Нов почеток

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
...

Калуѓерот кој ти го даде своето Ферари.

...
Опис на season (види ми потпис) - 100% точно.



Во секој случај, „новиот почеток“ се должи на фактот што прекинот настанал во фаза кога и двајцата партнери не биле еден за друг и врската прекинала бидејќи не можела да се одржи. Можно е партнерите во време на „паузата“ да се промениле, да созреале, да се здобиле со нови сознанија итн и во тој случај „новиот почеток“ е всушност нова врска меѓу *различни луѓе*, иако се со исти имиња како претходните.
 
S

StormRage

Гостин
Во секој случај, „новиот почеток“ се должи на фактот што прекинот настанал во фаза кога и двајцата партнери не биле еден за друг и врската прекинала бидејќи не можела да се одржи. Можно е партнерите во време на „паузата“ да се промениле, да созреале, да се здобиле со нови сознанија итн и во тој случај „новиот почеток“ е всушност нова врска меѓу *различни луѓе*, иако се со исти имиња како претходните.
Да точно ако претходната т.н. врска била ситно зезање од некој мал период... на долги стази неможам да замислам нов почеток... Зошто? Едноставно е... Кога ќе скршиш порцелан и ќе го залепиш после, ќе се познава кај е залепен, но сепак при најмал удар пак ќе се скрши, ако не на тоа место ќе пукне до него... И што е полошо, секогаш ќе пука...
 
M

MIL

Гостин
znam deka ke nema nov pocetok , no znam deka ke ima za mene pocetok na sve novo !
 
Член од
12 јуни 2009
Мислења
90
Поени од реакции
126
Сум имала 2 нови почетоци,ама ни двата не беа успешни :) Првиот нов почеток беше кога бев помала,таму 14,15 год. и тоа ми беше првата љубов.Одевме некои 4-5 месеца, ја раскинав, после 2 месеца пак демек ке почнеме,почнавме, пробавме пак да е исто,ама неможе, се осека дека не е тоа тоа, и така завршивме.

Вториот нов почеток ми беше со дечко со кој одев подолго време,имаше доста проблеми,и ајде демек на пауза ќе сме некој период,ама пауза не беше баш и некоја пауза.Не се гледавме,но се слушавме нон стоп,тој почна као со друга, во мене се разбуди љубомора,и ај да си докажам дека пак можам да сум со него,почнав нешто,бевме пак заедно,беше убаво тој период додека се изнарадувавме оти сме пак заедно,ама покасно размислив и сфатив дека ете,се е исто,стоиме во место,заедно сме,ама тие проблеми уште постојат,не се промени ништо.Не функционираме, не си одговараме и тоа е тоа.Може требаше тоа да се случи за да сфатиме или сфатам...не знам.

Како и да е,од моето искуство а и од искуствата на блиските,знам дека тоа тешко да вроди успех.Штом еднаш нешто не оди,и сме се разделиле,после колку и да се пробува,џабе, таа истата причина поради која сме се ставиле на пауза или сме прекинале,уште стои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom