S
Sagan
Гостин
Отец Паисиј Хилендарски (1722-1773), Македонец родум од гр. Банско (С.Димевски), во пишувањето на својата „Историја словеноболгарска” (1762 г.) гo ползувал рускиот превод на „Царството на Словените”. За влијанието на Орбини во делото на Паисиј Хилендарски ќе се задржиме поопширно подолу во тектот, во врска со грбовите на Македонија присутни во преписите на Паисисевта историја.
Коста Црнушанов[17] во една своја брошурка пишува:
„На рака го имаме рускиот превод на книгата на Орбини од 1722 г., направен по заповед на Петар Велики, кој носи заглавие: „Книга Исторiографија початiја имене, славы и разширенiја народа славенского и их' цареј и владетелеј под' многими имјанами и со многими царствiјами, королевстами и провинцјами. Собрана из' многих' книг' исторических' чрез' господина Мавроурбина, архимадрита рагускаго... 1722”.
Во вториот дел од своето дело Орбини прави преглед на историјата на одделните словенски народи. На Бугарите им посветува специјална глава „Историски податоци за кралството на бугарскиот словенски народ”, која ги зафаќа страниците од 289 до 335. Тука даваме извадоци од неа, кои се однесуваат околу царувањето на Самуил:
„Кога браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - синови на Комитопул, човек уважуван кај Бугaрите - ги поттикнувале поданиците за отпор..., Унгарците (унгры) навлегле во Бугарија” (стр. 308).
„Бугарското кралство било целосно победено и покорено под грчко робство. Но, во времето на Василиј Порфирогенит се дигнале Бугарите и управувањето на своето кралство им го предале на браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - деца на Комитопул, затоа што веќе бил прекинат кралскиот род во лицето на евнухот Роман, син на цар Петар. На крајот Самуил останал сам господар на Бугарија...” (стр. 201).
„Самуил - бугарскиот крал, го нападнал Бладимир, владетелот во Далмација... и го држал во опсада... На крјот Владимир поради предавството на некаков негов жупан... паднал во заробеништво на Самуил” (стр. 201).
„Самуил заповедал да ги попречат преминте со густи пречки... И кога му било сопштено за дижењето на имераторот со цел да навлезе во Бугарија - неговото кралство, тој застанал на страна пред оние прегради...” Ксифиј поминал преку густите гори и во грб со својата војска ја ”разбиле војската на Самуил, земајки во заробеништво 15 илјади Бугари” (стр. 311).
„После смртта на Самуил - кралот бугарски, наследник станал неговиот син Радомир. Тој ја покорил целата област од Бугарија дури до Константинопол” (стр. 202).
Василиј го охрабрувал Ароновиот син Владислав да го убие Самуиловиот син Радомир „ветувајки му го владеењето на Бугарија и бугарските провинции”. Штом Владислав го убил Радомир, „тогаш според ветувањето императорот на Владислав му испратил грамота, подпечатена со сопсвтениот печат и со признание да го владее бугарското кралство” (стр. 312).
Но гледајки дека никогаш со сигурност „нема да владее со бугарското кралствотво, додека е жив Владимир, зетот Радимиров”, Владислав со измама го повикал кај себe „Владимир... како свет човек по душа ја прифатил поканата на Бугаринот” и бил убиен (стр. 205).
„Но бидејки Владислав не го почитувал договорот, императорот сам навлегол во Бугарија и ги разорил Острово и неговта околина и ја разбил пелагониската војска, заповедајки да им ги извадат очите на сите бугарски војници, кои му паднале во рацете. Го завзел и Охрид - престолнината на бугарското кралство... Но Бугарите ги заклале сите Грци, оставени во гарнизоните во завземените градови” (стр. 313).
А „имераторот влегол во Охрид, каде заповедал да се отвори азното на сите бугарски цареви” (стр. 314). (Коста Ц'рнушанов, Ср'бски и х'рватски свидетелства за б'лгарската народност в Македонија. Благоевград - без год. на издвање. 16-18)
Во предговорот на книгата „Јордан Хаџиконстантинов Џинот”, Блаже Конески пишува за влијанието на книгата на Мавро Орбини:
„...Зборот ни е за нешто што можеме да го наречеме славизација на историјата, разбирајќи под тоа еден стремеж да се прикаже во што поголем сјај словенското племе. Веќе во некои средновековни пролози името Скити се заменува со името Словени, што преставуваше јасна пројава на таквиот стремеж. Григориј Цамблак (XIV-XV век) го прошируваше името Илири на Балканските Словени. Во XVI век хрватинот Винко Прибоевиќ, којшто се влијаел од полските хроничари, пишувале за античките Македонци како за Словени и за Александар Велики како за словенски цар, што подоцна, во минатиот век [т.е. XIX век], го тврдеа нашите македонисти, секако поучени од ваквите порнешни искажувања. Во Москва никој друг, ами Иван Грозни, истакнуваше дека Русите биле покрстени од апостол Андреј во исто време кога и Грците. Особено преку контактите во Света Гора ваквите идеи, сугерирајќи аналогни решенија, се ширеа и во јужнословенската средина. Првата голема синтеза сепак ја направи еден католички опат, дубровчанецот Мавро Орбини, кога во 1601 г. ја издаде во Пезаро на италијански јазик својата книга „Кралството на Словените”. Милосник на идејата за старата словенска слава, тој ги вклучува меѓу Словените не само старите Македонци и Илирите, ами и повеќе од оние народи што со Големата преселба излегуваат на историската сцена. Само Словените, вели тој со нескриена гордост, успаеле да го освојат и разрушат вечниот град, Рим. За пример, само да се види дека Џинот имал од каде да се поучи, ќе ја спомнеме овде етимологијата што ја приведува српскиот историчар од XVIII век, Јован Раиќ, а со која се докажува словенската припадност на Печенезите. Имено, тие луѓе биле сточари, овчари, па кога ќе им застудело, валеле оган и ќе се навртеле околу него да ги печат нозете. Доказот се сметал за уверлив.
Ретко има историско дело, иако поставено на вакви кревки научни нозе, што извршило толку големо влијание врз формирањето на историската самосвест кај Словените, како што е тоа случај со историјата на Мавро Орбин. За нејзината популарност многу придонесува руското издание од 1722 г. Кога во XVIII век се зародува националната идеја и кај одделните јужнословенски народи, историографската задача се состоела во тоа, на својот сопствен народ да му се препише во што поголема мера она што Орбин го величеше како сесловенска слава. Типичен пример за тоа ни дава Паисиј Хилендарски со својата „Историја славено-болгарскаја”.
И во времето кога настапи Џинот [Јордан Хаџи Константинов, р. ? во Велес - у. 1882 г. во Велес], и во поголеми и далеку поразвиени средини, си уште имаше луѓе што, дури и кога се служеа со поусовршена научна техника, беа опфатени со силнината на митската мисла.” (Јордан Хаџи Константинов- Џинот. Избрани страници. Приредил Блаже Конески. Скопје 1987. 23-25)
Џинот
За илустрација на „силината на митската мисла” на Џинот, оценет од Б.Конески како „роден митоман”, приложувам два кратки цитати од неговите статии објавени во „Цариградски весник”.
Во бр. 211 од 05.02.1855 г., во стијата за Скопска Црна Гора, Џинот тврди:
„Село Бањани... Внатре во церквата са изображени цар Навуходоносор с гербо му в руце, цар Дарија и гербо му, цар Пор и гербо му, цар Александар Македонскиј и гербо негов нарицаемиј фаланга и клоб (чвор) Гордиев, и лев македонскиј.”
Во статијата „Статистичко описание. Споменик за села називаемии Мориево Прилепско”, напечатена во „Цариградски весник” бр. 458 од 21.11.1859 г. Џинот пишува:
„Мориевски христјане са от најстарија Болгаре кои дошле от неизвестни векове с име Пејани и Мирмидони. Плиниј и Стравон ги казува да се храбрејшиј род скитскиј кои всегда ходили на бој напред с Александар Велики.” (Ibid. 75 и 99)