Сите пишуваат кога владата се задолжува ама веќе ако толку сакате да известувате за финансиските трансакции што го прави министерството за финансии ферски е да отварате теми и каде што по 50 по 100 по 150 милиони евра итн владата враќа долг кон некого вака се добива слика дека само пари владата позајмува и нигде не враќа пари што е погрешна слика. Друго може да јадете бурек до сабаље но кога некој во време на криза кога успеал да договори да ни дадат исклучително поволен кредит и ќе ви дадат кредит со грејс период од 5 години и кога светска банка дава Гаранција и каматната стапка ќе биде со 3,9% во услови на криза и кога македонската економија како и секоја европска економија има потреба од свежи пари е повеќе од одлична работа. 25 милиони евра ,250 милиони евра ,2 500 000 евра како бројка не значи многу зошто е апсолутна бројка, може 25 милиојни евра да е премногу може и и 2 500 000 да се малку. Сегде кога се гледа јавен долг се гледа како % од БДП значи во релативни вредности не апсолутни. Ај да видиме како стоиме на тој план 2005 година последна година кога цела година владејат плаво жолитите , јавниот долг на Македонија
2005 е
38,4% , кога дојдоа црвено жолтите летото 2006 година направија даночни реформи каде што се намалија даноците и се воведе рамен данок, што овозможи 2007 година македонија да го има најголемиот раст на БДП од независноста па до ден денес
6,1% беше растот на БДП 2007 година, следната 2008 година следната
2008 година 5%раст на бдп( да не ја поткачи светската економска криза четрвтиот квартал растот на БДП ќе беше пак над 6%), владата заради зголемениот БДП имаше вишок пари, и реши да се раздолжи кон ММФ,Светска Банка, Лондонски клуб итн,
2007 година јавниот долг беше 24% а 2008 година јавниот долг беше 20,6%. Значи оваа влада јавниот долг од 2005 година што беше 38,4% го намали на 20,6 % 2008 година. Ама во 2005 не читав теми отворени на форуми како ќе пропаѓаме како сме високо задолжени од кај ќе ги враќаме тие пари итн. Денеска јавниот долг на Македонина е (31,10 2012) е
30,6%. Со голема разлика од 2001-2007 беа златни години на светската економија а во тие моменти односно 2005 година
38,4% стига јавниот долг а сега во кризни времиња паѓа јавниот долг на
30,6%. Оваа влада покажа дека може да создаде услови за високи растови на БДП при нормални економски текови во светот, и дека знае кога добро и иде да враќа кредити што други гарнитури ги земале. За разлика од плаво жолтата тајфа кој не искористија 2002-2005 да направат поголем раст на БДП во услови кога соседството па и цела источна Европа над 5-6% раст на БДП имаа тие години и имаа суфуцити во буџетите не знаеја што да прават со парите во тие години односно Македонија имаше јавен долг
38,4%. Значи ем се задолжуваа ем немаше никаков раст на БДП и тоа во златни години на светската економија. Е тоа е тоа што ММФ,Светска Банка го гледааат во Македонија, и затоа имаат доверба во Македонската економија и Макроекономската стабилност. Сите релеватни институции гледат % релативни бројки , се друго полуписмено и спинерско гледа апсолутни бројки и им придава поголемо значење од релативните бројки.
А еве за економските
линкови со официјални податоци нека продолжат да
.
http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
http://www.finance.gov.mk/files/u4/jba_na_dolg_na_centralna_vlada_31_10_2012_MK.pdf