Политики, вмровци и есдеесовци, аманте немојте и на оваа тема. Шо праеле и како праеле, дали краделе или давале, на друго место муабет. Али, пошо љандра спомна пари:
Инвестирање во уметност никогаш не е на одмет, да се разбериме. Нормално, доколку сите други основни предуслови за тоа се исполнети. Истата инвестиција, помал квантитет, зголемен квалитет и вистинска современа вајарска уметност ќе направеа локации кои ќе беа препознатливи и почитувани со тек на време. Чак и експериментирањето во уметноста, и експонирање на истото е попродуктивно од ова што сега ни се пласира. Затоа што токму таквото експериментирање носи напредни идеи и развој на уметничката мисла.
За жалостие наше, концептот на целото тоа украсување на градот со скулптури, после се што видовме и пресудивме, не е погрешен - погрешно е разбран. Следствено, ние погрешно го толкуваме. Средства за уметност треба да има, доколку постои истата. Или барем поле за да се развива во правата насока. И крајно, да се остане доследен на идејата. Само ние пустите, историја на уметност од памтивек, развој на мисла такуѓере (и тоа баш во правата насока), ама доследност...