НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА
Скопје, 1 јули 2011 (МИА) - Околу 270.000 осигурени лица по основ невработени т.е. лица кои активно бараат работа од денеска, два месеци пред официјалниот законски рок, во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во 14.најголеми подрачни служби во агенциите за вработување на Македонија каде Фондот има шалтери, треба да извршат пререгистрација на својот основ на осигурување односно да потпишат изјава за остварени приходи во минатата година.
Промената на основот, информира на денешната средба со новинарите директорот на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова, не се однесува на привремено невработените лица додека примаат паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, лица кои стекнуваат својство на осигуреници како лица кои не остварувале приход во 2010 година, што го имаат докажано во Фондот со доставена потврда издадена од Управата за јавни приходи, како и оние кои веќе се осигурени по друг основ согласно закон.
Категориите се поделени на лица кои не остваруваат приходи повисоки од 132.000 денари, повисоки од 182.000 денари и за кои до 132.000 денари државата ќе продолжи како и досега да плаќа за годишен приход, а до 182.000 денари осигуреникот ќе плаќа 50 отсто од висината на просечно исплатената плата од претходната година, а тие над 182.000 денари ќе го плаќаат полниот износ за здравствено осигурување, вели Парнарџиева Змејкова.
Невработените лица потребно е да понесат копија од лична карта, здравствена легитимација за себе и за членовите на потесното семејство (сопруг/а и деца до 18 годишна возраст, односно 26 годишна возраст доколку се на редовно школување), и извод од матична книга на родени и/или извод од матична книга на венчани за членовите на потесното семејство (сопруг/а и деца до 18 годишна возраст, односно 26 годишна возраст ако се на редовно школување).
Од 1 септември за овие лица здравственото осигурување ќе се плаќа од Буџетот на Република Македонија.
Децата со навршени 18 односно 26 години, кои не се на редовно школување, стекнуваат својство на осигурено лице, според Законот за здравствено осигурување, односно се издвојуваат како посебни носители на здравственото осигурување. Во изјавата за остварени приходи не влегуваат приходите на нивните родители.
Со поднесување на изјави за остварени приходи, осигурениците се кривично и материјално одговорни и за лажни податоци ќе одговараат пред надлежните судски органи. Со поднесување на документите во подрачните служби на ФЗОМ и Агенцијата за вработување, лицата ќе треба да пополнат и барање за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) што може да се подигне на шалтер или да се преземе од веб страницата на ФЗОМ. Проектот електронска здравствена картичка, во прв момент, ќе ја замени функцијата на сините картони.
Од денеска согласно Законот, информира Парнарџиева Змејкова, осигурителните компании кои досега плаќаа 1 процент од својата премија за безбедност на сообраќајот, тој процент на бруто пресметана премија ќе биде приход на Фондот. Со ова 40 милиони денари годишно ќе влезат во буџетот на Фондот.
Од денеска почнува примената на печатениот рецепт. Од Фонодт апелираат аптеките да не ги враќаат осигурениците, да ги прочитаат материјалите од Фондот и упатствата како да постапуваат. Обврската за аптеките во случајот со печатените рецепти е минимална односно тие ќе си ги примаат, а товарот за издавање и веродостојноста на рецептите е на матичните лекари, а потоа за контролата и на Фондот
извор:
idividi.com