- Член од
- 5 ноември 2012
- Мислења
- 2.618
- Поени од реакции
- 5.898
Еве изјава од човек што му почитувам ставови :
“.....Задолжувањата можат да гасат мали пожари додека се враќаат стари долгови со нови заеми. Кога ќе престанат светските банки да им даваат заеми на тие што погрешно ги трошат парите, а тоа еден ден ќе се случи, сите огнови одеднаш пламнуваат. Е тоа веќе не се гаси со ништо. Се вика банкрот. Тогаш не прашуваат дали сте високо или нискозадолжена земја, дали ви е голем или мал јавниот долг. Прашуваат кога ќе ги вратите парите и каматите. Ако не се враќаат, се прогласува фалименто. Имотот се продава на лицитација како и секоја хипотека....“
--- надополнето: 29 декември 2012 во 09:03 ---
И друго :
Во Македонија имаме голем проблем. Земјата е инфицирана, стана зависник од задолжувања. Во последните три и пол години јавниот долг кон странство е зголемен за 90 проценти, речиси дуплиран.
Многу често власта истакнува дека нема потреба од загриженост затоа што Македонија била многу помалку задолжена од некои други земји. Тоа оправдување не држи од најмалку три причини.
Прво, тоа што некоја друга земја е позадолжена од нас не ни го решава нам проблемот
Второ, треба да се види зошто се позадолжени другите земји. Можеби се задолжиле за капитални инвестиции, па направиле автопатишта, атомски централи, си ги решиле клучните инфраструктурни потреби.
Трето, причината за загриженост на граѓаните е уште поголема, бидејќи не знаеме колкави се точно долговите, затоа што имаме работа со власт што ги крие долговите.