Тешко е да се резимира цела година во неколку реченици, ама ќе пробам.
2008-ма беше година ко и секоја друга, а сепак поразлична од секоја пред неа и секоја после неа.
Поле
образование сум сосема задоволна, дури и не очекував толку да ми лизга факултетот, ја исчистив годината и просекот ми е и повеќе од солиден, мада кикснав на крај со стипендијата која НЕ ја земав, ама тука веќе беше вон моја моќ и кривица на „добрата“ организација на образованието ни.
Поле
финансии беше променливо, со тоа што летото беше доста солидно, а зимава тапа.
Поле
работа немаше, зошто не си најдов.
Поле
семејство-сејм олд сејм олд, малку повеќе тензија одредени периоди, моите влегоа у климакс, не наидов на нивна поддршка за некои работи, се уште сметаат дека there`s no such thing as privacy, ама у главном сум задоволна, постара сум од претходните години, па со тоа и повеќе ме разбираат.
Поле
љубов беше променливо, варијации на тема, на почетокот од годината стабилно, па продолжи проблематично, па крај на една етапа; летото беше разноврсно и забавно, иако научив нешта што не сакав да ги знам, и најпосле годинава ќе заврши стабилно како што и почна, само со различен субјект.
Генерално сум задоволна, иако имав непромислени постапки и доцни реакции, ама беше доста исполнета година на ова поле и не се жалам.
Поле
психичко стање: стабилно со повремени ексцеси.
Сума сумарум: беше добра година, иако далеку од тоа дека си ги остварив сите цели што си ги зададов. Всушност, колку што можам да се сетам, остварив само една цел, и тоа најлесната, останатото беше спротивно од очекуваното, а сепак испадна добро.
За
2009 имам планови, повеќе од обично, иако вообичаено не сакам да се ограничувам на зацртани цели, зошто Марфи кој е буден лично ќе се погрижи да не ми се оствари ниедна.
Сепак, не можам против таа моја особина, па скроив два-три плана кои се потенцијални, ама несигурни.
Едниот веќе се покажа како неуспешен уште пред да заврши годинава; другите неколку-ќе видиме.
Сакам да бидам среќна и да успеам да се снајдам и успешно да живуркам во ваквата хаотична средина. Сакам да бидам способна да се приспособам на негативните нешта и да се радувам на позитивните. Сакам сите мои блиски (од семејство, до пријатели, до дечко) да бидат океј, здрави, среќни за да можам да бидам среќна со нив.
Сакам да ја завршам втора со добар просек како ланскиот, да одам летово на работа во странство и да останам присебна.