Новинарите се ретардирани, Љиља е горда, а Тоше почива во мир!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ИНТЕРВЈУ СО ЉИЉАНА ПЕТРОВИЌ, МЕНАЏЕР НА ТОШЕ ПРОЕСКИ:

Не е веќе веќе важно што јас зборувам

Пред 40 дена патуваше заедно со Тоше и ја преживеа стравичната несреќа. Во склад со македонските религиски обичаи молчеше. Иако во изминатиов период многумина ја прозиваа, таа молчеше ... Ексклузивно за Нова ТВ - Љиљана Петровиќ

На што се сеќавате тоа кобно утро кога се случи несреќата?
Петровиќ: Прво, имав еден страшен проблем, можеби тоа е посесивност или само вера во себе, но јас и Тоше пет години патувавме сами. Единствено си верував себе и нему. Немаше професионален возач, не сакаше затоа што не се чувствуваше пријатно. Не можеше да зборува, разговара, да се однесува нормално затоа што се потоа се прераскажуваше. Тоа за него беше невозможно. Се сеќавам влегов во автомобилот, ми раскажуваше за интервјуто, затоа што не бев тука со него на тоа негово последно интервју. Ми раскажуваше, не ми кажа дека во него ме нарекол негова втора мајка. Тоа го дознав после се'. Интервјуто не сум го гледала и не ни можам. Главно дискутиравме за тоа. Во еден момент се заврте и ме праша: "Сонуваше ли ти нешто". Тоа ми беше мошне чудно. Потоа застанавме на бензинска пумпа. Џоле ме праша каде се парите за гориво, му кажав и тој отиде да купи и кафе. Тоше го слушнав кога рече дека не сака кафе затоа што ќе продложи да спие. Ми го донесе кафето, пиев и го отворив прозорецот да запалам цигара. Тој го испи кафето, го прашав дали е уморен ако сака да го заменам, но ми кажа дека се сосема ОК и дека се чувствува добро. Спиев онака во полу сон, се плашев да не го удрам Тоше, видев дека спие. После тоа слушнав удар. Се останато, веројатно, веќе го знаете. Тогаш се сруши сиот мој свет и сега воопшто не е важно што јас зборувам.
Во јавноста излезе и договорот кој вие сте го потпишале во име на Тоше за настап во Будва за Нова година. Наводно сте зеле авансно 45 илјади евра, а сега се појавија шпекулации дека тие пари нема да бидат вратени како го коментирате тоа?
Петровиќ: Како прво договорот беше 50 илјади со тоа што тие имаа обрска да платат 4900 евра данок во Црна Гора за ние да можеме парите да користиме во која било земја без дополнителни обврски. Бевме многу среќни што постигнавме таа цифра од 45.000 евра нето. Договорот е тотално легален. Ја има согласноста на Тоше и тоа не се мои пари, туку пари на Тоше, за бендот, за патни трошоци, за мене. Со уредно платен данок, без никакви обврски кон Македонија затоа што парите не ги ни заработивме во Македонија. Значи, го плативме во државата во која и ги заработивме. Не знам зошто луѓето не се среќни што Тоше постигна едно такво ниво за да може да заработува. Една работа морално и материјално ја гарантирам дека - ниту јас ниту Тоше некогаш во животот затајувавме данок. Значи, никогаш.
Од каде тогаш сите оние наводни документи што излегоа во медиумите дека сте должни илјадници евра данок, дека имало некакво затајување. За што станува збор?
Петровиќ: Сега ќе ви кажам. Тоше е единствениот пејач од цел свет за кој сами моравме да плаќаме за Евровиизја, на таа Евровизија дојде до огромни губитоци во фирмата. Се разбира, пиратеријата од пет години го направи своето, заштита немавме и во еден момент фирмата падна во криза, се разбира, со пријавување даноци и ние моравме тој данок да го плаќаме на рати.
Многу се пишуваше за вашиот однос со Тоше некои зборуваа дека сте му биле практично втора мајка, најдобар пријател и животен сопатник, а други дека сте го искористувале. Каков однос имавте со вашиот штитеник?
Петровиќ: Како што знаете јас сум единка немам ни брат ни сестра. Не сум мажена, па немам ниту деца, затоа што не можев да имам. Така да Тоше се појави во мојот живот кога имаше премногу емоции или некоја голема празнина која ја пополни и тоа на некој начин ми беше Божји дар. Не се разбирав во музика. Тешко е да успееш во тој бизнис ако не ја знаеш работата, но мошне е лесно ако ја работиш од љубов, имаш цел и една голема желба. Веројатно, луѓето тргнуваат од себе. Чуден тип, чуден склоп секогаш тргнуваме од себе. Сите заклучоци доаѓаат доаѓаат од луѓе кои во тој момент би постапиле поинаку отколку јас. Ќе кажам повторно, ги разбирам. Никогаш не сум барала тие да ме разберат мене. Мене животот ми беше исполнет. Мојот живот беше Тоше Проески. Ако сфатат колкав беше притисокот и колку Тоше беше популарен јас и морав на некој начин да се борам да го заштитам од сето тоа.
Во какви односи бевте со семејството на Тоше?
Петровиќ: Во мошне, мошне коректни. Тоше изгради однос еден да ниту тие се опуштаа во нашата работа ниту јас во нивниот приватен живот. Тоше имаше огромна љубов кон своето семејство. Ако кажам дека љубовта што тој ја негуваше кон нив и обратно верувам дека цела Македонија не се сакаше толку колку тие.
Се околу кариерата на Тоше вие работевте сами.
Петровиќ: Да, исклучиво јас. Меѓутоа пред една година се откажав од целата кариера на Тоше на Балканот, се откажав од сите дела, албуми, спонзорите ги префрлив на друга фирма за тие да вложат во неговата кариера во светот.
Неколку дена по смртта на Тоше во јавноста се огласи Андријана Будимир и се претстави како негова девојка, што можете да кажете за таа девојка?
Петровиќ: Дека Андријана и Тоше беа во една врска врска од 2002 година април-мај до 2003 година. Во 2003 таа отиде за Подравка и врска се растури.
Ја одобрувавте ли вие врската на Тоше и Андријана?
Петровиќ: Да, ја одобрував, меѓутоа...
И ако сега таа во јавноста зборува сосема поинакви работи?
Петровиќ: Веројатно, од причина можеби јас да не би кажала нешто друго. Андријана се појави во април оваа година од Шпанија, од клубот од кој си замина, а од која причина веројатно тоа таа ќе ви каже. Сакаше да игра за Кометал во Скопје, а Тоше чувствуваше обрвска, барем оноколку колку јас знам, да и помогне. Она што ми беше важно е дека на прашањето Тоше дали сака да се врзува, да има поголема или подолга врска или што планира, ми кажа дека планира да се посвети на својата светска кариера.
Значи тоа му беше примарна цел?
Петровиќ: Апсолутно, и дека нема намера ниту да се жени ниту да живее со кого било заедно.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
брат има уште не си го копирал целосно :)
читаш вечер а?
ти препорачувам зграпчи го денот и земи вест
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Luge,neli e dosta?Ostajte go da pociva vo mir....
 
V

Viktoranius

Гостин
Абе ајде глупости се се тоа. Што и да прават, Тоше нема да се врати. Не едно и сто интервјуа да направат тоа е.
 

mc dc

I hate this bitch
Член од
20 август 2007
Мислења
508
Поени од реакции
0
Abe ne e zenata kriva zasto ja osuduvate.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Ја не читам ништо во врска со Тоше , нити верувам во тоа што се пишува.Сакам да си го запамтам Тоше таков како што си го знаеме додека беше жив. А ова се со се пишува се само приказни да се продадат повече весници.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Го даде интервјуто да, ама тоа не го враќа ниту пак нешто ќе промене во врска со Тоше...
Сметам дека непотребни се секакви излишни додавања, препукувања и судења во врска со и околу менаџерката за Тоше...
Да се заштитиме себеси од лоши чувства и препукувања...
Темава ја затворам
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
Новинарите се ретардоси, Љиља е горда, а Тоше почива во мир!

Претпоставувам дека сите сте ја гледале Бисери... и покрај се што кажа Љиља, мој заклучок е, дека женава е горда на Тоше пред се и на себе, а Тоше почива во мир!


П.С: доказ дека вистината и правдата победуваат се
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
срамота за нашиве новинари, одамна не сум слушнал така глупави прашања.
 

Ајверсон

Confessions*
Член од
4 август 2007
Мислења
3.116
Поени од реакции
5
на почетокот и јас ја обвинував , незнам зш ваљда ми требаше некој за да обвинам за смртта на Тоше.. Ама сеа сосема ја подржувам и мислам дека мак. новинари ја претереа малце до некој степен.. .и да не речам беа офтипк :) , сеа се расчистиа повеќе работи и конечно (изгледа ќе го остават да почива во мир)
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Како и да е, имаше премногу напаѓање од страна на новинарите-али тоа им е работа.
Грев ми падна за Лиља во одредени моменти, изгледаше како да е пред суд! Не би дискутирала понатаму бидејќи се шо сакав да знам-дознав!
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Па според она што го кажа и треба да биде горда. Толку обезбедени настапи, тезги, се завршено како што требало да биде, ништо заостанато...
Реално жената се соочи со сите кои ја обвинуваа, реално им ги изнесе сите факти, кажа најискрено како и што се случувало.

Тоше почивај во мир.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашањата беа одвратни и дебилни и тотално небитни, емисијата требаше да биде за Тоше, за неговта хуманост, итн., а не да се претвори во хајка против Љиљана.
Новинарката од Хрватска единствено постави нормално прашање.
Љиља супер се држеше, им одговори на сите, а и на моменти немаа што да кажат,се закутуваа.
Не дека Љиља ми е омилена личност, ама ова денес не личеше на ништо од страна на новинарите.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Јас не скопчав за шо точно се работи. Преправам одма. :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom