Нов почеток

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вики вели дека љубовта е појава во меѓусебните односи меѓу луѓето, која не е целосно определена и која се опишува со здружување и меѓусебно помагање на две или повеќе лица. Колку конфузна дефиниција, без смисла и во која може да се примети дека ни самиот автор не верува во напишаното.
„Љубов е чувство кое не се опишува“ ќе рече некој. Или незнае да се изрази. Јас ќе ја дефинирам како болест која ти го попречува расудувањето и те прави тотален лигуш. Кога веќе се обидов да ја дефинирам, не за вас да ви се допадне туку да создадам рамка за новата тема, би сакала да и ги објаснам и етапите по кои проаѓа.
Прва фаза - Ти сеуште стоиш на земја, си правиш бајрам на умот, сонуваш за некои среќни денови, секс варијанти и лигави изјави.
Втора фаза - Ти немаш поим ни во што си се претворил ни каде одиш, се гледаш во огледало, но и таму те нема. Во одразот е само ликот на љубениот, те сака, леле каква среќа е тоа, кој ли те фрлил на буњиште.
Трета фаза - Сфаќаш колкав идиот си. Е нема назад.
За да ја амортизираш третата фаза се измислува нов зачин кој се нарекува нов почеток. Или со љубовен речник, ајде да почнеме од ново. Може и со старолатински речник јово на ново. Старогрчкиот не ми оди, но сигурно се преведува како заврти го другиот образ да ти залепам уште една. И почнуваш од почеток во старите алишта, миризбата си ја чувствуваш. Излегуваш на штиците кои живот значат и ја одигруваш најлошата претстава во својот живот. Зарем сам веруваш дека постои нешто како нов почеток? Може ли врз рушевините да изградиш дворец? Можеш ли да заборавиш се што се случило и да почнеш од ново?
Ако можеш повели раскажи, а ние со задоволство ќе ја прочитаме приказната и ќе се потрудиме да поверуваме дека таму некаде има некој што почнал од почеток.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
почнав да пишувам, напишав цел реферат и сфатив дека не сум компетентен да пишувам за "љубов" , залудно се убив од пишување
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Еи нема везе..
Ова ти шо ми го опиша е Прва љубов.
Незнам, бар кај мене беше така. Се заљубуеш, поминуеш низ сите геј фази дур не се растопиш у љубав ко шумеча и не се претвориш во ништо.
После како таков, за кур не вредиш пошо луѓето имаат биолошки вкоренета тенденција да не го ценат тоа што го имаат, а ти си се дал скроз и мислиш дека си у љубавни филмови со хепи ендинг.. И тоаш јадеш клоца у гз, па проаѓаш пак низ геј фази кај шо мислиш дека толку леле светот се распаѓа, курац на сир, и тек коа ќе се изнаслушаш доволно блуз што срцето ќе ти отапе и храната ти нема вкус, почињаш од почеток, собираш делиш множиш корени синуси све тоа да се рационализира, сфаќаш кои ти биле грешките пошто нали сеа глеаш пред очи, ја лоцираш болеста, пукаш инекција тестостерон, се средуеш и никогаш повеќе не ја повторуваш грешката. После биваш обвинуван за мачо, за player, у екстремни случаи и за шофинист, али потајно си се смешкаш и не те дира пошо сеа знаеш како правилно и мушки се љуби жена, и дека нема да испаднеш клошар со клоцата у гз.
И секако дека не е како првата љубов, затоа што сеа не живееш у земјата на чудата паднат у трансови од љубов, туку едноставно си во реалноста и феноменот љубов и "да бидеш во врска" добива сосема нова димензија, нов вкус и нов мирис.
Така да, да, но со претпоставка дека имаш мозок.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Зошто нов почеток??.....ако си дозволила првата фаза да те зашемети толку силно, што дури не ти дозволува ни да ги согледуваш реалните пропусти во врската,нити правецот кон кој ќе води....тогаш или си тинејџер....или само уништуваш животи на други луѓе(пошто ти живееш во филм).
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Кој ке ги разбере жените? се преценувате сите што се обидувате да дадете некоја приближна конотација ... само еден човек очигледно ги разбрал,и тој почина на 23 годишна возраст...
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Зависи како завршило. Зависи од тоа кој филм те тепа во моментот, од спомените. Ако ти било убаво и дошол крајот заради банална причина која не е доволна за апсолутен крај, можда вреди да се проба. Може да биде поуспешно од првиот пат но може да биде и тотален феил, како шо кажа леандра опет ќе има трета фаза. Е сеа е демоде да молиш да ти се врати. Барем мене така ми се чини. Знам некои кои не се смирија заради другите. Ќе ги гледале накриво. Алоооооо бе ! па ич на *у* не ги ставам. Дури ќе го тепав другарчево ама оно да ти се плашело од трета фаза. Зависи од двете страни и дали желбата е обострана. Нема веза ова шо го пишав, само така ме научил животот до сеа. И да, објективен сум сеа и дури мислам дека коа мене би ми дошол редот малце би се замислил..
Не сум имал таква ситуација.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не знам ниту грчки ниту латински ама на македонски разговорен ова би му дошло, глуп/а немај каде :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Никад не ми иделе темите за љубов, тоа е специјалност на мојата колешка Crazy in Love; па да се дообјаснам :)
Нов почеток мислам за врски кои се раскинале па подоцна продолжиле, врски кои преживеале бура и го допреле дното и на најновите варијанти врски после пауза. Е сега ме интересира дали има некој жив сведок да ме убеди дека е среќен во тој нов почеток или такво нешто непостои и луѓето глумат одлично или барем мислат дека глумат. И како вие го разбирате тој поим кога некој ќе ви каже почнавме одново.
 
П

Пепси_

Гостин
кои врски со нов почеток жити се, се скарале оти не му рекла чао на телефонот и и` спуштил,и они "раскинале" моментално 10 дена и после пак нов почеток а у........воа сега е каша и попара исто џоа шпанските филмови.....првите 10 епизоди они многу се сакат,после наредните 10 се карат и многу се мразат,и последните 10 они пак се сакат и среќно си живеат.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.895
Поени од реакции
23.835
Не може, тоа е само самозалажување. Ова Шабан Шаулич најдобро го објаснува, со пресвртот на неговата поезија...



Однапред се извинувам за тролањето, и прифаќам казнени поени.
Та не е саде он.

Инаќе се е стејт оф мајнд. Одиш во казино се коцкаш пола саат-саат има тука адреналин интересно, неизвесно, малце ексцајтмент и си излгеуваш после тоа и си одиш дома без да се тресеш пак да мораш секој ден. Истото и за алкохолот истото и за цигарите истото и за убавата храна (која по медицински Марфи е нездрава) истото е и со жените. Е сега не е така лесно, си играш играчки со опасни работи. Човекот како единка суи џенерис е склон на зависност од задоволствата а апситеннцијата и откажувањето како да те убиваат. За разлика од алкохолот и цигарите, добрата работа кај жените е што нема супстанца односно зависноста е чисто психолошка. Јас тоа ќе го раскажам преку една тотално глупа приказна што моментално ја смислив и ја крстив

Калуѓерот кој ти го даде своето Ферари.

Си седиш ти така дома едно попладне и некој ти ѕвони. Ѕиркаш низ клучалката и го гледаш компијата. Твоја генерација, богато човече ама пак ок, кул отсекогаш сте се дружеле сте излегувале во град, сте во најблиско друштво.
-Ајде бе комши, бујрум на кафе и цигар-му викаш.
-Фала комши, овој пат не сум за задржување.
-Е де, кај се брзаш?
-Комши знаеш дека у животов пари сум имал повеќе од доволно. Ама духовно се осеќам сиромашен и секогаш сум ја имал таа празнина. Решив да одам калуѓери.
-Аман бе?!!! Во кои калуѓери?!!!!
-Што знам Света Гора, Тибет, дервиши ќе видиме нешто. Него батали тоа. Знаеш дека отсекогаш сме биле блиски и сум те ценел. Затоа сакам да ти го дадам Ферарито.
-Еј брат, не можам да прифатам таква работа.
-Можеш, тебе ти верувам и тебе сакам да ти го оставам. Слободно вози го, уживај со него, бркни некоја ;), сигурно ќе шмекаш повеќе него со Југцето твое, ама чувај го добро.
-И до кога бе комши би го чувал?
-Не знам бе друже шо да ти кажам. Може ми е некоја минлива фаза па уште утре ќе се вратам. А може и ќе го најдам тоа што го барам па ќе ти остане вечно за тебе. Ајде сега чао, ме чекаат чакри, зенови и тако даље.

Да ја анализираме оваа ситуација. Ретко кој би го одбил Ферарито нели? Се разбира има и такви. Оние кои од сопствени етички, морални, духовни или икс причини би се откажеле од земски задоволства. Ама 90% го прифаќаат ферарито. И тука настануваат проблемите. Обично единствениот фактор по кој ќе се дефинира одвивањето на настаните е факторот-време. Ако хипотетички комшијата се пишмани и се врати уште утредента или после неколку денови и месеци проблемите се движат од минимални до никакви.
Исто така проблемите се никакви ако компијата никогаш не се врати.
Но обично излегува најтешката варијанта, а тоа е-Комшијата се враќа после неколку години. Што се случува во тие неколку години?
Ти и Ферарито почнувате врска. Од прво го истражуваш, му се чудиш па дури и те нервира. Не знаеш како функционира типтроник, не си навикнат да седиш на шо се вика 2 сантима од асфалтот, се е поразлично. Но се навикнуваш брзо. Го научуваш. Почнуваш да го совладуваш. Но тоа што не го знаеш е дека и он те совладува тебе. Совладувањето прераснува во симпатија, симпатијата во пасија, пасијата во љубов, љубовта во зависност. Ферарито ти изгледа како совршенство, створено за тебе, удобност, моќ, убавина. Ти прави убаво на душата, адреналин, возбуда, жени, брзина, елеганицја, контрола, моќ и полека опсесија. Фактот дека не е твој полека се преселува од највисокиот кат до средината, до приземје, до подрумот, до најзатуцаното ќоше на подрумот. Да тука е фактот, присутен е, ама како нешто секундарно, како некоја обрска која треба да ја завршиш ама не си врзан со никаков рок, па со тоа самата обврска левитира тука на границата помеѓу задолжителна обврска или нешто оставено на твоја лична желба, ако ти сакаш. А на крај се губи и тоа. Сопственоста на Ферарито е твоја. Секој облик на туѓа сопственост останал некој далечен полусон од минатото, некоја магла. Така функционира твојата психа иако де факто ништо не се сменило. Во сообраќајната за сопственик го пишува комшијата. Се сменило само времето кое истекло и твојата психа која се адаптирала на новонастаната ситуација во искривувајќи ја реалноста во полуимагинација која е во твоја полза, во твоја корист и така ти стануваш сопственик на Ферарито. Кога некој во град те види со него и те прашува-Дечко твое ли е Ферариво, ти како од пушка веќе некое време одговараш со-Да, мое е. Во ниту еден милисекунд од тој твој одговор не постои ни најмало светнување на сијаличката за самоизмамата која постанува новата реалност иако како што кажав тоа не се случува преку ноќ туку постепено.
И обично токму тогаш, во тој момент, кога си се вратил од одмор со новата атрактивна девојка шетајќи ja со Ферарито некој ексклузивен остров и си го имал the time of your life едно исто такво попладне некој ѕвони на врата. Отвораш и имаш што да видиш.
-Комши јас се вратив. Мислам дека го најдов тоа што го барав. Фала ти многу што ми го чуваше Ферарито, а сега те молам врати ми ги клучевите.
Остаткот од приказната се конвертира од психопозитивна драма во хорор. Суицидните мисли започнуваат малтене уште истиот ден кога влегуваш во југото и ти текнува на што се враќаш. И од афтерлајфот ти се одживува а не па од животот. Ти се руши целиот систем на удобство, на идеализам, на навика ако сакаш и на совшенство. Ти се дешава најстрашната клетва-еврејската
Ти си сјебан, касно е сега. Кој е крив? Факторот време. Зошто не се врати комшијата порано? Тогаш немаше до толку да се приврзеш и навикнеш на Ферарито. Или зошто не остана таму? На тој начин ферарито ќе беше само твое
Е сега тука е болката. Како да ебеш а да не остане трудна и да се заразиш, како да одиш на сафари во Африка а да не те фати тропска болест, како да го прифатиш Ферарито на калуѓерот а да не те акне тоа од земја покасно. Последнователно одговорите се: купуваш кондом и го ставаш пред почеток на сексот, се вакцинираш унапред, и си ја програмираш психата.
Секој ден дур се миеш во огледало, дур го палиш, дур возиш 250 на саат по Немачки аутобан каде што нема ограничување на брзина, додека добиваш блоу џоб од најубавата во градот секогаш во себе повторувај си. Ова не е мое, ова еден ден ќе заврши. Можеби дури и утре. Уживај сега ама не се заборавај, не се залетувај, ферарито вечно ќе биде туѓо. Секогаш кога ќе видиш дека таа мисла ти тоне, извади ја на површина.
Затоа што тоа се жените. Туѓо Ферари. На крај најверојатно ќе те фати очај и ќе завршиш со некое југо, 101, ако си троа посреќен Опелче, Сеатче ако си нешто надсреќен може и Беемвенце и Ауди. Ама Ферарито еднаш или два пати ќе ти се погоди ако воопшто се погоди. И скоро дефинитивно ќе си отиде некогаш. Тоа што за тебе е Ферари може за друг е Москвич ама за тебе е Ферари. Се друго шо ќе си возел нема да памтиш. Сите други коли немаат трета фаза. Зарем ќе ти биде жал ако од новчаник си изгубил 2 денари (Vlasi wont get this)? Ама за Ферарито ќе патиш. Не биди глуп да го отфрлиш однапред. Земи го. Уживај го. Нека те исполни, нека ти даде многу среќа допамини, адреналини, и остали ини. Само не биди глуп да станеш зависен. Не е ова хероин и супстанца, ова е 100% психа. Да времето работи против тебе. Но тоа што повеќето не го знаат е дека времето не е единствениот фактор. Твојот ментален склоп ако сакаш може да биде посилен од се. To have you cake and to eat it, и јаре и паре, и волкот сит и овците на број.
Малата не е твоја сопственост. Никогаш и нема да биде. Затоа не си гај илузии и ричи. Не биди Роб Ин Шамар (http://en.wikipedia.org/wiki/Robin_sharma). Ферарито во основа само функционира како и секоја машина. Добар слуга, лош господар.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Никад не ми иделе темите за љубов, тоа е специјалност на мојата колешка Crazy in Love; па да се дообјаснам :)
Нов почеток мислам за врски кои се раскинале па подоцна продолжиле, врски кои преживеале бура и го допреле дното и на најновите варијанти врски после пауза. Е сега ме интересира дали има некој жив сведок да ме убеди дека е среќен во тој нов почеток или такво нешто непостои и луѓето глумат одлично или барем мислат дека глумат. И како вие го разбирате тој поим кога некој ќе ви каже почнавме одново.
Еве јас ќе ти ја раскажам мојата приказна.
Бевме во врска, како деца таму некаде со 14-15 години, ги поминавме сите тие фази кои ги опиша погоре и раскинавме. Помина време си ги живеевме тинејџерските години секој по свој пат. После некаде три години од раскинувањето почнавме да се муваме (немало секс, колку да биде појасно), да се гледаме онака по потреба, кој кога сака и така 2-3 години. Немаше да се видиме ако во моментот сум имала некој друг дечко од причина што не варам во врска, но после раскинувањето секогаш бил тука за утеха.
Помина време се стишаја хормоните и кога сватив дека не сум мрднала од мртва точка решив да ставам крај на драмава. Или ќе бидеме заедно или нема да бидеме заедно. Мувањето веќе не беше прифатливо. И почнавме ...да речам некаква врска. Но, бидејќи го знам и како диши и колку девојки има преварено со мене, врската беше некако површна. Теравме 3-4 месеци и пукна. Он мене-ти немаш доверба во мене, јас на него- ти мене сакаш само да ме легнеш и толку. И почнува кукање удирање на глава во ѕид, па кај ми беше паметот, па не сум дете од 15 години веќе, и нормално сега уште повеќе боли. Знаеш дека го сакаш си го имала и ти избегал од раце, а што е најтрагично уште го сакаш, но сепак решаваш по 1001 пат дека е веќе навистина време за крај. И по 10 денови кога страстите спласнале почнуваме...пак јово на ново. Нема многу драми и лигавење со денови. Еден муабет. Толку. И од ново пак, но овој пат јас бев некако резервирана, некако на дистанца признавам дека си имав проблем со довербата, но полаку полаку со тек на време, со трпение и нежност од негова страна се си дојде на место.
И еве не заедно после 6 години.
Врската ни е стабилна (пу пу да не урочам), немаме испади на љубомора ни јас ни тој, подобра од порано, по сталожена. Не прави и неправам нешто што би го повредило, ако наиде проблем заедно бараме решение, цивилизирано со муабет.

Од оваа гледна точка, сега, доколку раскинам никогаш не би се вратила пак од ново зошто би сметала дека веќе е се проживеано и не може да биде подобро. Но тогаш најверојатно сум чувствувала дека нешто фали, дека има уште нешто што сме можеле да го доживееме заедно. И мило ми е што не сум погрешила.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Секоја приказна е посебна сама по себе. Не значи ако на многу од нас не ни успеало да се вратиме од дното и да почнеме нов почеток, стабилна врска која има иднина или како сакате наречете го новиот почеток, дека и на друг во иднина нема да му успее. Зависи од карактерот на луѓето кои се вмешани во целата приказна, зависи од причината поради која е допрено дното, зависи од количината на љубов која е присутна помеѓу актерите во приказната. Секоја ваква приказна е посебна и не верувам дека треба да се извлече генерален заклучок за нешто толку сензитивно. Иако јас сум за прекин на врската ако некој пати во неа (знам дека овде се побивам ама јебига), сепак овде нема место за генерализација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom