Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
B

Borg_Drone

Гостин
Ај бе нека не зафркаваат..
И после што ќе се случи??
Доаѓаат демократите на власт, и ќе им кажат на другиве држави да го повлечат признавањето на Македонија.....и што после тоа????
Пак ќе останеме на крај ФИРОМ
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
МАКЕДОНИЈА и толку.

Сега малку да бидам циничен.

Ја лично сега од инает би ставил име КАНАЛИЗАЦИЈА И ЈУПИТЕР за име на државата, за знаме би ставил ШОЉА и СВЕМИРСКИ БРОД, сето тоа на дреч основа.
Па после нека се срами светот од своите постапки. Ама сегде ќе го форсирам тоа.

Кон МИсирков, АХ КИРО КИРО (него тука е и Тито, Лазо, Денковски и ....... крај нема)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
So inaet ne se stignuva nigde , treba nesto drugo, porazlicno od inaet vo vakvi situacii....go naslutuvam amerikanskiot diktat , koj sepak ke ja "pomiluva" grcija..., bidejki vo princip ne postoi situacija prifatliva za nas, koja ke bide takva i za grcite.... zatoa trebase uste vednas na originalot: Narodna Republika Makedonija...so toa ime , plus na stranata na pobednicite....vleze vo Yu federacijata...so toa ime trebase i da izleze.......i nikoj ne ke mozese nisto da zucne :).......ama na nas sekogas otposle...ni teknuva :)................
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас незнам искрено речено сум за Република Македонија, зошто доста беа компромиси со грците, ние цело време се жалиме а ништо не сме превземале, никакви мерки против грците во рок од 15 години..
Само им го лижеме гзот..

Ама кога ќе размислам и втората варијанта не е лоша..
Демократска Република Македонија....
Вака ако просерат нешто грците, ние само ќе кажеме дека тоа е додавка која кажува каков систем на владеење има во Македонија.

Ние бевме порано и Социјалистичка, ама нема везе пак бевме познати низ светот како Македонци...

Не бевме социјал-македонци
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Ај бе нека не зафркаваат..
И после што ќе се случи??
Доаѓаат демократите на власт, и ќе им кажат на другиве држави да го повлечат признавањето на Македонија.....и што после тоа????
Пак ќе останеме на крај ФИРОМ
Дроне, да се разбереме..Америка не е Македонија па кој ќе дојде на власт да ги менува работите во целост..Ако дојдат демократите на власт можеби нивната политика ќе се принаклонува кон Грција(иако сметам дека Хилари Клинтон во една дебата ја нарече Македонија под нејзиното уставно име, а за Обама вистина треба да ни биде страв ако дојде на власт, ама мислам дека црнец не може сеуште да дојде на власт во Америка)но нема да ја сменат резолуцијата за признавањето на Македонија под нејзиното уставно име...Concrete, уште колку отстапки треба да направиме?Уште колку ли само понижувања треба да истрпи македонскиот народ?Уште колку тортури?Како требаше да го крстиме аеродромот?Спартак?или како?Не е ништо инат!Требаше во минатото ембарго од Грција, паралелно и исто да и воведе Македонија..После да видиш дали бизнисменчињата немаше да се жалат во Грција, бидејќи доста капитал имаат во земјава, одма ќе се прекроеа..Ние уште попуштаме, Грците ги пуштаме без проблем да влегуваат, а тие реденки ни прат на граница и за виза ваѓање...Concrete,ова тебе на инат ти личи? Друга работа, на влезот на Грција спрема Меџитлија има огромен споменик на Александар Македонски(од грчка страна), ова не е провокација?Или за тебе не е?На отворањето на тој споменик да не требаше македонска делегација да испратиме за да докажеме дека не водиме инат?Море повеќе требаше од самиот почеток да се воведе пропорционална политика кон Грција, да видиш сега како покротки ќе бидат..Зошто ние ако им ги затвориме границите, Грците за во нивна Европа ќе одеа по морски пат, или преку Бугарија дупол пат повеќе..И самите грчки граѓани ќе се бунеа..Ама ние не сме такви како нив, иако некогаш треба да бидиме...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Дроне, да се разбереме..Америка не е Македонија па кој ќе дојде на власт да ги менува работите во целост..
И што ако Клинтоница ја нарекла Македонија, под нејзиното уставно име кога демократите се контролирани од грчкото лоби..
Што ако не нарекла под уставното име, мислиш дека они го прифатиле тој предлог..???
Знаеш после што ќе биде изговорот....Америка во тоа време ја имаше признато Македонија под уставното име и морав така да ја наречам.......морав да го следам законот...
Мислам кај со тој памет..Ја колку што се сеќавам, ние благодарение на тие демократи од Америка, го носиме името ФИРОМ веќе 17 години по ред..
Уште 3 години и 20 години под името на Дедо Киро.....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Дроне, тоа донекаде е така..За Македонија ќе е најубаво да биде кандидат од Републиканците..Од нив најубаво ќе беше да добијаше Руди Џулијани(не знам дали е уште градоначалник на Њу Јорк), зошто тој има многу лични пријатели Македонци, а и плус беше еден од главните протагонисти за да се признае Македонија под уставно..Ако добијаше тој уште од другиот ден ќе бев сигурен дека ќе си го задржиме уставното име..
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Некои велат дека на сапунската серија толку и' опаднала гледаноста што и се наѕира крајот. Вистинско време да се прашаме: Што не сторивме, а што може(в)ме однапред да сториме за да ја избегнеме лажната дилема - „подобро ужасен крај“ (промена на уставното име), „отколку ужас без крај“ (бесконечно развлекување на спорот)?

Прво, не ја искоренивме заблудата за „привремено име“. Аргументот дека сме безимена држава е многу појак од аргументот дека имаме меѓународно „привремено име“, различно од уставното. Како Антонио ќе ја брани позицијата дека „the former Yugoslav Republic of Macedonia“ е само дескрипција со која привремено ни се обраќаат (и тоа само во ОН) кога во својата магистерска теза тврди дека Македонија станала член на ОН под „привременото име“?

Второ, не изградивме цврста брана против „фиромизацијата“. Дури и некои наши политичари станаа жртва на заблудата дека „акронимот FYROM/ПЈРМ“ официјално се употребува во ОН. Медиумите несвесно ги дисеминираа тројанските коњи „акроним“ (скратено име) и „FYROM/ПЈРМ“ (грчка итрина за да се прикрие меѓународната употреба на „Македонија“). За жал, и во кампањата Don’t you F.Y.R.O.M. me, say Macedonia, F.Y.R.O.M. беше испечатено со огромни букви, а зборот Macedonia беше одвај читлив.

Трето, одбравме губитничка тактика дека „времето работи за нас“. Може ли времето да работи за нас во спор со држава која има малку што да загуби, која е практично во добивка со самото тоа што спорот постои и трае? Може ли времето да работи за нас кога: а) сме се согласиле да се употребува некрофилската „референца“ се' додека не се постигне спогодба со Грција околу „разликата“ во однос на името на нашата држава; б) спорот е исцрпувачки за Македонија која има мали ресурси, во споредба со ресурсите на Грција; в) спорот веќе 15 години предизвикува продлабочување на кризата на нашиот национален/државен идентитет? Ако „времето работи за нас“, како тогаш се најдовме во цајтнот пред очекуваната покана за прием во НАТО?

Најпосле, не успеавме да ја демонстрираме „силата на аргументите“, иако нема друга држава во светот (ниту федерална единица) која го носи името Македонија. Не ги убедивме другите дека грчките приговори водат кон апсурд. На пример, ако самата употреба на името „Македонија“ имплицира експанзионистички намери, тогаш и инсистирањето на Грците да имаат „копирајт“ врз името „Македонија“ имплицира експанзионизам. Не само кон сите земји што некогаш ги освоил Големиот Александар, туку и кон сите географски локации во светот што се нарекуваат „Македонија“.

Потоа, ако поседувањето на поголемиот дел од некоја територија имплицира „семантички монопол“ врз името, тогаш САД не би имале право да се нарекуваат ниту „Северна Америка“ (Канада поседува најголем дел), а ЕУ не би имала право да се нарекува „Европа“ (зафаќа само 4.422.773 квадратни километри од „континентот“ со 10.180.000 квадратни километри). Но, наместо рационални аргументи, нашите политичари раскажуваат прикаски дека спорот бил „билатерален“, иако нашето уставно име е отсутно на повеќето меѓународни форуми, дури и кога се организирани во Македонија. И што да се прави сега во 5 до 12? Можно ли е да се постигне „инстант“ компромис што нема да компромитира никого? Таков компромис е неможен, затоа што обете страни се веќе искомпромитирани. Дури и да се постигне некакво решение, конфликтот нема да исчезне се' додека фанатиците од обата табора застапуваат идентичен тврдокорен став - парадоксално, и едните и другите сакаат да го убедат светот дека „Има само една Македонија!“

За да се обесхрабрат фанатиците од обата кампа, треба прво да се промовираат различните значења на зборовите „Македонија“ и „Македонци“ (на македонски, грчки и на англиски). И Аристотел може да помогне со своите „хомоними“ (различни лексички единици што исто звучат, но различно значат). Имено, „Македонија“ како држава и „Македонија“ како територија (или провинција, град, планина, остров итн.) се хомоними како и зборовите „Македонци“ (географски идентитет), „Македонци“ (етнички идентитет), и „Македонци“ (национален/државен идентитет).

Кога Антонио и Дора ќе се согласат дека има многу повеќе „вистини“ отколку значења на зборовите „Македонија“ и „Македонци“, тогаш ќе можат и буквално, од зборови да преминат на дела.

Жарко Трајаноски, Дневник
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
31
Поени од реакции
0
абе ако така гледаме на работата све имаме како народ ама ЖИТО ЛУКС го држи грк окта е грчка македонска банка е бугарска па сега ако сакаат може и да одат македонците на работа пешки како и да не остават да не јадеме леб ќе треба светска сила да не врати во живот или паметни политичари ама народот ке се свести кога ке биде доцна Срекно Напред
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Aбе луѓе,името Македонија е само моментален изговор на Грчкото политичко "просерување",верувајте и да го смениме името,Грците ќе изнајдат друга "рачка",па на ред ќе дојде дека им смета презимето,па грбот,па знамето,па тоа дека им ја матиме водата од Вардар иако тој си е "матен" од мајка,и така до недоглед.На Грците воопшто не им сметаше името Македонија пред 20тина години,туку напротив тие го сугерираа за употреба на една територија надвор од нивната која тогаш ја именуваа со друго име затоа што се немаа толку финасијски "просерено" како сега.
Одкако започнаа финансијски да се "просеруваат" и очигледно да цицаат многу пари од ЕУ,тие генерираа еден практично нерешив проблем кој мораше да изгледа како од него да зависи нивниот опстанок за да ја кренат и буквално нацијата на нозе,со тоа што ќе им се заврти погледот во една друга насока од онаа што за Грчкиот народ изгледаше погубно и водеше кон буквална меѓупартијска војна од парите што ги имаа инкасирано на сопствените приватни конта,за сметка на сопствениот народ кому му "тртнаа" еден вештачки создаден проблем со име на една соседна држава каде под закрила на самосталноста во тој период преовладуваше емоционалност и гордост што тлееше со векови кај еден мал но чувствителен и емоционално многу приврзан народ кон сопствениот вековно потиснуван идентитет како Македонскиот.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
САД со двојна формула за името

Соединетите Американски Држави ќе претстават варијанта на двојната формула како решение за спорот со името меѓу Атина и Скопје, пишува денешното издание на грчкиот весник “Танеа“.
“Предлогот е така изготвен, за да може да се претстави како успех и во Грција и во Македонија. Се работи за сложено име, што би се користело во меѓународните организации и во односите со Грција, и уставното име, што би се употребувало во комуникацијата со трети држави. Со таа формула ќе може да се замени сегашниот назив ПЈРМ со друго име, кое не би имало привремен карактер“ пишува весникот повикувајќи се на дипломатски извори.
Ова добро решение? :toe:

Јас излегувам на протести ако ова го прифатат!

- Да не викаат Република Македонија САМО ако Грците не се инволвирани во настанот... или да појаснам: во сите спортски натпревари (првенства), Евровизија, Совети, Европска Унија, Нато, Обединети Нации ... итн итн итн... да не викаат „Факин Предлог на прогрчкиот педер Нимиц - Сложено Име Македонија“,
- А кога ќе разговареме очи во очи со некоја држава каде Грците немаат корист, да се викаме Република Македонија.

Па... Што добиваме со ова? аа, да добиваме од привремено име - СТАЛНО име
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
ABC, на Грците им смета што постои Македонија..И ќе постои...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
претпоставувам дека предлогот ќе биде тројна формула... значи
1. Грците ќе не викаат како сакаат
2. Секоја земја ќе не вика(ако сака) Реп. Македонија, во билатерални односи
3. За меѓународна употреба сложено име од типот на "Република Македонија - [nickname]"
Не дека е ова кизнај колку прифатливо или неприфатливо, ама во секој случај ќе зависи од неговата примена. Поточно се ќе зависи од тоа како ќе не викаат невладини организации, и големите корпорации. Тука ќе бида борба за наметнување притисок и од страна на едните и од страна ан другите... емаил спам итн итн...

И ќе помине без промена на Уставното име
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Ова добро решение? :toe:

Јас излегувам на протести ако ова го прифатат!

- Да не викаат Република Македонија САМО ако Грците не се инволвирани во настанот... или да појаснам: во сите спортски натпревари (првенства), Евровизија, Совети, Европска Унија, Нато, Обединети Нации ... итн итн итн... да не викаат „Факин Предлог на прогрчкиот педер Нимиц - Сложено Име Македонија“,
- А кога ќе разговареме очи во очи со некоја држава каде Грците немаат корист, да се викаме Република Македонија.

Па... Што добиваме со ова? аа, да добиваме од привремено име - СТАЛНО име
Викав за двојна формула, не за тоа..За Грција да не вика како сака ама кон другите земји и кон меѓународните институции да си биде Република Македонија(како што беше и претходно предлогот)..А тоа што го цитираш, само го пренесував како вест, и јас не се сложувам со него

edit: Јас мислам дека двојната формула е единствено решение..Решение кое во меѓусебната комуникација Грците нека не викаат како ќе им душа сака..Ама во друга намена да се користи УСТАВНОТО ИМЕ Република Македонија..
Еве ти и цитат
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Незнам ама баш ми се поставува едно прашање доколку ние ја прифатиме тројната формула? Што кесе случи со земјите што не признале под уставно име Македонија ,а бројката богами и нее мала , некаде над 120 земји .Значи со 2/3 од земји членки од ООН што не признале дали има и понатака реален компромис за решавањ на спорот за името со Грција?Референдумското прашањ дома некако ми седи како да сме во недоумица којсме и штосме па мораме да точно се изјасниме , а тој носи и свои последици.Ставени сме во мошме тешки искушенија секоја одлука сто кесе донесе ке биде погубна за нас.НАТО или ЕУ несе вечни , ние името го носиме илјадници години .Тие истите што денес ни судат или крстат еднас во 1913 си донесоја одлука да ја растурат Македонија без ни малку совест, ете и денес се истите ѓелати на земјата.Некој спомна Киро како изнашол привремено решение кое и ден денес ни тежи,како некој товар сто го носиме ,мегјута и поставено прашањ тогаш тоа беше морално демек санкции или изолација.Се е тоа хипотетика или што би било кога би било.Само ние тогаш усте плачевме по бившата ни ју и неспремни влеговме во независност и дрзавност,личевме како муви без глава . Да не ги повторувам зборовите на Денко Малески и сличните како него кој едноставно се гробарите на оваа држава.На овој народ мислам немуе ниту до ЕУ и НАТО ниту кеим го смени животот во блиска иднина.Влез во НАТО или ЕВРОПА мегјута не по секоја цена.Подобро да умрам ако треба достоинствено него да зивеам како нечиј слуга.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom