Новогодишни одлуки '14 (New Year's Resolution 2014)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Оваа 2013 година беше одлична година на секое поле, за 2014 сакам да биде иста таква, не мора ни побра, само да не е полоша. На професионало поле не би можел повеќе, барем не засега, така да тоа може да биде како и досега- одлично. На љубовно поле, беше убаво, би сакал да биде и поубаво, ако може. Генерално би се задовилил со статус-кво во 2014 година, не барам нешто премногу.

Сепак би сакал, а и план ми е да патувам некаде, и да отидам на одмор оти оваа година од оправдани причини морав да се откажам од тоа.

Иако последниве две години посветив солидно време (колку што обврските ми дозволија) на физичкот изглед и кондиција, не сум целосно задоволен и сметам дека треба да си дадав волја за повеќе, знам дека има време, но проклетата мрза и ненаспаност ме убива у поим по ова прашање (освен за викенди).

И да, дај нека освои некој трофеј Арсенал, аман веќе!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Резиме за 2013:

- Се вработив и тоа во друг град, после 4 години барајќи работа.
- Бев прогласен за најнегативна личност за 2013 на форумов.
- Си купив куќа.
- Си заминав од Скопје.

Планови за 2014:

- Конечно да се одлучам што кола да си купам.
- Да бидам одбран за најпозитивна личност за 2014 година на форумов.
- Да си продолжам со врската која ја започнав во 2013.
- Да се вратам во Скопје бар на една недела.
- Стискам палци да ја покачат платата.
- На сите оние кои јадат го*на за мене да им ги затворам муцките.




:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
2013-та:
Прекрасен викенд во Белград во мај, се собравме друштво од Србија, Македонија, Босна и Хрватска на концерт на Балашевиќ на Калемегдан, еден од подобрите концерти на кои сум била, особено заради фактот што ми се исполни желбата да бидам на концерт на отворено додека истура дожд. Предобро беше. :)
На враќање од Белград, на македонска граница, паднав во автобусот додека се качував по скалите и си го исчашив рамото и потоа бев три недели во гипс. :pos:(сега е смешно, ама тогаш не ми беше со исчашено рамо да патувам до Скопје, додека автобусот ги погодуваше сите дупки и после у Градска болница чекав да ме снимаат, па да стават целосна анестезија, за да можат да ме наместат, пошто беше ептен лошо исчашена :icon_mrgr:). Потоа уште неколку недели следеше физикална терапија.
Во септември конечно магистрирав, после сите бирократски проблеми и одлично поминав, се надминав сама себе.:icon_mrgr:
Генерално тоа е она што се издвои годинава, со исклучок на неколку не баш убави моменти и некои убави моменти, али ништо посебно. Се надевам дека 2014 ќе биде подобра.

2014:
За годинава што следува, сакам да имам добро здравје, убави и позитивни моменти, да се смеам почесто, да запишам докторски студии и повеќе да патувам. И повеќе да се борам за себе. Немам некои поконкретни желби, ниту некои очекувања. Навистина, се што сакам за наредната година е сумирано во реченицата погоре. :)
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
2013 Покатастрофа година не сум имал во животот и се надевам дека нема да се повтори
- здравје-моето како и досега беше одлично али ...
- образование-дипломирав, добив звање инженер и воедно се запишав на мастер со надеж за 2 години да сум магистер
- работа/кариера-оваа година одработив летото колку за двајца, последните 2 и пол месеци не работев речиси ништо.
- љубов- тапа на ова поле, незнам каде грешам али на ова поле епик фејл сум моментално
- остварени планови, започнати нови-сите планови пропаднаа, сега со надеж за нови, додуша ете стигнав до ниво во бодибилдингот кое го посакував пред 2 години, али моментално сум сеуште незадоволен
- губиток/ добивка- изгубив нешто највредно, не успеав да го спасам и нема враќање назад
- нови пријатели/ губење на стари- Последнава година запознав доста луѓе со некои од нив станав и доста близок, а од старите пријателства некои си останаа и дури станаа уште поголеми, а еден дел испарија кога ми беа најпотребни, со нив е завршена приказна.
- финансии е тука незадоволство, за разлика од минатата година не ни споредувам оти ќе треба да почнам лексилиуми да користам, али ајде и ова што го имам сум задоволен бидејќи некој нема ни толку така да со надеж наредната да е подобро.


Планови за 2014
- каде сакам да бидам - хм ова е нешто што незнам ни самиот, посакувам отсекогаш да можам да заминам далеку од тука, затоа почнав поактивно да го учам германскиот и се надевам дека некогаш ќе имам прилика да отидам во земјата која ја посакувам одамна, земјата во која мислам дека ќе успеам да постигнам повеќе во однос на било која друга....
- што сакам да направам- па сакам да направам многу работи, пред се нешто корисно, сакав да отворам оваа година нешто што е сосема различно од струката, али она што моментално го работам од срце, нажалост живеам во мкд каде некои работи едноставно неможе да се започнат ако не си со врзан со одредени луѓе. Ете нешто што сакам да го направам во брзо време е да научам snowboarding.
- работа/кариера-со работа јануари или најкасно февруари да почнам да работам по струката
- што сакам да изменам- многу работи се за промена веќе ни самиот незнам од каде да почнам/
- што сакам да добијам- хахах еден стан со фискалниве, ако уште немам испратено :D, си порачав од дедо мраз нешто што го посакувам да го добијам, дали ќе ми го донесе за новава ќе видиме ;)
- на што да поработам- нешто за кое се замарав изминатава година, сфатив пред 2 дена дека сеуште не е доволно, се надевам дека ќе стигнам до 8% телесни масти до крајот на оваа и 74кг на таа форма по природен пат, знам дека ќе биде тешко али ако се вработам според плановите ќе има доволно пари за храна :) ако не.....
- што да оставам- немам ниту еден порок така да нема нешто посебно да се остава :)
Се надевам дека во новата ќе биде многу подобро, се надевам дека ќе се променат многу работи, малку повеќе љубов, здравјете само да ме служи и мене и блиските па за другиве работи што би рекле старите „полека подалеку“.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Година на празните одови, на неисполнетите резолуции, нешто по своја но најмногу по туѓа кривица. Не би рекол дека годинава е баш баксузна, повеќе би као нешто недореализирано, недозавршено, недоквакано. Јануари лежерен после првото туце родендени следеше работа во канцеларија до крај на мај. Во тоа време запознавав еден т.н. свет на испланирано трошење на времето, кога да се запре, кога да се забега. Во мај по исплатата на 4 месечнината, (парите се одлична мотивација, макар се работело за џепарлак), дојде до превирање во редовите на прагматичноста. Лежерноста си зеде голем удел, како и фактот дека летото беше на самиот праг. Почетокот вежбање демек теретана, некои фикс идеи на правилна симетрија. Се знаеше ништо од тоа. Лето ко лето на одмори, требаше да се изреализира по сите правила и прописи, но останаа некои бедни 30% неправилно потрошено време. Неправилно, подразбирам на седење дома и неправење ама апсолутно ништо. Крајот на летото, како и да е, беше поинтересен. Големата мрза на крај си го зеде данокот и ми го наруши здравјето до степен на фобични мисли дали утре ќе ме биде или не. Септември влегување под режим на исхрана и долгокилометражни прошетки. 2 месеци подоцна 30 кила ослабнат. А да, кулинарство и усовршување на одредени вештини посебно одделот манџи и грниња. Тоа е вака глобално за времето поминато во секојдневие.
Многу родендени, една прекрасна свадба. Една дипломска. Милион чувства и убави спомени, Споредбено со прошлата година, многу послабо прошетки, еднаш до Охрид и Велес, и стандард црногорско приморје. Требаше многу повеќе да се изреализираат, но пропаднаа плановите во пет до 12.
Социјален живот... Хмммм... Две ептен кратки врски од по месец дена. Позитивно изненадување и поддршка до и од личности кои стојам скоро секојдневно во контакт. А има и негативни изненадувања од други. Ништо ново овака, само станувам попрефинет во одделни сегменти кога бирам друштво. Посекако давам шанса за експонирање на квалитет.
Форумска ретроспектива: До јуни имав некоја лажна надеж дека можеби работите ќе се сменат тука. Нема некоја прогресија. Некаде септември - ноември зачестени собиранки кои беа најдоброто нешто што му се имаше десено на форумот во оваа година. Запознавање на старонови членови кои сеуште ги читам на форумов, без трошка двоумење. Некаде август/септември пауза од месец дена.
На другиот, некако порелаксирачки дискусии. Но и многу мртви периоди, каде апсолутно ништо не се случуваше.
За книги мислам дека кажав во темата за предизвици, но пак ќе кажам; доста плодна во поглед на разновидноста, погоденоста на одредени наслови. Сега при крајот немам никаква желба за читање.

Резолуциите за нареднава ми се скромни. Поучен од грешките на минатата каде работите тргнаа многу нагоре па ја направив најголемата грешка - посегнав по невозможното донесе и до вакви разочарувања. Не барам љубов. Барам работа. Пошо љубовта ќе се случи. Работата нема да ми зачука на врата и да ми побара неколку партии секс. Освен во не)здрава памет ако ништо не праам и после демек кукам немало ништо. Не дека нема. Но мислам дека оваа година премногу внимание положив кон погрешните цели. Значи работа (check). Ако ми се насмвне среќата и патешествија. Кога и да ми се пружи прилика. Годинава едното патешествие ми беше позитивно искуство запознавајќи една форумџика. Којзнае оваа година може и повеќе да запознам од листата.
Полека дистанцирање од виртуелноста воопшто. Викам тешко е, но како повеќе „стареам“ така повеќе ми се јавува анимозитет кон виртуелните познанства. Што да не би можеле истите да постанат и дружби во реалниот свет?
Книги - randomized. Која како ми падне во раце. Ќефски, никако со претензии. Можно следната да биде од Коељо. Или пак Селинџер. Зависи од расположение.
Истотака едно нешто заклучив а тоа е дека веќе неам живци за жива музика/концерти. Така да, тука ќе треба некој убедлив бенд да дое за да фатам нешто да ѕирнам/чујам.
Егзистенционализмот да не ми биде веќе водилка (и сеа не ми е баш) туку малку повеќе од хедонистички сфаќања да се зафатам да доработам оноа што го работев во овие 2 месеци. Или одржање, зависи.

Тоа е вака у глобала, па живи били па остали.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Новата 2014 имам три желби:

1. Да ја дочекам и Новата 2015.

( Имам 60 години, би сакал да дочекам и многу повеќе, затоа мојата прва желба е да продолжам да живеам )

2. Да го одбранам мојот дом од измамниците и крадците од Топлификација.

( Видовте дека највисоките истанци на јавната власт, застанаа на страната на Топлификација. Се „ помочаа “ на правната наука, само за да им овозможат богатење со мамење. Во летото 2012 бевме 16 000 искличени. Во меѓу време можеби половина потклекнаа и почнаа да им плаќаат на криминалците. Во наредниот период ќе продолжам да ги помагам сите кои се одлучни да се борат, а јас ќе се борам дури и да останам сосема осамен.)

3. Сакам да организирам референдум против зонско.

( Со зонско работава е „ симни се курта да се качи мурта “. Единствен начин да се спасиме од зонско е референдум. Тоа ќе биде можност да се запознаам со други луѓе, на кои им значат поимите Слобода и Човекови права )
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Само 2 желби за Новата 2014:

1. Не мора да ја дочекам 2015, објаснување дадено под (2)

2. Да бидам регрутиран од братот Смрт (овој форумскиот, не вистинската) во борба против топлификација, зонско, струја, вода и парно. Да основам своја радикална фракција во нашето движење која ќе се одметне во планина, и преку оружен отпор ќе ја скрши олигархијата и ќе ја запали топлификација, зонашите, ЕВН, водовод и канализација и останати колатерални жртви кои ќе се најдат на удар на нашиот гнев.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Пошо презирам астрологии, не го земам периодов за некаков си крај/почеток. Ама ај, да сумирам нешто, као викаат убаво било цел да си поставиш некаква - да не срљаш у празно. За реален почеток на годината обично си ја земам пролетта - подолг ден, поживи бои, понормално човечко дејствување, ова ноември-март е хибернација - не ми ни се праат планови кога ќе го видам ова апокалиптично сивило.

2013 - „дупе“ година по многу карактеристики. Тоа што ми најтапа од се' - работам, ама ич не сум задоволен од работата. Утупен сум во мизерен конформизам, имам пари за глупости, а не за основни работи. Од работното опкружување осеќам како мувлосувам и јас - бар е добро што сум свесен за тоа. Ај тој финансискиот дел што е тиња, туку и самите задачи се некреативни, мизерни, ретро.....катастрофа.
Сума сумарум - апатија тешка, непоправлива. Еве за нова година сум „возбуден“ као за лански бајрам, баш ме заболе кога е....

Што можеби погрешив? Многу се оддалечив од некои луѓе со кои многу време проаѓав и некако не ми фалат - знам дека не е човечки, другарски, ама очигледно штом дошло до „кантање“ на пријателство имало нешто труло...кога нема да се скараш со некого, а ќе престанеш да комуницираш е повеќе од јасно дека не бива пријателство. Тапа ми е шо и најблискиве пријатели ми се удавени во мизеријава и оваа и прошлата и тие години пред нејзе ни поминуваат претежно во жалење, пцуење и се' помалку сме насмеани, пијани и расположени - тоа мора да се опраи!

Наоѓам многу време за читање, цртање (што ми е работа), астрономија, фотографија - што би сакал да остане така...Не сменив работно место, тоа сакам да го напраам нареднава. Сакам повеќе време во нареднава да поминам во природа, да продолжам со спорт и физички активности као по старо.......и тоа што скоро сретнав една интересна личност, а не и посветив многу внимание - тоа сакам да го опраам, пошо и љубовно поле ми е љубовна пустина уствари, веќе подолго време...

Ако вие имате планови и желби, (не ви посакувам среќа, бог да ви помогне исл.), туку борете се да си ги остварите!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Очекувам да се подобри здравјето, да бидам што е можно подобра на работното место (што уште не сум го почнала), и да поминувам повеќе време во ситни задоволства со самата себе, у стилот на глеање лајт епизоди од Coupling/HIMYM, што повеќе читање стручна и обична литература, дремење, зјаење во празно, лежење и спиење.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Конечно да дипломирам, аман!
Сериозно да почнам да вежбам и да се вратам како што си бев со тежината.
Да си го оправам здравјево.
Да си најдам работа.
Да отидам во Исланд, макар на викенд.

Другото, ако ме бива, ќе си дојде само по себе. И најмногу за тоа мислам девојка, ми стана досадно сингл по 1 година, али не се брзам. :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Јас имам 4 по ред лоши години што тапа е да зборам нешто убаво за годинава што изминува (да, жива здрава сум и некои покрај мене уште се живи - здрави). Јас само сакам да сум среќна луѓе, ништо повеќе, да се смеам повеќе и да имам на што да се радувам. Изгледа кај мене важи она „Кога ти тргнало ти тргнало се`, а кога ти е лошо, се` ти иде у к...“. Кај мене е сеа ова второто, пошто првото помина, па сега чекам да се врати - можеби оваа година, којзнае...
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
ја сакам се- љубов (Работа) -пари авантура .... ама сега овие денови не ми се баш погодени ...ме фаќа мрза , инаку сум оптимист за се . Ако е загубена битката , војната не е ...Верувам во себе и во луѓето( кои заслужуваат , ама се повеке измамници има ) . Семејството и пријателите се најбитни за тоа ги ценам и почитувам...
Многу сакам сонце , да си вазам ролери ... и добра музика

;)(y) https://www.youtube.com/watch?v=IcrbM1l_BoI
 

Kajgana Shop

На врв Bottom