Сум имала 2 нови почетоци,ама ни двата не беа успешни
Првиот нов почеток беше кога бев помала,таму 14,15 год. и тоа ми беше првата љубов.Одевме некои 4-5 месеца, ја раскинав, после 2 месеца пак демек ке почнеме,почнавме, пробавме пак да е исто,ама неможе, се осека дека не е тоа тоа, и така завршивме.
Вториот нов почеток ми беше со дечко со кој одев подолго време,имаше доста проблеми,и ајде демек на пауза ќе сме некој период,ама пауза не беше баш и некоја пауза.Не се гледавме,но се слушавме нон стоп,тој почна као со друга, во мене се разбуди љубомора,и ај да си докажам дека пак можам да сум со него,почнав нешто,бевме пак заедно,беше убаво тој период додека се изнарадувавме оти сме пак заедно,ама покасно размислив и сфатив дека ете,се е исто,стоиме во место,заедно сме,ама тие проблеми уште постојат,не се промени ништо.Не функционираме, не си одговараме и тоа е тоа.Може требаше тоа да се случи за да сфатиме или сфатам...не знам.
Како и да е,од моето искуство а и од искуствата на блиските,знам дека тоа тешко да вроди успех.Штом еднаш нешто не оди,и сме се разделиле,после колку и да се пробува,џабе, таа истата причина поради која сме се ставиле на пауза или сме прекинале,уште стои.