A
anaveno
Гостин
ПАРАДОКСОТ НА ГРЧКИТ Е ФРУСТРАЦИИ ЗА УСТАВНОТО УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈA
Офанзивата на грчката надворешна политика продолжува со несмалено темпо и грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и натаму ја труе европската јавност со грчката параноја, фрустрации истравови кои, за жал, успеа да ј ги подметне на ЕУ како кукавичко јајце! Таа се испазари за поддршката на Брисел околу проблемот со името, откажувајќи сеод својот став против независно Косово!
"Колепката на демократијата" со тоа само ја докажа својата уценувачка политика, преку ноќ менувајќи ги своитепријатели, пред сe, Белград!
Доколку се вратиме малку назад во историјата ќе ни биде јасно ова параноичнооднесување на грчките лидери,кое всушност води корени од нивниот катастрофален пораз во битката кај Херонеја, кога фалангата на македонскиот цар Филип Втори, токму оној кој Демостен го навредувал дека говорелна јазик неразбирлив за Атињаните, ј го нанесе најголемиот срам на тогашната атинска аристократија!
За волја на вистината, деновиве Атина навистина и хистерично се однесува во однапред изгубената битка околу уставното име на Република Македонија, сеејќи магла и прав со агресивните настапи по европските и светските престолнини, кои ја претставуваат моќта на меѓународната заедница, со надеждека ќе успее да ја оневозможи политиката за проширување на НАТО или наЕУ, во чие донесување учествувала и таа или, пак, ги прифатила ставовите наостанатите членки на овие евроатлантски интеграции.
Се прашуваме: Можат ли креаторите на грчкиот цинизам и ксенофобија да ја објаснат сопствената заложба, која инаку би значела оставање црна дупка во Западен Балкан, а тоа би била Република Македонија како единствен признат државен ентитет,кој би останал надвор од НАТО и од ЕУ,односно како нов вкусен залак за кој натаму би се бореле четирите волка од соседството на Македонија!
Или како што луцидно забележа еден македонски патриот Грција ќе мора да го избрише името Македонија кое дури 26 пати сеспомнува во Светото писмо - Библијата!
НАРОД НЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА – ТОЈ ПОСТОИ ИЛИ ГО НЕМА!
Деновиве, испровоцирана од реалноста на состојбите кои не одат во прилог на грчката националистичка и ксенофобична политика кон своите соседи, Дора Бакојани изјави дека ако постоело македонско малцинство во Грција тоа досега ќе се појавело на јавната сцена.
Но, по сe изгледа, наспроти силните историски емоции за античкиот период, таа заборава на многу нешта:
на Букурешкиот договор со кој етничката територија на Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија;на обврските за воведување образование на македонски јазик со употреба на АБЕЦЕДАРОТ, испечатен по налог на тогашното Друштво на народите, а кој требаше да се употребува на "ново освоените територии"; на спогодбата Калфов-Политис за размена на населението меѓу Бугарија и Грција кога Македонците од Егејскиот дел ги преселуваа во Бугарија, а на нивно место се носеа "маџири" од Мала Азија;на беснеењето на андартските банди или на џандарите на диктаторот Метаксас, на асимилацијата и денационализацијата на македонскиот народ, кој таму остана да живее под најтешки услови; на ЕЛАС и ДАГ и на измамата на македонските борци дека КПГ ќе се залага за нивна рамноправност во една нова и демократска Грција; на 28.000 деца кои беа "спасувани" со депортирање во Источна Европа; на Законот за репатријација на бегалците од Граѓанската војна, но само за оние кои ќе се изјаснат како "Грци пород"; на систематското уништување на македонските гробови и цркви во Егејска Македонија, дури и на артефактите од античкиот период, кои говорат за македонското културно наследство на тие простори; на преименувањето на селата и градовите со грчки имиња за кои сведочи книгата на д-р Тодор Симовски "Топонимите во Егејска Македонија"...
Меѓутоа, примената на апстрактниот модел на спекулативниот идеализам напознатиот германски филозоф Хегел,кој на прашањето што би рекол кога некој факт би се нашол во спротивност со неговата филозофска шема, одговора - дотолку полошо за самиот факт, на актуелната грчка политика која се плаши од нов пораз ј се заканува голема опасност!
Со неумерено пренагласување на неисториски или на анахрони тврдења дека Македонија всушност била Грција, без да одговори зошто тамошните Македонци, и покрај суровата репресија, и натаму го користат мајчиниот јазик, народните обичаи и култура, односно пред светот да каже, на пример,зошто Вселенскиот патријарх Вартоломеј и натаму ги задржа ингеренциите за поставување владици на православната црква, кои се надлежни за верниците во Егејска Македонија, а тоа не го прави поглаварот на ГПЦ, Архиепископот Христодуло!?
ГРЦИЈА И БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР!
Сега слушаме дека долгорочната стабилност на Балканот зависела од решавањето на проблемот со грчките фрустрации за нашето уставно име!
Браво!
Значи, добрососедските односи и градењето политика на доверба и соработка зависат од фактот дали ние ќе потклекнеме пред уцените на Грција!
А зад сe тоа вешто се протураат фабрикувани невистини дека Македонија гаела иредентистички претензии со именувањетона аеродромот кај Петровец со името на најголемиот македонски цар Александар Македонски, кој очигледно треба да остане во ексклузивна сопственост на грчката пропагандна машинерија, која не престанува со повиците"Македонија е грчка", без при тоа да објасни зошто 30.000 атински војници се бореле против фалангите на Александар Македонски во Мала Азија во борбата со персиската армада на царотДарие!
Значи, досегашните историчари биле во голема заблуда и воопшто не ја знаеле оваа "братоубиствена војна", кога соодветно на грчките ставови произлегува дека "Грците се борат против Грците"?!
Лицемерно е да се прифаќа ваквата проблематична грчка позиција ако се знае дека токму нејзината актуелна политичка елита беше сведок кога до почетокот на распаѓањето на бивша Југославија, Егејска Македонија се нарекуваше Северна Грција, а со осамостојувањето на Република Македонија таа почнува со преименувањата: солунскиот аеродром го доби името "Македонија", солунската новинска агенција стана"Macedonian Press Agency", странците се чудат кога при поминувањето на граничниот премин Богородица, штом излезат од Република Македонија, гледаат во огромно пано со "Welcome in Macedonia"!
Новинарите ќе мора при првиот престој на Дора Бакојани во РМ, најверојатно во јануари идната година, да ја прашаат што значат повиците на солунскиот владика Антимос за освојувањена преостанатите грчки територии, што се однесува на Р Македонија и дали тоа можеби не претставува акт на изразување територијални претензии, за што засега во Атина нема никакви реакции!
Од друга страна, атинската дипломатија веќе почна да ги пребројува "пријателите" и "непријателите", особено оние кои незаинтересирано ја следат неуспешната битка на Грција околу името на нашата држава, со цел за уште една офанзива со која на сите начини ќе настојува овој непостоечки и во основа билатерален конфликт да го внесе во текстот на документите, кои ќе бидат усвоени на средбата на врвот на НАТО на 14 декември. Во таа "битка" Грција за главен непријател ја смета Велика Британија, која во последно време сe повеќе ја следи политиката на САД, која беше преточена во признавањето на нашата држава под уставното име и оценките дека проблемот околу името, зашто Вашингтон сугерираше да продолжат преговорите меѓу двете страни, не може да биде услов за донесување одлука за прием на РМ во НАТО.
На таков начин неблагодарната Атина загуби голем сојузник, кој во досегашната историја на формирање на грчката држава имаше големо влијание за европското препознавање на античката историја и"грчка" култура и цивилизација, во време на романтичарскиот занес на големиот англиски поет Џорџ Гордон Ноел Бајрон, кој успеа да ги канализира европските навраќања кон античкиот период и во време кога европскиот романтизам се воодушевуваше од тогашните достигнувања во областа на културата.
Очигледно времињата се менуваат и тоа не е во прилог на грчката националистичка и ксенофобична политика, која на ваков начин се откажува од пријателството со Велика Британија.
А што, ако сепак, во поинакви услови,се постави прашањето за ревизија на Букурешкиот договор од 1913 година и поделбата на етничката територија на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија, во време кога сe поактуелни и повозможни се новите територијални разграничувања на Западниот Балкан?
За тоа нека мисли Грција, а ние ќе знаеме што да правиме?!
http://www.makedonskosonce.com