Носталгија

Lolita

Butterfly Kiss
Член од
16 јануари 2006
Мислења
230
Поени од реакции
10
Prvite 3-4 meseci, kaj nekoj luge moze i godina se najteski vo druga zemja. Jas se pomalku i pomalku sum nostalgicna... Normalno mi nedostiga familijata i prijateli, no veke sum donela odluka da ziveam vo tuga zemja. Ako non-stop mislis na doma, ti projdel zivotot vo taga, i grutkata vo grloto ke te zadusi. Uzivaj tamu kaj sto si.:icon_lol:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Lolita напиша:
Prvite 3-4 meseci, kaj nekoj luge moze i godina se najteski vo druga zemja. Jas se pomalku i pomalku sum nostalgicna... Normalno mi nedostiga familijata i prijateli, no veke sum donela odluka da ziveam vo tuga zemja. Ako non-stop mislis na doma, ti projdel zivotot vo taga, i grutkata vo grloto ke te zadusi. Uzivaj tamu kaj sto si.:icon_lol:
А кај си?
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
jas sekojdnevno mislam ali ne e bash nostalgija. nostalgija me fakja za vreme na praznici, rodendeni, nekoi raboti koga site se sobiraat. na primer za 1vi maj, nova godina, veligden koga se vrti crkvata, i takvi raboti...ali nostalgija retko me fakja veke se naviknaf. za idenje mene non stop mi se ide samo zatoa shto poubaf mi e zhivotot tamu.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Цело време имам нешто за учење а слободно време слабо... али јебига ипак тоа е студирањето. toae:

Е сеа за носталгија она тешка носталгија да ме спука не до толку, ама би убил за добро јадење тоа морам да напоменам...домашно готвено, скара, бурек и јогурт, пица од Енрико или Галија. hehe:

А секако ми недостига и фамилијата, другарите, џаболебарењето, искачањето исто така :vozbud:( да напоменам овде под 21 година нема искачање у кафичи).

Ај блиску е 18 мај... :helou:
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Леле додека живеев во Германија каква носталгија ме фаќашеее...неподнослива.Ја користев секоја прилика за да слезам дома.Сега си сум дома,и најубаво на свет ми е.:):):)
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
135
Поени од реакции
41
Феникс, Аризона и убава сончева Сабота. Си купив ново ауто па се возам, мерак пусти. Ден како створен да бидеш среќен. Секаде наоколу гледам саде безгрижност, убавина, насмеани луѓе, полни продавници и паркови. Деца, млади, стари, кучиња и музики од коли и кафичи. Одеднаш како спотерана од ненајавена клетва притискам погрешно копче и случајно самата се пушта. Погрешна музика, во погрешно време. Антологија на македонски народни песни. Ја оставам и си возам така, а мозоков почнува со 100 на саат. Прелетува од запад кон исток и обратно за на крај да се помрачи, да му стемни... и тогаш се на што можам да мислам и се што ми ѕвони во главава е:
ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ!
- за тоа што срцево ме боли за липите во Маџари
- за сите пропуштени кафиња и утрински матинеа со другари
- за сите книги на кирилица кои останаа непрочитани
- за сите зајдисонца во Дојран неовековечени
- за сите мрзаулци кои не сум ги видела во Маврово
- за ѓомлезето во Лескоец што ќе го пропуштам
- за крвта што не ја дарував кога за болно дете беше потребна
- за ајварот по пошта испратен
- за пијано концертот на внука ми кој го пропуштив
- за сите подароци спакувани во пакети како надомест на љубов
- за сите свадби на кои не отидов
- за сите деца родени што ги сакам, а за за кои ќе бидам само чичкото од Америка
- за сите сарми неизедени
- за сите секоја солза на мајка ми
- за секоја воздишка на татко ми
- за улиците на Скопје кои нема да ги распознавам
- за секоја празнина во реченица и збор македонски на момент заборавен
- за прошетките со кучиња на Вардар
- за Охридските лета што ги пропуштам
- за медаљата на внук ми од европско што не ја наздравив
- за тапите погледи на Американците и прашањата дали Македонија е вистинска земја
- за секое вино калифорниско, наместо црно Тиквешко
- за секое дете кое сонува да се качи на брод и да не се врати дома никогаш повеќе
- за цвеќето што на гробот на баба ми не го положив
- за утрата кои мирисаат на Старбакс наместо на свежо турско
- за тоа што син ми сонува на англиски
- за соништата со ресцветани дрва на "Гоце Делчев"
- за сите чиз-кејкови наместо баклави
- за сите комшии недојдени на кафе ненајавени
- за сите барови наместо меани
- за пропуштената изложба на татко ми

- за сите ноќи непроспиени и временски разлики непремостени
- за сите претстави во Драмски неизгледани
- за сите млади луѓе кои ми завидуваат и веднаш би се смениле со мене
- за личната карта што дреме во "Беко" зошто друг не може да ја подигне


- за сите пропуштени пазарџиски муабети во Недела наутро
- за сите саати на Скајп поминати
- за месечината која ги нема истите сенки како кога изгрева од зад Водно
- за сладоледот од Палма и бозата од Апче неиспиена
- за хоризонт со палми, наместо ливади Лазарополски
- за сите мајки кои во болка се гушат, а велат-добро е, барем децата таму ни ги ценат
- за сите саати поминати во сообраќајни метежи на големите раскошни автопати
- за децата кои коски оставаат во хотелски кујни за лап-топот што дома ќе го испратат
- за сите ноќи непроспиени во борба за стипендија и надеж дека ќе останат
- за сите сонливи погледи кон авионите чезнеејќи за денот кога ќе ги јавнеме накај дома
- за тоа што лажете дека ве боли што многу млади си отидовме
- за тоа што не сте кабает ни да не преброите да видите колку сме
- за тоа што ви требаат места за вашите, па ги туркате со сила и тие малку што останаа

И за илјадници болки кои можат да се редат во недоглед од стотици расфрлани точки низ белиов свет. Неми крици од празни куќи во Лондон, Перт,Њујорк, Берн, Париз, Чикаго...
Ајде излезете сега пак на избори!
Сега тоа е најважно нели?!
Поважно е кој од која партија пребегал, отколку сите научници, инженери и генијални уметници што ги откорнавте и бесплатно им ги подаривте на светот. Немате време да не броите, зошто сега ливчиња имате за броење, ленти за сечење, бирократија за запослување, предавници за гонење,патриоти за промовирање и медиокритети за глорифицирање.
Така било така и ќе остане.
Нам ни останува да сонуваме за липите во Маџари. Сон за убавина.
Сон како утеха дека барем тоа што НЕ сонуваме единствено за гола моќ, е она кое сеуште не прави луѓе.
 
A

AnFem

Гостин
Светот е мој дом! Ме фаќа носталгија само за ајварот. :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog
F

FARANG

Гостин
Where I lay my head is home... Во австралија има се, после СК најглоем македонски град е мелбурн. Од ајвар до шампити. Ми фалат мојте и другарите ама здравје боже во МКД кога сум си надокнадуваме
 
Член од
29 декември 2013
Мислења
147
Поени од реакции
197
Бев 6 месеци во Македонија, ја надохнадив носталгијата :)
 
Член од
24 јуни 2014
Мислења
19
Поени од реакции
56
Na pocetokot me fakase pocesto nostalgija sega mnogu poretko onaka za nekoi praznici. Sekogas koga ke me fati nostalgija samo pomisluvam na zivotot koj bi go imale vo Makedonija i odma mi pominuva :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom