Нов почеток

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Nov pocetok u ljubov nema. Ili ljubis ili pak nemas takvo svojstvo. Ili se ljubis sam sebe. :)
Za da pocnes nesto od novo dokazuva samo kolku samozaljuben si i veruvas deka se moze da se zaboravi. Moze li?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ако љубовта е болест, тогаш ние сите сме пациенти со неизлечлива болест.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Што знам. Кога врската завршува веројатно постоисериозна причина за разминување. Таа, исто така, е добра причина да не се прави истата глупост со истата личност. Новите почетоци со старите лица, ставањето ново вино во стари мевови, не мора да е секогаш обновена, препородена љубов. Несигурност, зависност, навика, неподготвеност за навистина нов почеток, се честа појава.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Хемискиот процес што се случува во мозокот, кој потоа испушта разни стимули низ телото во пошироката јавност попознати како љубов поради веќе немерливите маркетиншко финансиски ефекти?

Репрограмирање на одделот за перцепција и се е можно. Зошто не и по 5-ти пат да почнете од ново нели? Се додека има овци, мора некој да стрижи сето тоа. Сурова е реалноста кога имаш многу идеи за нешто непродуткивно како љубоФ.
Се почестата ергенизација е факт дека нешто смрди во овие наши и ваши вредности.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ако љубовта е болест, тогаш ние сите сме пациенти со неизлечлива болест.
(y) Оригинално, нема што...Семе синапово ќе ти позавиди.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Најпрво, да се изјаснам дека сум против нов почеток.Ако нешто се скршило, се скршило од причина/и.Без разлика ти колку и да се трудиш тоа да се опраи, пак ќе бидат видливи тие пукнатини и нема да ти го дадат мирот на душата кој ти е потребен.
Е сеа, доколку хипотетички би започнала нов почеток, уште од самиот старт знам како ќе се одвиваат работите.Го знам човекот, му ги знам навиките, тиковите.На почетокот може да е интересно затоа што подолг период не сме се виделе и не сме си ги споделиле деталите од периодот кога сме биле разделени.Тука е првиот предизвик за мене: Дали ако се уште го сакам, ќе седам мирна кога тој ќе ми збори колку девојки прошол и што ствари праеле заедно и дали ако уште ме сака, ќе поднесе се што ја ќе извадам на масата.Пошто нели, веќе и претходно сме прилично добро запознаени, и сосем нормално е да се спомнат такви муабети.
Доколку првиов предизвик се помине и некако се свари, периодот кој следи со него ќе ми биде убав.Затоа што одеднаш ќе се врати старата топла прегратка, специфичниот начин на бакнување итн итн - со еден збор, навиките кои сум ги имала со него и тој со мене.
Меѓутоа, после 2,3,4 месеца, на површина ќе искочат повторно старите исти проблеми и несогласувања.Затоа што lets face it, човек не може да се смени, дури и да проба, сосем мал дел од него може да смени, инаку си останува стариот.Овие жестоки дискусии понатака можат да се развијат во префрлување на вината за раскинувањето, причините и слично, што доведува пак до точката на раскинување, затоа што увидувам дека сепак сум го преживеала ова веќе еднаш и доколку пак почнат ваквите обвинувања и осудувања, нема друг излез освен повлекување црта.
Тогаш зашто да поминувам пак низ истите ствари и секирации за еден краток бајковиден период? Според мене не вреди.Турам пепел и терам даље, не глеам назад :)
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Лесно е да се напише на форум како треба... тешко е стварно да се љуби :свиркам:
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
88
Поени од реакции
25
Кога се љуби ништо не е тешко!
и има уште една
во љубовта и војната се е дозволено;)
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Нов почеток мислам за врски кои се раскинале па подоцна продолжиле, врски кои преживеале бура и го допреле дното и на најновите варијанти врски после пауза. Е сега ме интересира дали има некој жив сведок да ме убеди дека е среќен во тој нов почеток или такво нешто непостои и луѓето глумат одлично или барем мислат дека глумат. И како вие го разбирате тој поим кога некој ќе ви каже почнавме одново.
Жив сведок - јас. Нема да те убедувам бидејќи кај секого е различно, но само ќе ја кажам мојата приказна.
Врска на млади години, врска со двајца премногу заљубени, врска однесена некое време во заборавот за повторно пак двајцата да се сплотат во едно.
Започна на 16 години, тој 2 години постар од мене. Започна онака невино, запознавање, дружење секојдневно, слушање... сето тоа прерасна во љубов уште пред да бидне врската. Дојде и тој ден, денот на првиот бакнеж, денот кога почнавме врска. Ние дечишта, без визија и мислење за иднина, живеење од ден за ден, живеење од нашата љубов. Бевме толку млади и толку многу заљубени... Така теравме 2 прекрасни години. Како растевме/созревавме се повеќе и повеќе се каравме, моменти на раскинувања за после 30мин пак да се смириш. Тоа се години кога човек се оформува како карактер и затоа се е тоа нормално, но сето тоа си има и последици, доаѓа до последната капка во чашата... Болно раскинување, момент кога сфаќаш дека не можеш повеќе со него, момент кога се решаваш да ја земеш контролата над својот живот и цврсто ќе одлучиш дека е крај. Се случи и тоа, секој по свој пат, колку незамисливо - толку реално. Поминаа така 2 години, ниту јас, а ниту тој абер за смирување, но ете една вечер се случи да се видиме, да се зазбориме. Направивме еден муабет што и како било, но сега се беше поубаво... Љубовта се уште беше тука. Како поминуваше времето од ден на ден ние пак се сплотивме во едно, продолживме таму каде што застанавме, само овој пат позрели и со заеднички планови за иднината и за нас. Ете поминаа 3 год од нашето смирување и да не се урочам добро се држиме. Искусивме се заедно, и убаво и не убаво, бевме и на врвот и на дното, но сето тоа го поминавме заедно и сега можам да кажам само дека сме поцврсти, поцврста е и нашата љубов.
Јас верувам и се водам со помислата дека она што е твое ќе си дојде, така да понекогаш човек колку и да сака или не сака некои работи, она што треба да се случи ќе се случи.
 

RexDeus

Просветлен
Член од
14 февруари 2013
Мислења
27
Поени од реакции
16
Нов почеток неоди заедно со "старата основа". Или ќе преминеш преку минатото и ќе го надминеш, или ќе останеш да му слугуваш.
Обично оние кој имаат најгласни мегафони за тоа дека им е потребен нов почеток, дека ќе свртат нов лист, дека ја научиле лекцијата, дека им се отвориле очите....бла, бла, бла, токму тие се оние што секогаш се враќаат на почеток, ама на оној стариот почеток.
Тој што продолжил со животот, нема потреба да го анализира повеќе минатото.
 
Член од
9 јануари 2013
Мислења
619
Поени од реакции
466
нов почеток, нова страна, но секогаш пишуваме со истиот ракопис:(
 
F

FARANG

Гостин
Se zavisi od krajot. Ako e nesto sto ne se preboluva i sekogas od nos ke ti go vadi nema fajde. GAME OVER
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.767
Поени од реакции
111.034
Може да има нов почеток но кај одредени личности, не секој може да прифати повторно помирување со стариот партнер. Не сакам лично да осудувам дали е тоа можно или неможно бидејќи како што кажав се зависи од личноста и од нејзиниот карактер, бидејќи некој не може да поднесе повторно да е со некоја особа што претходно му згрешила, а и обратно. Едноставно некогаш доаѓа до оној вистинскиот крај, кога стварно ќе се прелее чашата, но некогаш доаѓа и до презаситеност и монотоност во врската, потребно е нешто ново и доаѓа до караниците и раскинувањата, но во 90% од ваквите случаи останува нешто, всушност тоа нешто е тој “нов почеток“. Лично мене ми се има случено таа презаситеност, буквално супер врска без никакви проблеми и караници, меѓусебно се разбиравме, но почнав да се чувствувам некако чудно, како да ми беше досадно, пробав и да направам нешто друго, нешто поразлично но не ми одеше тоа од рака. Затоа решив да прекинам и да не го измачувам девојчето, затоа што не заслужуваше да биде во врска со човек кој не се осеќа среќен. Сфатив дека сеуште не сум созреан за права врска, сакав да излегувам и да лудувам по дискотеки, да гледам НБА до 5 сабајле и уште многу други задоволства од кои искрено морав да се лишам додека бев со девојчево. Имавме после тоа прилика за “нов почеток“ но добро направив што избројав до 10 и не се случи ништо. Заслужува некој кој ќе ја направи посреќна, а и она што го имав со неа не беше некако вистинското.
Затоа во животот треба човек убаво да размисли пред да се впушти во нешто, но затоа тука се и грешките, од нив се учи.
И за крај да го кажам и мојот став спрема тоа “нов почеток“, сум имал неколку такви нови почетоци но тоа беше во средношколските денови и тоа не го сметам како некоја сериозна ствар, а кога ќе дојде време за сериозни работи тогаш мислам дека нема да можам да направам нов почеток бидејќи ако вазната еднаш се скрши, колку сакаш лепи ја таа ќе биде скршена на тоа место. :)
 
Член од
12 март 2013
Мислења
25
Поени од реакции
7
Ако со личноста која ја сакаш повеќе од се на свет дојдеш до ситуација да раскиниш за "небитна работа" зошто не би пробал нов почеток? Верувајте дека нема да ви е полесно ако прекинеш, посебно ако си ти виновен за крајот...љубовта бара борба, а пред се разбирање и простување (со исклучок на неверство). Моментално сум јас во таа фаза на нов почеток и искрено тешко ми оди, но несакам да ја оставам туку така да замине...не ќе можам никогаш да си простам. Имам врска од 3 години и нема да ја дадам така лесно. Ја сакам и таа ме сака мене. Нов почеток ДА! Ама не зависи се од нас нели...партнерот може да го има спротивното мислење. Е тука си наебал, може само да си патиш и да си бараш утеха во се и сешто, ама џабе е...како и да е, ако преживее мојава врска ќе ви пишам па заедно да прославиме. Ајт сега чао!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom