Ново задолжување на државата за 250 милиони евра кај Deutsche bank

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Еве изјава од човек што му почитувам ставови :
“.....Задолжувањата можат да гасат мали пожари додека се враќаат стари долгови со нови заеми. Кога ќе престанат светските банки да им даваат заеми на тие што погрешно ги трошат парите, а тоа еден ден ќе се случи, сите огнови одеднаш пламнуваат. Е тоа веќе не се гаси со ништо. Се вика банкрот. Тогаш не прашуваат дали сте високо или нискозадолжена земја, дали ви е голем или мал јавниот долг. Прашуваат кога ќе ги вратите парите и каматите. Ако не се враќаат, се прогласува фалименто. Имотот се продава на лицитација како и секоја хипотека....“
--- надополнето: 29 декември 2012 во 09:03 ---
И друго :

Во Македонија имаме голем проблем. Земјата е инфицирана, стана зависник од задолжувања. Во последните три и пол години јавниот долг кон странство е зголемен за 90 проценти, речиси дуплиран.

Многу често власта истакнува дека нема потреба од загриженост затоа што Македонија била многу помалку задолжена од некои други земји. Тоа оправдување не држи од најмалку три причини.
Прво, тоа што некоја друга земја е позадолжена од нас не ни го решава нам проблемот
Второ, треба да се види зошто се позадолжени другите земји. Можеби се задолжиле за капитални инвестиции, па направиле автопатишта, атомски централи, си ги решиле клучните инфраструктурни потреби.
Трето, причината за загриженост на граѓаните е уште поголема, бидејќи не знаеме колкави се точно долговите, затоа што имаме работа со власт што ги крие долговите.
 
M

Mussolini

Гостин
абе човеци, шо сите сте почнале да квичате заеми ке сме земале од таа банка... најубаво ке е сега как сега сите да почнеме да им ја пееме данке данке дојчланд и шо знаеш, може ке простат дел од долгот шо ке го имаме кон нив... :pipi:
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
ТАКА Е БРАТЧЕ, КОА ЌЕ ДОЈДЕ БРАНКО ОН ЌЕ НЕ ОПРАИ !!
Пред 10 години, сите околу мене со приватен бизнис размислувавме дека каде и да е, ќе влеземе во Европска Унија и Нато.
Денес сите околу мене со приватен бизнис размислуваат да затворат и да си одат од државата. Пола мои пријатели за жал го направија второто.

Македонија е 3 најмалку задолжена земја во Европа.
Тоа се твои и мои пари што треба да ги враќаме. Оправдувањето не ти е на место, туку треба да почнеш да прашуваш 'Кои се економските ефекти од ова задолжување?'
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Сите пишуваат кога владата се задолжува ама веќе ако толку сакате да известувате за финансиските трансакции што го прави министерството за финансии ферски е да отварате теми и каде што по 50 по 100 по 150 милиони евра итн владата враќа долг кон некого вака се добива слика дека само пари владата позајмува и нигде не враќа пари што е погрешна слика. Друго може да јадете бурек до сабаље но кога некој во време на криза кога успеал да договори да ни дадат исклучително поволен кредит и ќе ви дадат кредит со грејс период од 5 години и кога светска банка дава Гаранција и каматната стапка ќе биде со 3,9% во услови на криза и кога македонската економија како и секоја европска економија има потреба од свежи пари е повеќе од одлична работа. 25 милиони евра ,250 милиони евра ,2 500 000 евра како бројка не значи многу зошто е апсолутна бројка, може 25 милиојни евра да е премногу може и и 2 500 000 да се малку. Сегде кога се гледа јавен долг се гледа како % од БДП значи во релативни вредности не апсолутни. Ај да видиме како стоиме на тој план 2005 година последна година кога цела година владејат плаво жолитите , јавниот долг на Македонија 2005 е 38,4% , кога дојдоа црвено жолтите летото 2006 година направија даночни реформи каде што се намалија даноците и се воведе рамен данок, што овозможи 2007 година македонија да го има најголемиот раст на БДП од независноста па до ден денес 6,1% беше растот на БДП 2007 година, следната 2008 година следната 2008 година 5%раст на бдп( да не ја поткачи светската економска криза четрвтиот квартал растот на БДП ќе беше пак над 6%), владата заради зголемениот БДП имаше вишок пари, и реши да се раздолжи кон ММФ,Светска Банка, Лондонски клуб итн, 2007 година јавниот долг беше 24% а 2008 година јавниот долг беше 20,6%. Значи оваа влада јавниот долг од 2005 година што беше 38,4% го намали на 20,6 % 2008 година. Ама во 2005 не читав теми отворени на форуми како ќе пропаѓаме како сме високо задолжени од кај ќе ги враќаме тие пари итн. Денеска јавниот долг на Македонина е (31,10 2012) е 30,6%. Со голема разлика од 2001-2007 беа златни години на светската економија а во тие моменти односно 2005 година 38,4% стига јавниот долг а сега во кризни времиња паѓа јавниот долг на 30,6%. Оваа влада покажа дека може да создаде услови за високи растови на БДП при нормални економски текови во светот, и дека знае кога добро и иде да враќа кредити што други гарнитури ги земале. За разлика од плаво жолтата тајфа кој не искористија 2002-2005 да направат поголем раст на БДП во услови кога соседството па и цела источна Европа над 5-6% раст на БДП имаа тие години и имаа суфуцити во буџетите не знаеја што да прават со парите во тие години односно Македонија имаше јавен долг 38,4%. Значи ем се задолжуваа ем немаше никаков раст на БДП и тоа во златни години на светската економија. Е тоа е тоа што ММФ,Светска Банка го гледааат во Македонија, и затоа имаат доверба во Македонската економија и Макроекономската стабилност. Сите релеватни институции гледат % релативни бројки , се друго полуписмено и спинерско гледа апсолутни бројки и им придава поголемо значење од релативните бројки.
А еве за економските:drk: линкови со официјални податоци нека продолжат да :гомце:.
http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Што толку се потресувате за нов кредит, мене баш ми е ќеиф. Кога тогаш ќе дојде банкротот, а бидејќи скоро се ни е распродадено, па овој банкрот ќе придонесе да се намали администрацијата, бидејќи секое теле не е за на државно, ќе се вратат луѓето да живеат во селата, бидејќи ќе поминат ефтино, цената на становите ќе почне да паѓа, ќе има инфлација ќе биде багатела. Затоа додека е со време, на запад, заработите некое евро повеќе и кога ќе дојде банкротот, купувајте ефтини македонски производи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Во 2006 година јавниот долг изнесувал 24.3 % од БДП или 1,27 милијарди евра.

Сегашниот јавен долг е 2,42 милијарди евра, односно 30,6 % од БДП.

Со ова темпо од 200-300 милиони нови задолжувања секоја година, за 5 години ќе станат 4 милијарди евра долг
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Во 2006 година јавниот долг изнесувал 24.3 % од БДП или 1,27 милијарди евра.

Сегашниот јавен долг е 2,42 милијарди евра, односно 30,6 % од БДП.

Со ова темпо од 200-300 милиони нови задолжувања секоја година, за 5 години ќе станат 4 милијарди евра долг
Со истото темпо на раст на бдп од 0%, не е на арно. Иако викаа дека 2012та ќе биде најлоша година, не гледам голем оптимизам за 2013та...

Патем според бруто долг/бдп сме високо задолжена земја, мора со болд зашто некој слабо гледа...

Океј е да се задолжуваш, али да се задолжуваш за паметни работи. Тоа сите го збориме, само некој тоа нејќе да го прочита и разбере.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Што толку се потресувате за нов кредит, мене баш ми е ќеиф. Кога тогаш ќе дојде банкротот, а бидејќи скоро се ни е распродадено, па овој банкрот ќе придонесе да се намали администрацијата, бидејќи секое теле не е за на државно, ќе се вратат луѓето да живеат во селата, бидејќи ќе поминат ефтино, цената на становите ќе почне да паѓа, ќе има инфлација ќе биде багатела. Затоа додека е со време, на запад, заработите некое евро повеќе и кога ќе дојде банкротот, купувајте ефтини македонски производи.
Џабе објаснуваш друже, има еден куп неписмена раја што мисли дека парите паѓаат од небо и дека господ ќе ги врати.
А ако погледнеме кај Гејците, господ враќа со ДДВ 25%, данок на све и свашта, намалени плати и пензии, масовни отпуштања.
 
R

Randy

Гостин
Едно стручно прашање кога сме веќе кај долговите.
Ако на една држава и текне да не врати кредит. Што се случува тогаш?
Ок банкрот, пад на бдп, невработенст итн, но ако може малку подетален одговор.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
зар стварно се надевате дека парите ќе се потрошат на соодветен начин???
разбудете се веќе еднаш и помислете што ќе има на пролет???
ИЗБОРИ
е па едно 100 милиони евра ќе одат на изборите а со другите ќе се изгради уште некој споменик и 5-10 тениски игралишта
п.с. истото сценарио беше пред само 2 години кога се зема кредит непосредно пред избори и парите беа потрошени на избори и небитни работи
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Во 2006 година јавниот долг изнесувал 24.3 % од БДП или 1,27 милијарди евра.

Сегашниот јавен долг е 2,42 милијарди евра, односно 30,6 % од БДП.

Со ова темпо од 200-300 милиони нови задолжувања секоја година, за 5 години ќе станат 4 милијарди евра долг
Леле лажење:pos: Од кај ги измисли борјките кога 2006 година 32% е јавниот долг или 1,6 милијарди. Ама за вториот податок точен ти е дека е 30,6% јавен долг или 2,4 милијарди оваа година. Леле спинување:pos: Ај иди спремај се ќе закасниш во 12 саат е протестот.
http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Значи да запнеја политичариве од 2006 до сега ќе имавме атомска централа за струја и ќе бевме први извезувачи на балканов!

Од се што изградила оваа влада не се согласувам само за спомениците. Ајде Александар, Гоце, Питу и зградите што ги дигнаа се сложувам, ни требаше такво нешто уште од поодамна!

Ама се фрлија над 200 милиони евра на брези, лавови и слични тракатанци! Со тие пари можеше да се изгради автопат Кичево - Охрид!!!
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Сега ќе свират казни насекаде , некој овој кредит мора да го врати , па згора на тоа и некој нов закон ќе донесат да се пише уште некоја казна плус .
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Леле лажење:pos: Од кај ги измисли борјките кога 2006 година 32% е јавниот долг или 1,6 милијарди. Ама за вториот податок точен ти е дека е 30,6% јавен долг или 2,4 милијарди оваа година. Леле спинување:pos: Ај иди спремај се ќе закасниш во 12 саат е протестот.
http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf
Ах бе Лион, поим си немаш :)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ах бе Лион, поим си немаш :)
Јак штос не може со аргументии факти да врати зошто се на моја страна за овој пост и претхододниот пост и ми кажува поим дека немам .На Бранчез требаше да му го пишеш коментаров а може и за тебе да си го посветиш:) Зошто му пропадна спинот и лаже како циган а ти изгледа си му асистент и го подржуваш во тоа:) Ајде опрвдај ми го со докази лажењето на Бранчез дека 2006 година јавниот долг е 24,3% од БДП или 1,27 милијарди. Ајде да видиме ти колку поим имаш:) Јас кажав колку е 2006 година 32% е јавниот долг или 1,6 милијарди. .За разлика од мене еве го постот на Бранчез​
Во 2006 година јавниот долг изнесувал 24.3 % од БДП или 1,27 милијарди евра.

Сегашниот јавен долг е 2,42 милијарди евра, односно 30,6 % од БДП.

Со ова темпо од 200-300 милиони нови задолжувања секоја година, за 5 години ќе станат 4 милијарди евра долг
А еве и официјални податоци http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf Сега кој нема поим ти и Бранчез или јас:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom