bebush
Portable Heater
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 4.468
- Поени од реакции
- 5.166
2013-та беше превртлива и турбулентна за мене дефинитивно. Година во која искусив прекрасни но и горчливи моменти, се зацврстив и психички и физички. Многу пријателства избледнаа но сепак нови се појавија, некои од старите уште позацврстени, додека пак на други треба уште малку да се проработи.
Би го издвоила роденденот, потоа изненадниот повик за симултано преведување ( тогаш - без диплома), збогувањето со Сирсе, прекрасната прошетка низ Европа и конечно посетата на Италија поради која ми заиграа две-три солзи радосници на лице, дипломирав, свадбата на многу добра другарка, постигнувањето ( за мене) идеална физичка форма и тежина ( - 30+ кг ) .
Горчливите моменти исто така прошетаа низ мојот живот оваа година, најгорчливи беа оние поврзани со здравјето, пореметената хармонија во семејството ( која за жал се уште трае ) , додека горчливи но истовремено и поучни беа промашените зацапувања за кои изненадувачки брзо се освестував.
Во 2014 - та ќе се потрудам да започнам со постдипломски во Италија или да најдам работа ( надвор/тука ) , да се доквалификувам и да ги исполнам сите остали амбиции во врска со образование, да бидам помудра и да бидам уште поснаодлива под притисок, да останам фит, да бидам редовна на утакмици , да ја довршам "преобразбата" на мојава ми соба, да изгледам повеќе филмови од годинава ( зошто ги забаталив ептен ради серии), да прочитам повеќе книги, да доживеам уште поубави моменти со блиските со тоа што попаметно ќе го распределам времето за нив и она за мене. Сакам луѓето околу мене да се здрави, среќни, исполнети и задоволни од себе. Јас дополнително ќе ги бодрам и гушкам . Сакам и да се заљубам, во зрела, стабилна личност ( нормално чувствата да бидат обострани ) .
Сума сумарум, 2013-та беше океј, 2014-та надежно поубава ќе си ја направам .