Нови критериуми за утврдување право на сини картони за невработени

Член од
10 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
2
НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА

Скопје, 1 јули 2011 (МИА) - Околу 270.000 осигурени лица по основ невработени т.е. лица кои активно бараат работа од денеска, два месеци пред официјалниот законски рок, во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во 14.најголеми подрачни служби во агенциите за вработување на Македонија каде Фондот има шалтери, треба да извршат пререгистрација на својот основ на осигурување односно да потпишат изјава за остварени приходи во минатата година.

Промената на основот, информира на денешната средба со новинарите директорот на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова, не се однесува на привремено невработените лица додека примаат паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, лица кои стекнуваат својство на осигуреници како лица кои не остварувале приход во 2010 година, што го имаат докажано во Фондот со доставена потврда издадена од Управата за јавни приходи, како и оние кои веќе се осигурени по друг основ согласно закон.

Категориите се поделени на лица кои не остваруваат приходи повисоки од 132.000 денари, повисоки од 182.000 денари и за кои до 132.000 денари државата ќе продолжи како и досега да плаќа за годишен приход, а до 182.000 денари осигуреникот ќе плаќа 50 отсто од висината на просечно исплатената плата од претходната година, а тие над 182.000 денари ќе го плаќаат полниот износ за здравствено осигурување, вели Парнарџиева Змејкова.

Невработените лица потребно е да понесат копија од лична карта, здравствена легитимација за себе и за членовите на потесното семејство (сопруг/а и деца до 18 годишна возраст, односно 26 годишна возраст доколку се на редовно школување), и извод од матична книга на родени и/или извод од матична книга на венчани за членовите на потесното семејство (сопруг/а и деца до 18 годишна возраст, односно 26 годишна возраст ако се на редовно школување).

Од 1 септември за овие лица здравственото осигурување ќе се плаќа од Буџетот на Република Македонија.

Децата со навршени 18 односно 26 години, кои не се на редовно школување, стекнуваат својство на осигурено лице, според Законот за здравствено осигурување, односно се издвојуваат како посебни носители на здравственото осигурување. Во изјавата за остварени приходи не влегуваат приходите на нивните родители.

Со поднесување на изјави за остварени приходи, осигурениците се кривично и материјално одговорни и за лажни податоци ќе одговараат пред надлежните судски органи. Со поднесување на документите во подрачните служби на ФЗОМ и Агенцијата за вработување, лицата ќе треба да пополнат и барање за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) што може да се подигне на шалтер или да се преземе од веб страницата на ФЗОМ. Проектот електронска здравствена картичка, во прв момент, ќе ја замени функцијата на сините картони.

Од денеска согласно Законот, информира Парнарџиева Змејкова, осигурителните компании кои досега плаќаа 1 процент од својата премија за безбедност на сообраќајот, тој процент на бруто пресметана премија ќе биде приход на Фондот. Со ова 40 милиони денари годишно ќе влезат во буџетот на Фондот.

Од денеска почнува примената на печатениот рецепт. Од Фонодт апелираат аптеките да не ги враќаат осигурениците, да ги прочитаат материјалите од Фондот и упатствата како да постапуваат. Обврската за аптеките во случајот со печатените рецепти е минимална односно тие ќе си ги примаат, а товарот за издавање и веродостојноста на рецептите е на матичните лекари, а потоа за контролата и на Фондот

извор:
idividi.com
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Со поднесување на изјави за остварени приходи, осигурениците се кривично и материјално одговорни и за лажни податоци ќе одговараат пред надлежните судски органи. Со поднесување на документите во подрачните служби на ФЗОМ и Агенцијата за вработување, лицата ќе треба да пополнат и барање за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) што може да се подигне на шалтер или да се преземе од веб страницата на ФЗОМ. Проектот електронска здравствена картичка, во прв момент, ќе ја замени функцијата на сините картони.

Ке ми се фатев за преМУДрогА, што би рекле Кумановци, доколку се соочам со ваква една несреќа.... овдека ќе бидам сиромаштија невидена на трансакциските сметки *НУЛА* Денари или пак се мислам да циркулираат по 129 ипол илјади годишно - (на 500 Денари до лимитот, да си правам ќеф на таквоото ..... а во Болгарија ке отворам Банкарска сметка со сите мои пари (40,000,- Евра)... ете таму, кај нашиот идеолошки, национален, културен, верски (каков сакате)..... вековен непријател и душман.... Јеби га, не ги сакам ниту почитувам ни јас Татарите, ама сега како да немам друго решение!? Доколку некој ми каже излез од овие идиотизми, ќе му бидам благодарен!
Е море ДУКО-вци едни, РЕФОРМИ вака ли се прават? Удри таму кај што е најтенко! Реформи у школството ги отпуштивте чуварите и сметководителите (па сега вториве ги враќа назад), реформи во судството - отпуштива или преместива неколку дактилографки (додуша она старчето со кастањети во уста, прееба и неколку судии)....и сега ќе удирате кај што е најтенко по невработените! Зошто? За да не ти се бројат како невработени оние домакинки, земјоделци, собирачи на хартија и пластични шишиња и незнам која БЕДА уште не..... што се пријавуват само за здравствено да земаат. ВАКА ЛИ СЕ НАМАЛУВА НЕВРАБОТЕНОСТА? После ќе си препишуваш успеси, како си ја намалил невработеноста од 350,000 на 300,000.... Удри бе мајсторе! Удри! Издржал овој народ и повеќе....но јас нема да трпам! Патетично ќе звучи но ќе кажам и ова: После 25 год раб стаж еве две години у говна до гуша у фирмата, со закаснување се земаат плати... со закаснување се уплаќа за картончиња.... и две години без нив, те без право на лекување. Тоа што уплаќаме со закаснување, но сепак уплаќаме ќе ни ги вратиш ли парте НЕСРЕЌО една!? Каде го има тоа да за нешто уплатиш а да немаш право да го добиеш? Пример уплатиш Ферари по нарачка 200-300 илјади Евра ти велат 2 месеци испорака, отидеш третиот-четвртиот месец и ти речат: бриши батка, поминале 2 месеци, еве и три, не си дошол.... кој те врти - гледаш у Македонијава - МОЖЕШ ЦЕЛ РАБОТЕН ВЕК ДА УПЛАЌАШ СО ЗАКАСНУВАЊЕ ОД 3 МЕСЕЦИ ЗДРАВСТВЕНО, А НИКОГАШ ДА НЕМАШ ПРАВО НА ЛЕКУВАЊЕ.....

ОПРОСТИ ИМ БОЖЕ.... АМА ОВИЕ ТЕШКО ДА ЗНААТ ШТО ПРАВАТ!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Ова е закон уште неформирана владата не е ни почеток, до сто дена сто закони се полуди и полуди, до крај на година на прва година од владеење јасна ви е сликата.

Е сега целтта е еден централен регистар за сите жители на Европа во Брисел една картичка со сите податоци за тебе од лични како на лична карта, приходи (трансакциона сметка) и болести (здравстевна картичка). Бирократите во Брисел има се да знаат за нас мислам тоа е целтта ако дозволиме ние, досие полошо од комунистичките што ги имале луѓето.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Ова е закон уште неформирана владата не е ни почеток, до сто дена сто закони се полуди и полуди, до крај на година на прва година од владеење јасна ви е сликата.

Е сега целтта е еден централен регистар за сите жители на Европа во Брисел една картичка со сите податоци за тебе од лични како на лична карта, приходи (трансакциона сметка) и болести (здравстевна картичка). Бирократите во Брисел има се да знаат за нас мислам тоа е целтта ако дозволиме ние, досие полошо од комунистичките што ги имале луѓето.
Двајца старци си седат во паркот,ги хранат птиците со трошки и си прикажуваат :
- Абе овие птици многу личат на нашите политичари. -рекол едниот - Додека се на земјата се задоволуваат со трошки, но кога ќе излетаат на високо ти се серат на главата.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Vazno e da si ja sakate drzavata...ako ne vi cini emigrirajte...:D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Vazno e da si ja sakate drzavata...ako ne vi cini emigrirajte...:D
А каде емигрирање јас не знам зошто го спомнуваш тоа како добро нешто, кога не е. Кога ќе дојде бурата подобро да си дома каде што ти е фамилијата пријателите, отколку таму некаде далеку каде што никој не знаеш и не те знаат и поголеми се шансите да те остават да умреш таму отколку тука.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А каде емигрирање јас не знам зошто го спомнуваш тоа како добро нешто, кога не е. Кога ќе дојде бурата подобро да си дома каде што ти е фамилијата пријателите, отколку таму некаде далеку каде што никој не знаеш и не те знаат и поголеми се шансите да те остават да умреш таму отколку тука.
Koj ne si ja saka drzavata so site maani neka si odi !!!
Svetot e golem, ako ne im se plaka na nevrabotenive za zdravstvena zastita i ako ne im se rmba za 150 evra mesecno...patot pod noze...:D
Kako doma nikade nema !
150 evra 150...koj ti gi dava...:D
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Кој сака нека емигрира, јас не! Јас ќе бидам ЧИР (ulcus) на друштвото. Ке се лекувам со сини картони, за кои нема банка да платам, ќе се лекувам ГАГА - беспари, барем за она малку што ќе го нуди фондот.... Плаќав 25 години и фала му на Бога, малку ги користев здравствените услуги.... последниве две години иако плаќам, неможам да ги користам.... затоа сега, ако недајбоже ме снајде вакво нешто, ќе се лекувам беспари! На товар на фондот!
Е.....му мајката малку и јас да бидам на терет! Она како реков нешто малку од фондот за беспари..... барем додека функционира (а изгледа нема долго!?)
А они муда гола (ДВЕ НУЛИ) ке ги видат на сметка, наместо моите пари.... ке ги изнесам! У странска банка, можеби (исто надвор, не тука!) во фондови, злато, сребро платина, Долари, Франци, кинеска валута, руски акции, индиски коноп, шведска маса.... било каде, само нема на Гвујо да му ги оставам да ги позајмуе од банките, за да исплати пензии.... особено не за да им даде плати на оние што ги запосли последнава година, по разноразни буџетски институции - повеќето со коефициент 60..... кои пак, знаеме мораа да обезбедат десетина гласови за него.... па нека им објаснува потоа зошто нема пари во буџетот, во банките.... всушност на човек со 60 IQ лесно можеш да му објасниш: СВЕТСКА КРИЗА ЈЕБИ ГА, А НИЕ (МК) СЕПАК МЕЃУ НАЈБОЉИТЕ!!! + СИТЕ НЕ МРЗАТ! ЗАГОВОР ПРОТИВ *ИЗБРАНИТЕ* .... ма не требе толку, што лупетам!?
А Буцио, за податоци на Брисел, или за која светска влада таму, поред оние силни податоци - лични и персонални, за болести, трансакциски сметки..... и тн, ме интересира дали ќе дојдат *краставиците* да ни ги мерат? Тој податок ќе им треба ли?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Што ти бидна!!!!!???? :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Koj ne si ja saka drzavata so site maani neka si odi !!!
Svetot e golem, ako ne im se plaka na nevrabotenive za zdravstvena zastita i ako ne im se rmba za 150 evra mesecno...patot pod noze...:D
Kako doma nikade nema !
150 evra 150...koj ti gi dava...:D
Ехе, колку столчиња и ортоми можеш да купиш само со една плата. Сега уште да најдеш некоја убава дебела греда...
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
гласавте - гледајте сега . Сите си знаеја за што гласаа ...уживајте дечки...

Уште не сакате бугарски пасоши а?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Зошто Конкрит? Зошто што ми бидна? Мислеше дека јас сум многу лојален граѓанин на државава и ГООООЛЕМ ПАТИОТ?.... Јас само почитувам и давам онолку колку што ќе ми се даде мене ни повеќе барам, ни повеќе давам...... или мислеше дека сум груевист? Незнам врз основа на што така заклучи. Нееее.... мене пријателе не ме интересира политиката, не гласам од далечната `94 ли беше!?.... тогаш гласав...да! Бев за ваучерите и многу ми е мака што не заживеаа, а страшно ме погоди приватизацијата и на микро и на макро план - кражба невидена! Затоа ги мразам оние другите уште повеќе и сметам дека се поголемо зло од Гвујо!.... Да ги разочарам малку оние од другата опција, што аплаудираат додека го резилам Гвујо.... сепак овие помалку *смрдат* од Бранко, Рада, Фрчко, Милчин, Јани.... Овие (сегашниве) се несреќа голема, додека другине (бившите) се елементарна непогода за државава.... Тоа што да речеме некој проект од овие ми се допаднал и го подржувам, тоа најмалку значи дека сум груевист.... уште помалку дека ќе се напучам во интерес на: патриотизмот партијата и вишите интереси. Умреа тие времиња..... сега кој сака (или кој мора) нека се пучи! Јас не.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.346
Поени од реакции
18.226
Кој сака нека емигрира, јас не! Јас ќе бидам ЧИР (ulcus) на друштвото. Ке се лекувам со сини картони, за кои нема банка да платам, ќе се лекувам ГАГА - беспари, барем за она малку што ќе го нуди фондот.... Плаќав 25 години и фала му на Бога, малку ги користев здравствените услуги.... последниве две години иако плаќам, неможам да ги користам.... затоа сега, ако недајбоже ме снајде вакво нешто, ќе се лекувам беспари! На товар на фондот!
Е.....му мајката малку и јас да бидам на терет! Она како реков нешто малку од фондот за беспари..... барем додека функционира (а изгледа нема долго!?)
А они муда гола (ДВЕ НУЛИ) ке ги видат на сметка, наместо моите пари.... ке ги изнесам! У странска банка, можеби (исто надвор, не тука!) во фондови, злато, сребро платина, Долари, Франци, кинеска валута, руски акции, индиски коноп, шведска маса.... било каде, само нема на Гвујо да му ги оставам да ги позајмуе од банките, за да исплати пензии.... особено не за да им даде плати на оние што ги запосли последнава година, по разноразни буџетски институции - повеќето со коефициент 60..... кои пак, знаеме мораа да обезбедат десетина гласови за него.... па нека им објаснува потоа зошто нема пари во буџетот, во банките.... всушност на човек со 60 IQ лесно можеш да му објасниш: СВЕТСКА КРИЗА ЈЕБИ ГА, А НИЕ (МК) СЕПАК МЕЃУ НАЈБОЉИТЕ!!! + СИТЕ НЕ МРЗАТ! ЗАГОВОР ПРОТИВ *ИЗБРАНИТЕ* .... ма не требе толку, што лупетам!?
А Буцио, за податоци на Брисел, или за која светска влада таму, поред оние силни податоци - лични и персонални, за болести, трансакциски сметки..... и тн, ме интересира дали ќе дојдат *краставиците* да ни ги мерат? Тој податок ќе им треба ли?
Не е дозволено македонски државјанин да има пари во странска банка.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
А кој ќе ме спречи да отворам сметка во странска банка? Дозволено е еднократно изнесување на средства во износ од 9,999 Евра во кеш со потврда од која банка си ги подигнал.... Што е проблемот тука? Никола Младенов ќе ми ја следи сметката и ќе објавува во Фокус!? Смешки!... Кого овде ќе го заболе за моето конто во странска банка? Не било дозволено!?....А како ќе докажат за мојот влог? Ќе го повикаат претседателот на одборот на Tokuda Bank да сведочи за моето конто во нивната банка? Или ќе ми брцаат во ѓубрето да најдат извод или налог за подигање камата!? Можат да ми брцаат во WC шољата за да видат каде отишла дел од каматата, ништо друго! 5-6,000 граѓани на РМ имаат фирми надвор од државава, па сите тие имаат сметки во државите каде што им се фирмите! Ќе биде турканица овде у затвор ќе нема место, ако е тоа кривично дело.....
На крај од краишта, што би ме спречело да извадам двојно државјанство!?
Ако има ваков закон (а веројатно има) некој многу јако одработува нечија агенда за одродување на народецов..... што е битно кај ти се парите, битно е кој си ти, каде си и каде ги трошиш парите.... Кога ќе се помине тенката црвена линија изгледа дека и ова станува небитно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom