- Член од
- 22 декември 2008
- Мислења
- 372
- Поени од реакции
- 11
Дали новинарот Бранко Геровски може да има „критички и непристрасен новинарски став“, дали новинарот Бранко Геровски може да придонесе за развој на слободно и демократско општество?А1
Нов политички неделник на македонскиот медиумски пазар. Насловен е „Сега“, како последен обид на новинарите да се изборат за почитување на демократските принципи и да ја одбранат честа и слободата на новинарството.
Во услови на трула демократија, постојани притисоци и редовно замолчување на новинарите, од „Сега“ ветуваат дека ќе застанат на страната на обичниот човек, неговите реални потреби и проблеми.
Велат, дојде крајно време беше некој да го стори тоа.
„Го почнуваме нашиот проект во време на една сеопшта рецесија, рецесија на економијата и во Македонија, за жал, рецесија на духот. Поради тоа, кажуваме искрено, отворено, потребна ни е секаква поддршка, морална, пријателска, и пред се духовна“, рече Бранко Геровски, новинар и уредник на „Сега“.
Новиот политички магазин ќе го пишува екипа на млади, но искусни новинари. Ветуваат критички и непристрасен новинарски став, бидејќи само така ќе придонесат за развој на слободно и демократско општество.
„Дали демократијата и слободата во Македонија треба да умрат за да најодговорните политичари и институции започнат да ги спасуваат“, вели Благица Иванова, новинар.
„Печатените медиуми кај нас најчесто забораваат да кажат како се случил некој настан, а уште помалку зборуваат за причината за што се случил тој настан. Токму затоа „Сега“ ќе анализира и ќе ја каже приказната на веста“, изјави Владо Апостолов, новинар.
Првиот број на политичкиот неделник „Сега“ во продажба ќе се појави од 1. Мај.
Едно време имав поголемо мислење за него - ама откако отворено почна да лобира да си го смениме името и отворено почна да ја кажува истата мантра што ја слушам од устите на лузерите од СДСх, мислам дека Бранко Геровски со неговиот неделник „Сега“ е далеку од независен слободарски и квалитетен новинар.