Новогодишна одлука '09 (New Year's Resolution)

Статус
Затворена за нови мислења.
D

Daftie

Гостин
- Ќе почнам да водам џрнал;
- Ќе продолжам (ама сега редовно) да водам дрим џрнал;
- Ќе ги симнам килата што ќе ги качам зимава;
- Ќе ставам пирс на јазик;
- Ќе се обидам да штедам пари;
- Летото нема да го поминам во безделничење.
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
[FONT=&quot]за 2008 немав никакви планови, така да задоволна сум од текот на целата година, секако со исклучоци кои ми оставија голема трага во животов, грешки од кои ќе учам понатаму (не беа толку мои грешки, колку што беа на другите, но и мене ми дојде памет од нив). Од тоа сватив дека добро беше од моја страна што не пребрзував створањето на мислење за одредени личности, што чекав да помине време, не избрзував.[/FONT][FONT=&quot]Фала им на тие што ми покажаа што е добро а што лошо (пријателство во случајов).[/FONT]
[FONT=&quot] Од убавите моменти морам да ја издвојам новогодишната забава, која беше почеток на нешто прекрасно, а и одморот кој мислам дека никогаш нема да го заборавам, ама никогаш!:) Исто така запознав и многу личности кои за кратко време ми станаа многу мили, овој пост не би бил реален доколку не ги спомнам и нив. Како во оваа година што набрзо ке измине, така и во нареднава 2009 најмногу ќе бидам фокусирана на училиштето, сватив дека со знаење секаде ќе се пробиеш, па ќе гледам да не заостанам на таа свера. Не посакувам ништо посебно за новава година, само работите да си течат по старо, евентуално кон подобро (кон полошо никако :))[/FONT]
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Продужуем со клаберај, малце факултет, и то. Битно нема да глеам телевизија 5 дена пред и едно 10 дена после нова година пошо у тој период секој малер се кочопери по емисии и посакува кј здравје,кој пари, кој среќа и љубов...
Прошлава година направивив некои непромислени работи, ама уреду е, нормално се докомплицираа истите, али у секој случај битно е дека извлеков поука од грешката што сум ја направил, па тоа ме прави посреќен и помудар. Некои порази се подобри од победа.
 

МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Да најдам начин да се соочам со сопствената инертност и мрза.

Да апсолвирам со солидни оценки.

Да не си дозволам повторно да запаѓам во круг на депресивно и тотално сјебано размислување. (фала на сите "rays of sunshine" во мојот живот, без кои ама ебано ништо немаше да ми фали)

Да го научам конечно фотоапаратот.

Да можам да ја дрндам на гитара таа турската песна што другарчињата ја донесоа од хипи кампот. Хах. Песната рока газови.

Да сакам, почитувам и бидам таму за оние кои ми значат, да пеам почесто, да прочитам некои од книгите кои со месеци "решавам" да ги читам, тотално да го одјебам телевизорот како поим и како стварен предмет.

Да не повредувам луѓе кои ми се блиски, па макар несвесно и од чиста слепа, постадолесцентска себичност.

Да слушам повеќе музика, а помалку идиоти.

Да си го истетовирам the Sacred Chao

Да научам и некои корисни вештини, како садење ствари у бавча и кроење на дрвца.

Да ја испразнам главата од сите фрустрации со кои ми се преполнуваше со месеци и месеци, до моментот кога ми се случи превривање и ферментација на истата во кашеста смеса без способност за размислување понатаму од рецитирање на негативни, себемразачки литании.

Ако даде Севишниот, да скијам у јануари пуни две недели и да бидам насмеан и среќен ко телетабис уште три месеци после тоа.

Receive many blowjobs.

едит: А може и само последното. :icon_cool
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
2008 ми почна лошо, на дочек завршив у болница со лонгета, па се надевеам оваа нема...но подоцна беше боље, исчистена прва година на фах, работа-волонтирање во весник,уживанција по дома без сестра ми....за 2009 па може истото, да исчистам втора и да шетам негде надвор:pipi:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.604
уфф,прашање дали ќе стигнам до 2009 со сите обврски шо ги иам овие 2 недели.
Ама би сакала најпрво да ми се остварет едни две желби, едната од порано, а другата ја добив сега. Поврзани се двете,ако ми се остварит барем една од нив, другата сама ќе си дојт.
Би сакала да завршам одлично ова година нашкола ( малце потешко е,ама морат :) )
Би сакала на лето да почнам да работам и да си ги потрошам првите заработени пари :)
Сакам да научам да свирам на гитара.
Сакам конечно да се мрднит работата од мртва точка во поглед на него.
Сакам да намалам малце на компјутер,зависна станав веќе :)
Сакам конечно се да се решит во друштвово и да немат веќе карање како до сега.
И сакам здравје за цело мое семејство и сите мои другари,дека без нив, и да ми се остварит ова се шо го сакам, џабе ќе е :smir:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Јебем ли га... Од 2008 сам изненаѓен и увреѓен! Некако лошо идеше годината. СЕ некако исто, малку работи се промениа, секако научив нешо и дознав, видов и посетив, скршив и посветив, во некој случај и се збогатив, али пак нишо работа, не е тоа-тоа...

А во 2009, па очекувам....:
-ПоУбо да Крене Љубауниот живот...
-Да поправам тие оценки и такви ствари.
-Да сум жив и здрав, како и најблиските и најмилите.
-Да ослабнам и да почнам ФИЗИЧКА АКТИВНОТ...
-Да го подобрам односот со пријателите и блиските ( на највисоко ниво)
Има уште али... нека останат кај мене... :toe:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Лани ги имаше поприлично така, сеа се прашвам кај се да ги прочитам пак,да видам шо чоек сум. Или нечоек.
Претходната не знам зошто, и никогаш нема да разберам оти беше толку релативно за нигде. Ко ќе ми текни.. неќам да ми текнува.

Оваа наредната мора да биди добра. Едноставно мора.
1. Ова е една од ланските. Доволно е јас шо ја знам. :pipi::pos:
2. Да си нам то факултето и шо.
3. Возачка!
4. Салам фустан за матура и сите пропратни циркузи да поминат добро.
5. Да положам матурата, асолно.
6. Да ом на матурско патување. Не знам каде,ама подалеку.
7. По-позитивно и со повеќе ентузијазам да гледам на сопките во животот.


Сигурно има уште,длабоко негде во мене. Јеа. :pipi:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Да бе, жими задницава одлука. Секоја година во декември редовно правиме листа на работи за претстојната година. Дали тоа се типичните клише одлуки како “ќе бидам подобра личност“ ,“помалку ќе се замарам за небитни ствари“, “ќе најдам вистинска љубов“ или пак некои лични желби, при првата ситуација во која треба таа некоја одлука да види бел ден, доаѓа тоа лошото црвено ѓаволче што вика дека имаш уште цел век години да ги исполниш овие ветувања, и да си го живееш животот до максимум. И мадерфакерот е проклето у право. Зашто мора новата година да биде услов да промениме нешто во животот? Нова година, мај ес. Само повеќе ќе се разочараш кога ќе видиш дека со секоја наредна нова година, доаѓа едно срање плус од претходната. Што секако “пу, пу не важи“ ако имаш живот полн со love & happiness.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Не сакам да планирам ништо, плановите секогаш не се остваруваат, затоа ќе оставам спонтано да тече се`, така е најубаво. Сепак...

Во годинава што доаѓа се надевам дека успешно ќе го комплетирам средното образование, со тоа ќе заврши една етапа од мојот живот. Па имам желба да се запишам на студии во Скопје, да запознаам многу нови ликови, секако и кајганџии.

Да решам некои неразјаснети работи со другарките и да почнам да размислувам за љубовта посериозно.
Сепак здравје пред се` и желба за успех се најпотребни па останатото ќе дојде спонтано.
Она што го постирав лани се исполни, завршив средно, положив матура, се запишав на посакуваниот факултет и супер ми тргна. Запознав многу луѓе, запознав и доста кајганџии, решив некои проблеми но дојдоа други покомплицирани.

За 2009 ќе посакам успешно да ја завршам 1 година факултет, многу здравје за мене и моето семејство и да нема караници и беспотребни нервози.
Една личност да ги сфати моите чувства и да се случува нешто на тој план, годинава да ми биде исполнета со авантури, смеење и мноооогу дружење со најразлични личности.
Можеби сето ова што се случуваше во 2008 ќе ме направи посилна и ќе ме исчеличи со едно искуство повеќе, за да знам гордо да продолжам понатаму и да не се предавам.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ако земам да раскажувам за годинава што поминува ќе ми треба многу време за да раскажување, но самиот сум крив-кога посакував нешто да ми се случи годинава посакав исполнета и интересна година.

Тоа и се случи, ја имав годината во која имав чувство дека живеам 10 годино. Толку работи ми се случија што искрено не знам дали се памтам И не само обични работи туку работи кои имаа тежина.

Ми се случуваа убави, но и лоши работи кои знаеа многу да ме изместат од колосек.
Горд сум што работев многу, и секогаш наоѓав време за се друго.
Исполнет сум со многу луѓе што ги запознав годинава и среќен сум што со сите имам коректни односи.
Кога ќе направам пресек, се на се доста успешна и убава година.

За иднината година ветувам дека ќе посветам повеќе време на себе и на учењето. Полека сфатив да правам селекција на работите во животот, се надевам дека таа карактеристика повеќе ќе ја применам во годината што следи.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Па оваа година ми помина солидно, далеку позадоволен сум од минатата 2007. Во рамките на љубовта, не дека ја најдов љубовта на мојот живот, но пробав неколку пати, не успеавме, а сепак не жалам што сум пробал. И немав некои големи планови за оваа година па можеби и затоа не сум разочаран.

За следната година, богами доста планови имам. Како прво, успешно да го завршам средното образование, матурата да ја положам, и можеби сакам многу, ама матурата би сакал со високи оценки да ја положам.
Потоа следува летото, и планирам да одам некаде на одмор а воедно и да работам. Имам правено со еден пријател на татко ми од Хрватска муабет, па можно е натаму да забегам на работа, а колку ќе има одмор тоа незнам.

Најважното што ми е за следната година е да се запишам на факултет, поточно Економски во Скопје. Доколку тоа ми успее, 2009 за мене би била најдобра во мојот живот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
385
Поени од реакции
18
минатата година баш и немав некои посебни планови, а сакав да си напраам некој вид ваква слична листа..
затоа еве ја за следнава година:

1.Да се откажам од цигари
2.Да завршам одлична ако не 5.00
3.Да продолжам да тренирам и да бидам многу поуспешна(државно, балканско итн:))
4.Да положам за возачка
5. Да си ставам пирс на јазик, а ако не тоа барем шипка на левото уше
6. Да се тетовирам(иако уште се мислам)
7. Да не ги заебам испитите на крај на година
8. Да ми остане истото друштво од оваа година и не само за 2009 туку и за цел живот
9. Мај Лав Лајф да продолжи да тече како до сега, па да си дочекам 2 години и погоре:back:
10. Да правам помалку грешки!:icon_lol:

па мислам дека ова беше најважното...
ако сум пропиштила нешто ќе додадам кога ќе ми текне:icon_lol:
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
еј тука може да се пишува вечно ама ако мора да се оддвојат 10 работи тоа биле овие:

1.да се откажам од цигари
2.да завршам трета многу добар
3.да идам да скијање
4.и да идам у Париз
5.да си најдам сериозна девојка
6.помалку да се карам си сите
7.да не бидам толку мрзлив
8.да почнам да вежбам
9.многу повеке да учам!!
10.помалку време да проагам пред компјутер
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
2008ма беше прилично добра година за мене. Дефинитивно нагорна линија во мојот живот почнувајќи од мај се досега. Пред тоа и немаше некои интересни дешавки. Година која почна да го добива вистинскиот шмек тек со почетокот на летото. Запознавање и стекнување пријателство со луѓе кои навистина ми значат. Сега при крајот на годината гледам дека всушност и овие последни 3 месеци се сублимација на се во едно, со некои плус додатоци.:back: Се на се многу позитивно животно искуство за мене беше стекнато оваа година.

Е сега во 2009та:
Обично и не сум некој кој што се држи на стриктно зацртан план, ама ајде...:)
Ќе се потрудам да биде барем исто толку добра година како изминатава. Ќе пробам и прилично сум сигурен дека ќе успеам да ги одржам врските со луѓето кои ми значат. Стекнување нови пријателства никогаш не е на одмет. Не за друго никогаш не се знае што ќе испадне.:)
Да положам за кола, да ја наштимам гитарата и да научам неколку акорди:icon_lol:... и да ја дочекам 2010 во слична атмосфера како годинава.:)
Останатите работи нека си дојдат сами по себе, не форсирам ништо.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom