Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Знаев дека ќе те уловам со темава. <3Теоретски, и од технички аспект, фосилните горива можеа да бидат сменети уште пред пар децении (и порано).
Практично, и од геополитички аспект, тоа нема да се случи во догледно време - ако воопшто за време на нашиве животи. Се разбира, освен ако не најдат концепт на нефосилно гориво, во ограничени количини, и на локации кои ќе можат да ги контролираат и манипулираат.
Инаку се слагам, и веројатно е таа нова енергетска револуција да биде фузијата која што дефинитивно ќе ги исполнува сите услови.
Кинески научници баш пред месец два изјавија дека успеале да одржат плазма на 49.99 милиони степени подолго од минута, подолго од било кога досега. Згора тоа најавија дека би ја развивале техниката во наредните неколку години како би успеале десеткратно да ја продолжат таа минута.
Е сега, кога ќе почне глобална комерцијализација на оваа технологија, не знам.