Новости во науката/технологијата

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Теоретски, и од технички аспект, фосилните горива можеа да бидат сменети уште пред пар децении (и порано).
Практично, и од геополитички аспект, тоа нема да се случи во догледно време - ако воопшто за време на нашиве животи. Се разбира, освен ако не најдат концепт на нефосилно гориво, во ограничени количини, и на локации кои ќе можат да ги контролираат и манипулираат.
Знаев дека ќе те уловам со темава. <3
Инаку се слагам, и веројатно е таа нова енергетска револуција да биде фузијата која што дефинитивно ќе ги исполнува сите услови.
Кинески научници баш пред месец два изјавија дека успеале да одржат плазма на 49.99 милиони степени подолго од минута, подолго од било кога досега. Згора тоа најавија дека би ја развивале техниката во наредните неколку години како би успеале десеткратно да ја продолжат таа минута.
Е сега, кога ќе почне глобална комерцијализација на оваа технологија, не знам.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Мичио Каку вели дека би требало во следниве 20 години фузијата да стане реална алтернатива за енергетски ресурс. Но јас сум скептик за остварливоста на тоа, и повторно - не од технички причини. :(

Кинески научници баш пред месец два изјавија дека успеале да одржат плазма на 49.99 милиони степени подолго од минута, подолго од било кога досега.
Има и други такви експерименти, проблемот е во тоа што во сите обиди досега, трошат повеќе енергија отколку што добиваат...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Мичио Каку вели дека би требало во следниве 20 години фузијата да стане реална алтернатива за енергетски ресурс. Но јас сум скептик за остварливоста на тоа, и повторно - не од технички причини. :(

Има и други такви експерименти, проблемот е во тоа што во сите обиди досега, трошат повеќе енергија отколку што добиваат...
Јап, го знам ставот на Каку, и во книгата physics of the future баш нешто вакво спомна. Мислам дека е поголема веројатноста да се почне да се манипулира со други ресурси како вода, посебно во тој дел од светот. Баш пред недела-две имаше некое соопштение тука на science daily дека до 2050та година Азија веќе ќе се соочува со сериозен недостиг на вода.
Фузијата како опција ќе и биде од огромна корист на било која држава која има било какви намери да ја напушти планетава.

Дап, но сепак е реален напредок во развивањето на технологијата. Одржливоста на таа плазма е еден од факторите на нејзината исплатливост, паралелно развивање начини таа процедура енергетски да не кошта помалку.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Идиот на Социјализмот - Во Антарктика има повеќе резерви нафта /гориво него сите други центри во светот заедно. А се знае кој сега има присусво таму (иако официјално Антарктика е (или треба да биде) некој вид no-approach zone, освен ако не си научник или некоја документарка ако снимаш (и истото под строга супервизија).
 
Не е доволно. Ако си држава со сериозни планови да излезе од сончевиот систем, фосилно гориво едноставно не е доволно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Не е доволно. Ако си држава со сериозни планови да излезе од сончевиот систем, фосилно гориво едноставно не е доволно.
Точно. Но на (наша) жалост државите се управувани од елити кои примарно ги интересира контрола на популацијата и задржување на позицијата на моќ - не колонизација на нови светови.
Затоа фосилното гориво сеуште е примарен енергенс на оваа планета, и ќе остане примарен енергенс се додека на елитите им одговара така - или додека не се случи некое чудо (да бидат линчувани од робовите).
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Точно. Но на (наша) жалост државите се управувани од елити кои примарно ги интересира контрола на популацијата и задржување на позицијата на моќ - не колонизација на нови светови.
Затоа фосилното гориво сеуште е примарен енергенс на оваа планета, и ќе остане примарен енергенс се додека на елитите им одговара така - или додека не се случи некое чудо (да бидат линчувани од робовите).
Колонизација на нови светови е тесно поврзана со контрола на население, па и задржување на позиција на моќ. Така било и низ историјата, ја мислам дека баш тие луѓе први ќе се потепаат по ресурси низ галаксијата.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...ресурси по галаксијата??? хммммм вие изгледа не сте го згрешиле никот, млад господине... :):):)
Човечкиот род во број поголем од десет , не би можел ни до астероидниот појас , кој е зилион пати поголем ресурс на се' , да припири , а не пак да експлоатира галактички ресурси .
Нормално , освен во стрипови и соодветни филмчиња.... ;)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
...ресурси по галаксијата??? хммммм вие изгледа не сте го згрешиле никот, млад господине... :):):)
Човечкиот род во број поголем од десет , не би можел ни до астероидниот појас , кој е зилион пати поголем ресурс на се' , да припири , а не пак да експлоатира галактички ресурси .
Нормално , освен во стрипови и соодветни филмчиња.... ;)
Десет што?
 
...во какви единици се брои човечкиот род???:)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.481
Мичио Каку вели дека би требало во следниве 20 години фузијата да стане реална алтернатива за енергетски ресурс. Но јас сум скептик за остварливоста на тоа, и повторно - не од технички причини. :(

Има и други такви експерименти, проблемот е во тоа што во сите обиди досега, трошат повеќе енергија отколку што добиваат...
Имаат направено направа што произведува повеќе струја од што троши, меѓутоа трае неколку секунди. На направа од ист тип се работи веќе 50 години и технологијата е развиена од Советскиот сојуз,така да 20 години е премногу надежно.
И причината поради која фосилните горива се користат повеќе е економска и техничка(овие две работи во енергетиката се секогаш поврзани). Додека има фосилни горива,никоја будала нема да сака да плати 10 пати поскапа струја во име на екологија.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
...ресурси по галаксијата??? хммммм вие изгледа не сте го згрешиле никот, млад господине... :):):)
Човечкиот род во број поголем од десет , не би можел ни до астероидниот појас , кој е зилион пати поголем ресурс на се' , да припири , а не пак да експлоатира галактички ресурси .
Нормално , освен во стрипови и соодветни филмчиња.... ;)

...во какви единици се брои човечкиот род???:)
Астероидниот појас не е баш "поголем ресурс за се'". Не знам што се запали за терминот "галактички ресурси" кога е во право. Да, од негде мора да се почне, па еве имаме приватни компании кои планираат астероидно рударење како и во тек е проект за колонизација на Марс. Таман ќе биде се поставено уште пред да стигнеме до тие 10. Ќе чекавме многу ако исклучиво беше одлука на владите од светот, со државни пари се тоа да се финансира. Вака ете приватни компании ќе бидат новите пионери во all things space related. Било тоа добро или лошо за човеквата раса на подолг план.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
...ресурси по галаксијата???
Човечкиот род во број поголем од десет , не би можел ни до астероидниот појас , кој е зилион пати поголем ресурс на се' , да припири , а не пак да експлоатира галактички ресурси .
Нормално , освен во стрипови и соодветни филмчиња.... ;)
Грешка бачка, експлатација на вонтерестријални ресурси е релативно блиска иднина. Кога велам блиска, мислам на овој век.
Можеби дури и за време на нашите животи.

Само во еден М-тип на астероид може да има и до 1.5 пати повеќе метали од групата на платина, одколку сите познати резерви на планетава. Тоа е пошто тие метали како потешки се концентрирани во јадрото на планетава, постоечките рудници се или од метеорско потекло, или од поранешни ерупции на лава.

Во врска со 10-те луѓе(??), идните вселенски рударски мисии секако ќе бидат извршувани од роботи.

Нејсе. Читни го ова:
http://www.planetaryresources.com/asteroids

Погледај го ова:

Имаат направено направа што произведува повеќе струја од што троши, меѓутоа трае неколку секунди. На направа од ист тип се работи веќе 50 години и технологијата е развиена од Советскиот сојуз,така да 20 години е премногу надежно.
Ќе видиме.
Секогаш можеме да се надеваме, освен тоа ни јас, ни ти, не сме научници. Мичио Каку е, и ако тој вели „во следниве 20 години“, тоа за мене е доволно добро! :)

причината поради која фосилните горива се користат повеќе е економска и техничка... Додека има фосилни горива,никоја будала нема да сака да плати 10 пати поскапа струја во име на екологија.
Не ги заборавај и геострашките причини. Затоа што контролата на економските ресурси, од кои енергетските се најважни, значи моќ и влијание и контрола врз популацијата.

Фосилните горива се полесни за контролирање... Од да кажеме, водата. Затоа што вода има во изобилство (не, не мислам на чиста вода за пиење, туку на било каков H2O).
Ако измислат мотор што ќе работи на вода, како ќе наплаќаат за тоа? ;)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Грешка бачка, експлатација на вонтерестријални ресурси е релативно блиска иднина. Кога велам блиска, мислам на овој век.
Можеби дури и за време на нашите животи.

Само во еден М-тип на астероид може да има и до 1.5 пати повеќе метали од групата на платина, одколку сите познати резерви на планетава. Тоа е пошто тие метали како потешки се концентрирани во јадрото на планетава, постоечките рудници се или од метеорско потекло, или од поранешни ерупции на лава.

Во врска со 10-те луѓе(??), идните вселенски рударски мисии секако ќе бидат извршувани од роботи.

Нејсе. Читни го ова:
http://www.planetaryresources.com/asteroids

Погледај го ова:

Ќе видиме.
Секогаш можеме да се надеваме, освен тоа ни јас, ни ти, не сме научници. Мичио Каку е, и ако тој вели „во следниве 20 години“, тоа за мене е доволно добро! :)

Не ги заборавај и геострашките причини. Затоа што контролата на економските ресурси, од кои енергетските се најважни, значи моќ и влијание и контрола врз популацијата.

Фосилните горива се полесни за контролирање... Од да кажеме, водата. Затоа што вода има во изобилство (не, не мислам на чиста вода за пиење, туку на било каков H2O).
Ако измислат мотор што ќе работи на вода, како ќе наплаќаат за тоа? ;)
....можда сум грешка бачка, но јас вакви стрипови и цртани филмови гледам одамнааа пред ти да се родиш. Искуството и сознанијата од последнава деценија-две ме учат дека од тие фантазии нема ништо, лук и вода.....Затоа битна работа која секој мора доообро да ја запамти е : планетата Земја е единствениот свет кој го имаме и треба максимално умно да го користиме, ако сакаме малку подолго да го користиме....:sneaky:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Баче, немаш ти појма колку години имам јас. Може се 10, може се 100... Што е тоа важно, и која е потребата сеа од патронизирање?

планетата Земја е единствениот свет кој го имаме и треба максимално умно да го користиме, ако сакаме малку подолго да го користиме....:sneaky:
Апсолутно.
Но, ова нема баш врска со мојот муабет погоре. Никаде не реков: „Еј, ај пошто сеа можеме астероиди да експлатираме - да и ибеме матер на планетава!“

Мислам, погледај ми го аватарот и кажи ми кој од нас двајца го одбележува денов? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom