Ножеви

Член од
18 мај 2015
Мислења
10
Поени од реакции
5
Дечки, знам дека имате одговорено преку 1000 пати на прашањево ама дали ако порачам нож од интернет еве конкретно станува збор за нож од Aliexpress во цена од 450 денари дали би имал некој проблем?

- Знам далечен познаник имаше некој проблеми кога нарача неколку ножеви, му бараја изјави зошто и како му се...
Би имал проблем да, со квалитетот на челикот :P. Ако веќе сакаш поефтино нешто a со ок квалитет, гледај Ganzo или Sanrenmu.Бар до пред некоја година кога ја имав болесва, тие 2 бренда беа бест бај, можно е да никнал уште некој солиден ефтин во меѓувреме.
Иначе преку 10 имам нарачано и не сум имал проблем, али сите биле по 1 во пратка и не ми ги застанале на царина.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
814
Дечки, знам дека имате одговорено преку 1000 пати на прашањево ама дали ако порачам нож од интернет еве конкретно станува збор за нож од Aliexpress во цена од 450 денари дали би имал некој проблем?

- Знам далечен познаник имаше некој проблеми кога нарача неколку ножеви, му бараја изјави зошто и како му се...
Немај гајле.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Зависи од поштата на мене никогаш за ништо ми немаат направено проблем.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.231
Ова се последните два ножа мои од @eMilanist

Првиот е со сечило челик 440c со рачка од круна од елен. Круната од елен ја обожавам за материјал за рачка. Ваков нож сакав уште пред година ипол, т.е. тоа е првиот нож на мајсторот со круна од елен, му стоеше со месеци непродаден па кога конечно се решив да го купам, излезе дека некој Американец го пазарил неколку дена претходно. Ептен криво ми беше што го пропуштив али се договоривме дека ќе изработи и за мене таков нож, само требаше да се најде добра круна. Година и кусур чекавме асална круна, тешко се наоѓа добра круна што ќе легне на сечилото. Црниот широк прстен е рог од бафало, а тенките црни делови се вулкан фибер. Одбојникот е од алуминиум, со ножот иде и кожена футрола.

IMG_20180328_173159.jpg

IMG_20180328_173221_2.jpg

IMG_20180328_173307.jpg

IMG_20180328_174107.jpg

IMG_20180328_173337.jpg

На сликата подолу се неколку мои концепти што ги разгледувавме со мајсторот пред да почне изработката на ножот.

koncepti.jpg

Вториот нож е поедноставен, со карбонско сечило, пинови од алуминиум и рачка изработена од дрво од орев. Тоа е легендарниот Condor Kephart, еден од најпознатите ножеви во историјата. И со него иде кожена футрола.

IMG_20180328_173428.jpg

IMG_20180328_173441.jpg

IMG_20180328_173515.jpg
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
@AceCaleb мило ми е што се кај тебе. Долго да те служат.

Инаку, еве уште еден што скоро ќе им се придружи :) :

IMG_0269.JPG
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.231
Партали е последниов, тотално по мој вкус.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
Уште еден. IMG_0287.JPG
Enzo skiner.
enzo број 32.
 
Член од
31 мај 2015
Мислења
121
Поени од реакции
129
Два нови лепотани: Okapi mac.jpg едниот е познатиот okapi - јужноафрички нож а другиот е стар македонски овчарски нож - наш традиционален (чкренче)
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Ново нешто што имам во предвид да набавам е копија на Tom Brown Tracker ножот така што на Ebay се наоѓаат солидни реплики од 1095 челик со футрола и патни трошоци за 80-90 евра.

На сликата е Damascus челик но сликата ја поставувам бидејќи е истиот дизајн како што ме занима.

Дизајнот можеби е малку нестандарден поради тоа што може да се користи за повеќе задачи.
 

Attachments

Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Koga bi birale megju enzo kamper i helle gt 32 sto bi odbrale , odnosno koj noz e podobar od ovie dva skandinavci?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Лично јас сум повеќе за Ензо бидејќи е full tang што мене ми е многу битно додатно на тоа е направен од D2 челик кој е доста добар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom