Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Требе да се гради државата а не обележја за вашето владеење.Плукате по претходниците кои и да биле а ги надминувате во се што било како обележување на една ( револуционерна ) епоха.Триумфална Капија, триумф на глупоста. Децава не виделе по светот она што го има или не прочитале па сега дај да го доселиме светот тука ( од пред стотина години), и тоа како кич изданија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Чекајте сега -споменик на Тито е ок, а на Јане не е?
Лумикс беше ок, другите не се? Се се сведува на -сега не чини, порано чинеше? и обратно...кога тато ќе купи сендвич, не чини. Кога мама ќе купи...многу е вкусен, као децана.

Не знам зошто сме слаба држава :toe:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Службено: Spaso, уште еднаш спомниш комуњар, партија, или слично на под-форумов, добиваш бан.

edit: Miki1976 и ти.

Стопати кажано, коментирајте од аспект на архитектура и уметност, а не од аспект на политика.


Ако не го можете тоа, коментирајте на друг форум, кај шо ќе најдете наслов политика.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Кој сака да види штозначи уметност денес барем е лесно на интернет можете да видите цел еден свет на уметноста и културата.Ете видете и ќе најдете потполно ист бик, скулптура поставенаво Шпанија - како да е брат на нашиов.А има се да се види.А и цени на репродукции, уметнички дела и сл.Значи кој сака да дискутира нека погледне малку и на интернет- дел од уметноста во целост( јас во архитектурата гледам дел од уметноста - бидејки голем дел уметници по вокција се архитекти - зборувам за видни во светот).
Големите уметници работат во светот а не само дома.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.339
Поени од реакции
6.263

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зборев со еден уметник-вајар околу делава.Ми постави три прашања:Можеш ли да му ја видиш фацата на Гоце? (кога стоиш пред споменикот)
Зошто коњот е надвор од постаментот? И сите шмизли,чуда и врагови нели имаат една линија,еден потпис,како една рака да ги правела?
На првото прашање немав одговор,застанав пред Гоце и видов стомачен дел на коњ.
На второто појма немам што даодговорам.
А на третото,навистина оние зелени суштества(риба,девојче,шмизли) може само еден да ги прави,на двајца не би им текнало такво нешто.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Даме и Гоце се осредни накај лошо. Коњите се слаби а рељефите лоши. За непрофесионалец ќе бидат генерално ок и можеби ќе извадат некоја воздишка но секој вајар може одма да ги види недостатоците кои не се малку. Штета за испуштената прилика да се стави нешто импозантно на тој простор...

Кастриот е многу подобар од двата заедно.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Тој марсовецот на Рекорд кај бурекџилнат рекорд, го тргнале. ,,ретардираното дете,,
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Спремајте се за туширање, ќе ги поставувале фонтаните :)

Почнува изградбата на фонтани во Вардар
Општина Центар ги завршила сите подготвителни работи, како што е испитување на слоевитоста на почвата и нивото на подземната вода, и сега се чека само пристигнување на претставници од италијанската фирма "Ла Моне Мореда" за да почнат градежните работи
Ако веќе ги поставуваат, не е лошо прво да го расчистат коритото и околината

Лошо, отчет за сработеното њама :(
Како и досега, од Општината не кажуваат колку пари од буџетот ќе бидат одвоени за фонтаните.
со други зборови -сте ги дале еднашка парите у каса, сега шо ви е гајле колку и кај се трошат
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пак ли италијанци ќе градат?Ние незнаеме една фонтана да направиме?Претеризам!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Пак ли италијанци ќе градат?Ние незнаеме една фонтана да направиме?Претеризам!
И мене ми падна во очи прво изработката -излегува дека немаме способни фирми ниту за фонтана (големи објекти и споменици ај некако разбирам), другата работа беше како ќе изгледаат фонтаните помеѓу ѓубришта, несредено водно корито и диви треви...третата работа е ова последното -не се дава отчет за јавни објекти, макар кон надлежните институции и медиумите.

Поддршка (шо ги поддржувам за некои објекти) е едно, но киксеви од ваков тип се сосем друг проблем.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Даме и Гоце се осредни накај лошо. Коњите се слаби а рељефите лоши. За непрофесионалец ќе бидат генерално ок и можеби ќе извадат некоја воздишка но секој вајар може одма да ги види недостатоците кои не се малку. Штета за испуштената прилика да се стави нешто импозантно на тој простор...

Кастриот е многу подобар од двата заедно.
Освен лошите рељефи кои се другите немалку недостатоци ако може малку поопширно.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Стаса и Ченто ...
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/postaven-spomenikot-na-chento-na-ploshtadot-makedonija

Поставен споменикот на Ченто на Плоштадот Македонија
Мермерна скулптура на Методија Андонов Ченто од утрово го краси плоштадот Македонија. Споменикот, висок, 5 метри и тежок 25 тона, е дело на вајарот Димитар Филиповски.


Изработен е во италијанската галерија Пиедро Базанти и за него се потрошени 780 илјади евра.
Поставен е до Ристиќевата палата, местото на кое пред земјотресот се наоѓал Хотелот Македонија, каде Ченто живеел додека бил на чело на президиумот

Самото поставување на новото обележје привлече големо внимание кај граѓаните. Плоштадот од утрово е полн со луѓе кои излегоа да ја направат првата фотографија со македонскиот великан.

Меѓу љубопитните граѓани беше и внуката на Ченто. Таа дошла од Прилеп за да го види поставувањето на скулптурата на нејзиниот дедо.

Споменикот на Методија Андонов Ченто е дел од проектот Скопје 2014. По бронзените споменици на Гоце Дeлчев и Даме Груев, ова е трета скулптура која се поставува на плоштадот Македонија.

Следни според планот ќе се постават лавовите на мостот Гоце Делчев кон средината на август.

Александар Спасовски



има и видео на линкот ..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Cento-govor.jpg


Мислам дека е горе-доле истото место каде Ченто 1944 оддржал говор на плоштадот по ослободувањето на Скопје..многу значаен споменик за Македонија :bravo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom