5 дена. Во тоа време уништил домови на 70.000 луѓе, вкупно 80.000 жители на градот како и 87 цркви. Сепак, умреле само 6 луѓе, дел од предвидувањето кое не е точно.


3. Француската револуција

„Пред да дојде војната, / големиот ѕид ќе падне, Кралот ќе биде егзекутиран, / неговата смрт наскоро ќе биде жалена. / (Стражарите) ќе пливаат во крв, / Во близина на рекатта Сена земјата ќе биде крвава.“ (Век 2, Квадран 57)

Во 1789 год. Француската револуција одбележи еден од најголемите социјални и политички промени во историјата на Франција. Како што е предвидувањето, големиот ѕид (оној на Бастиља, познат затвор за политички осуденици воглавно) беше уништен од страна на Парижаните и неговото уништување го одбележи почетокот на револуцијата. Апсолутната монархија која ја водеше Франција се урна и нов поредок беше роден со жртва на сиромашните. Ова пророштво на Нострадамус кое се исполни двеста години по неговата смрт е она што го направи еден од најпознатите фигури во историјата.


4. Издигнувањето на Наполеон

„PAU, NAY, LORON ќе биде повеќе оган одошто крв, / да се плива во величење, / големиот да лета во слава. / Ќе одбие влез на Пиусите, / грешните и Дурансите ќе ги стави во затвор“ (Век 8, Квадран 1)

Познатиот император на Франција беше исто така прифатен од предвидувањата на Нострадамус. Зборовите „Pau, Nay, Loron“ изгледа шифрирани но сепак се анаграм кој ги формира зборовите „Napaulon Roy“. Папите Pius VI и Pius VII се „Пиусите“ споменати во третата линија. Тие и двајцата беа во конфликт со Наполеон, кој ги освоил Папските земји. Квадранот исто така го опишува Наполеон како човек на огнот (на војната) многу повеќе отколку на крвта (од кралско потекло). Ова исто така е неверојатно точно.


5. Втората Светска војна

„Гладни бесни ѕверови ќе ги поминуваат реките, / голем дел од бојното поле ќр биде против Хистер. / Во качез од железо големиот ќе биде одвлечкан, / кога детето на Германија ќе гледа во ништо.“ (Век 2, Квадран 24)

Ова е само еден од неколкуте квадрани кој ја опишува Втората светска војна. Првата линија генерално се интерпретира како инвазијата на Хитлер врз Франција. Втората линија се однесува на Алијансата која ќе стави крај на Хитлеровото владеење на терор, додека третата линија може да претставува опис на Германските тенкови, за кои во 16-тиот век немал никакво познавање. Детето на Германија е, како што претпоставувате, самиот Хитлер.


6. Louis Pasteur

„Изгубеното е пронајдено, скриено толку многу векови, / Pasteur ќе биде почитуван како полубог / ова ќе се случи кога месечината ќе го заврчи својот голем циклус, / почитта ќе му биде одземена од други ветришта.“ (Век 1, Квадран 25)
Ова се смета за една од најточните предвидувања на Нострадамус. Во основа поради тоа што Нострадамус го дава точното име на познатиот научник. Louis Pasteur (1822-1895) го открива постоењето на микроскопските бактерии. Тој исто така е познат по неговата голема работа која се врзува со причинители и превенција од болести. Со тоа што самиот тој е доктор, Нострадамус многу бил засегнат со чумата и се обидувал да ги најде причинителите и третманот на оваа болест. Од овде тој имал силна конекција со Pasteur што најверојатно била причината што го предвидел животот на овој конкретен научник. Последната линија најверојатно се однесува на противникот кој го обвинил Pasteur дека ги лажирал резултатите.

7. Charles de Gaulle

„Херкулес Крал на Рим и на Анемарк, / три пати едно презиме de Gaulle ќе води, / Италија и оној од St Mark да се тресат, / Прв монарх, признаен над сите.“(Век 9, Квадран 33)

Ова е еден од оние неверојатни квадрани кои ги вклучуваат претскажувањата на Нострадамус кои се однесуваат на владетелите на Франција. Charles de Gaulle (1890-1970) беше водач на Франција три пати (три пати едно презиме de Gaulle ќе води). Прво, беше водач на Слободните Француски Сили, во текот на Втората Светска војна; потоа, стана премиер на времената пост воена влада; трет пат, ја водеше земјата како прв претседател на Гранцуската Петта Република.

8. Смртта на браќата Kennedy

“Големиот човек ќе биде срушен од молња,/ лоша смрт претскажана од носачот на петиција. /Другиот паѓа во вечерните саати. /Конфликт на Рајна, Лондон и епидемија во Тоскана.” (Век 1, Квадран 27)

Во 1963 год. претседателот на САД John F. Kennedy беше убиен (прострелан од молња) во 12.20 попладне. На неговиот брат му беше извршен атентат во 1968 год., кратко после полноќ. Точноста е запрепастувачка. На тоа, во истата таа година, студентите протестирале во Париз и Лондон додека Фиренца ја зафатила поплава кој била закана за животите на граѓаните и донела опасност од чума во градот.

9. Смртта на принцезата Diana

„Претпоследниот од презимето на Пророк / ќе ја земе Диана [Четврток] за негов ден за одмор: / тој ќе талка поради of напнатост, / и ослободување на многу луѓе од подаништво.“ (Век 2, Квадран 28)

Принцезата Диана, која јасно е именувана во квадранот, беше убиена во несреќа со автомобил во 1997 год. Таа беше во друштво со нејзиниот пријател Dodi Al-Fayed кој беше син на Mohammad Al-Fayed (на кое се однесува пророкот). „Ден на одмор“ е Недела, денот кога погина Диана, додека версусот „“ослободување на многу луѓе од подаништво може да се објасни со многуте луѓе кои ја жалеа смртта на оваа сакана принцеза.

10. Предвидување

„Вулкански оган од центарот на земјата / ќе предизвика тресење во новиот град: / две големи карпи ќе направат војна за долго време. Тогаш Аретуса ќе зацрвенее нова река.“(Век 1, Квадран 87)

Ова е едно од најмистериозните предвидувања на Нострадамус и се вели дека е поврзано со нападот на двете Згради Близначки на Светскиот Трговски Центар во Њујорк. Во овој квадран, новиот град изгледа како да се однесува на Њујорк, додека „центарот на земјата“ веројатно се однесува на Светскиот Трговски Центар. На тоа, двете карпи можат да бидат двете згради близначки. Овој напад ја усмери американската влада да започне војна против тероризмот кој нема да заврши во догледно време. Аретуса се верува дека е уште еден анаграм на Нострадамус кој може да се поврзе со името „Laden“.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Born in the early 16th century, Nostradamus has become one of the world's most widely known and read prophets.

His poetic yet cryptic quatrains are claimed by some to conceal information about future events. He completed a total of 942 quatrains which he organized into Centuries - groups of 100 quatrains (one Century only had 42 quatrains).

Do these writings actually predict the death of popes, rise of tyrants, and natural catastrophes to come?


Nostradamus warned of the TERROR FROM THE SKY around 1999 starting WW III

Nostradamus warned of the FIRE IN THE SKY in the New City around 40 and 5 degrees latitude
(New York is 40.5 degrees)



Има предвидено три големи крвници или антихристи...
Како прв го наведува Наполеон и го сместува во историски точно време...
Втор е Хитлер или Хистер како тој го нарекува и ја има предвидено свастиката,помеѓу другите работи за него...
Трет е некој муслиман или евреј,не сум баш сигурен...
Сите тројца со себе носат светски војни...
Трета светска спрема Нострадамус треба да пукне у сегашнава 2005,да трае 7 години,и по неа да завладее 1000 годишен мир...
Како почеток на 3-та светска го предвидува уништувањето на Градот на крстот во голема печурка(слободен превод) т.е Ватикан.По тоа довчерашни непријатели(УСА и Русија)ке се здружат под знамето на крстот и ке го поразат антихристот.
Сите предвидувања ги има напишано во шифрирани стихови кои стануваат јасни дури откога ке се десат и до сега нема утка...
Сепак,главна порака која се провлекува низ сите е дека од нас зависи што од тоа ке се оствари.
Градот на крстот може да биде и Ерусалим, кај што бил распнат Исус ... Инаку муслиманските земји планираат да го нападнат Израел во 2013 ништо чудно нуклеарка да падне во Израел а не Ватикан ... Потоа истокот и западот (америка и русија) ќе се здружат против муслиманскиот свет ...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
и што вие мислите дека ке биде со Македнонија според неговите предскажувања?
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Интересно е тоа што сме родени на исти ден.:cautious:
ама прашањето не беше кога сте родени а и не ми е интересо тоа
прашањето беше што предвидел за македонија и како вие го сваќате тоа
еј мала шала
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
И да тибам нострадамусо погоди за гагнам стајл една миларда гледаност :vozbud:
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Nema da ima 3ta svetska verska vojna tuku vojna za voda.Nostradamus e ziva prevara pisubal vo sifri zosto ne napisal na makedonski 2 knigi napisal nostradamus ne edna prvata kniga e prevarata drugata obicna kniga:drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom