Невронаучниците буквално
го менуваат начинот на кој размислуваме
Научниците од универзитетот Бар-Илан се првите прикажале како надворешен стимул од слаб електрицитет може буквално да го смени начинот на кој размислуваме, со тоа што се произведуваат мерливи зголемувања на мерата во која мечтаеме односно мерата во која се случуваат спонтани мисли коишто се интроспектни и асоцијациите кои се формираат. По пат, направено е и друго изненадувачко откритие:
Додека мечтаеме што може да биде механизам за оттргнување од здодевните обврски, овие мисли имаат позитивен, симултан ефект врз ефикасноста со која се извршуваат обврските.
Овој експеримент е спроведен во лабораториите на универзитетот за когнитивна невронаука Бар-Илан, а надгледуван од професор Моше Бар и специјалисти од Гонда универзитетот за мултидисциплинарни истражувања на мозокот.
Што е тоа што го предизвизвикува мозокот
да мечтае и да се запрашува?
Додека ова е далеку од манипулацијата на сонот во филмот „Инсепшн“, истражувањево покажува дека генеричен екстерен стимул, неповрзан со сензорната перцепција, може да предизвика специфичен вид на мисловна активност.
Во експериментот кој бил дизајниран и спроведен од истражувачот д-р. Вадим Акселрод, учесниците биле третирани со транскранијална директна стимулација со електричен полнеж (TDCS (transcranial direct current stimulation), неинванзивна и безболна процедура во која се користи невростимулација со мала ампеража/волтажа за стимулирање на одредени регии во мозокот.
За време на третманот, од учесниците се барало да лоцираат и да одговараат на одредени бројки кои биле прикажувани на компјутерски екран. На одредени временски интервали, од нив се барало да проценат на скала од 1 до 4, колку често им надоаѓале спонтани мисли кои не биле поврзани со задачата која им била дадена.
Поврзаноста помеѓу мозокот и мечтаењето
Според професор Бар, специфичната регија во мозокот која била стимулирана, не била случајно избрана. „Ги сосредоточивме електричните импулси кон фронталната кора од мозокот бидејќи е најдена поврзаност помеѓу оваа регија и мечтаењето, но исто така бидејќи истата е централна точка на мрежата за контрола врз извршувањето на обврски, поврзана со способноста да се организираме и да ја планираме иднината, а Бар напоменува дека тој се сомневал дека постои поврзаност помеѓу овие две „активности“.
Како референца за споредување и воедно во различни експерименти, истражувачите ја користеле електричната стимулација за стимулирање на окципиталната регија, центарот за визуелно процесирање во задниот дел од мозокот. Тие исто така извршиле контролни експерименти во кои не била користена електрична стимулација.
Учесниците во експериментот, не забележале променет интензитет на мечтаење во случајот кајшто окципиталната кора била стимулирана, но интензитетот на мечтаење бил зголемен кога стимулацијата била извршена врз фронталната кора.
„Нашите резултати одат уште подлабоко од тоа што било постигнато со помош на функционална магнетна резонанца пред експериментов ,“ кажува Бар.
„Со експериментов, покажано е дека фронталниот дел од мозокот игра каузална улога во однесувањето поврзано со мечтаење.“
Подобрен „мисловен капацитет“ на умот кој мечтае
Оваа студија покажала како зголемувањето на мечтаењето кое е предизвикано од надворешна стимулација, не само што не ја попречува способноста на субјектите да успеат во постигнување на одредена цел, туку и помага. Бар верува дека овој изненадувачки резултат може да постои поради конвергенцијата на два механизма за „контрола на мисли“ и извршување на одредена функција и механизмите за активирање на спонтани интроспективни процеси на мечтаење, а се наоѓаат во истата регија на мозокот.
„Низ последниве 15 или 20 години, научниците покажаа дека за разлика од локализираната нервна активност која е поврзана со одредени активности, мечтаењето вклучува активирање на огромна мрежа која вклучува повеќе делови од мозокот. Оваа вклученост на повеќе делови од мозокот можеби е поврзана со бихевијорални (суров превод: однесување/активност) исходи како креативност и расположение, а исто така може да играат улога во способноста за вршење на обврски додека умот оди по неговиот весел ментален пат.“
Иако се претпоставува дека луѓето имаат ограничен мисловен капацитет за обрнување на внимание, Бар тврди дека оваа студија покажува дека вистината е покомплицирана.
„Интересно, додека нашата студија за екстерна стимулација ја зголеми инцидентноста на мечтаењето, наместо да ја намали способноста за извршување на обврска кај субјектите, таа предизвика подобрување на перформансот во извршување на обврски.
Надворешната електрична стимулација всушност го подобри капацитетот за мислење.“
Кон помалку мистериозен ум
Според Бар, во блиска иднина, тој е заинтересиран за испитување на тоа како надворешната електрична стимулација може да влијае на мисловните активности како активноста за фокусирање или паралелно извршување на повеќе активности (multitasking). Додека било каква терапевтска апликација на функционалната електрична стимулација во овој контекст (истата се користи за други терапии кои се потврдени) е шпекулативна, тој верува дека може да им помогне на невронаучниците да го разберат однесувањето на луѓето кои страдаат од мала или абнормална нервна активност.
Во меѓувреме, тимот на Бар во Лабораторијата за когнитивна невронаука е задоволен поради фактот дека со нивната работа, мечтаењето како една од најприсутните внатрешни мисловни функции, го направиле помалку мистериозно.