Ножеви

Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Има некаде кај нас да се најде Victorinox Trekker/Trailmaster кој нема забци на ножот ?
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
120
Поени од реакции
127
Има некаде кај нас да се најде Victorinox Trekker/Trailmaster кој нема забци на ножот ?
И јас го барав истиот нож, ама тој тешко се наоѓа, не само кај нас. Можда треба да прашаш во Домнет дали може да го нарачаш. Најблиску до тој ти е Forester, исто многу ми се свиѓа и Locksmith. Јас го земав Soldier, (имам 2 комада) и да ти кажам право многу сум задоволен, не сметаат запците, ама малку се досадни за острење. Инаку, ти препорачувам рачка како на Soldier-от, многу подобро лежи во рака, ама нема пинцета и чачкалица.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Знам за Домент од таму имам купувано други модели но ме занимаше дали можам без забци кај нас да најдам баш поради тоа што кажа многу се досадни за острење ги имам на други ножеви забците.

На мене лично многу ми се допаѓа комбинацијата зелено/црно на Soldier-от но пинцетите често ги користам на крај краева се мислам да го земам Trailmaster-от и да купам рачки за другиот,а отворите за чачкалица и пинцета со дремел пажливо да ги исечам но не сум 100% сигурен дали таква модификација би успејала.

Друго нешто што гледав е да ги истругам забците но пробав на еден кинески нож од бувљк (100 ден) со нивно стружење многу се истенчи сечивото и крајниот резултат не ми се допаѓа.
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813

Не се чепкај со дремелот...
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
120
Поени од реакции
127
Има на Youtube видеа како може да се истругаат запците, прилично добро изгледа, ама јас не би чепкал. За пинцетата и чачкалицата незнам како би излегло на таква рачка. Исто сакав да ти кажам да го погледнеш и моделот RangerGrip 78. Има се исто како и Trailmaster, има рамно сечиво, единствена разлика е што е малку поголем. Мене тој модел ептен ми се свиѓа.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Не се чепкај со дремелот...
Дај подобра идеја како да ги исечам пластичните рачки ако не со дремел ?

Или не ме разбра убаво... Самиот нож/алат како сакаш кажи го нема да го чепкам туку планирам да купам резервни рачки и само да исечам тие малите дупки во пластика за да може другите алати да се извадат.

Не се чепкај со дремелот...
Има на Youtube видеа како може да се истругаат запците, прилично добро изгледа, ама јас не би чепкал. За пинцетата и чачкалицата незнам како би излегло на таква рачка. Исто сакав да ти кажам да го погледнеш и моделот RangerGrip 78. Има се исто како и Trailmaster, има рамно сечиво, единствена разлика е што е малку поголем. Мене тој модел ептен ми се свиѓа.

Ќе видам највероватно Trailmaster-ot ќе го земам и рачките/навлаките ќе ги модифицирам.

Предпоставувам нешто вака ќе изгледаат кога пажливо ќе се одстрани делот каде е отворот за чачкакалица и пинцета.
Untitled1231.png

Изгледа ќе мора да се навикнам да острам забци.
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Изгледа ќе мора да се навикнам да острам забци.

Ова ти е најдобро, а верувај, нема да ти е криво. Еве околу 3 години го носам 940ката со запци и ги употребувам исто колку и рамното сечило. Незнам зошто луѓето толку ги кењаат запците... Ќе си порачаш едно вакво за долар-два, и ќе му ги извадиш керамичките парчиња, со тие запците се прават многу добри, после со кожа и полир-паста се прават подобри од фабрички, само ќе си направиш посебно алатче за тоа, кожата да ја залепиш на ќошот на некоја штичка, да дојде како ,,ге''.
 
Последно уредено:

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Одамна желба ми е Spyderco Military, но бидеќи ми е за ќејф ми е прескап. Алтернативата е Resillience или Tenacious. Paramillitary 2 го имам видено и сечилото е премало за мој вкус.

1. Кој од двата ми го препорачувате и зашто?
2. Дали да го земам од продавницава од Белград (ваљда е оригинал) или да го нарачам од овој UK сајт, цената им е тука некаде?

Фала однапред
 
Kajgana Shop

На врв Bottom