Јас како најлојален и веројатно најголем фан на Gn'R морам да застанам во нивна одбрана. Иако не сакам да дискутирам на овакви теми, за да не страдаат невините поради грешни информации изнесени од некои од членовите, ќе кажам 2-3 збора и толку...
Колку и да сакаат да веруваат некои дека Izzy пишувал којнае што, тоа не е така. Глупост е дека Аppetite For Destruction скоро цел го напишал Izzy. Сите песни од албумот се пишувани на следниов начин: Axl идел со идеја за песна или со некој интересен рефрен и Slash, Izzy и останатите заедно ја склопувале песната. Izzy не придонесувал толку многу музички колку што придонесувал за внатрешната цврстина - како мост помеѓу Axl и останатите членови. Можеби и затоа после неговото заминување и екстра-долгата турнеја во 1992 почнале да се распаѓаат. А дека Izzy ѓи напуштил заради Axl е тешко да се каже. Би рекол дека тоа се случило заради неподносливата атмосвера, којашто владеела помеѓу останатите. Едно е сигурно, дека они двајца и ден денес се добри другари. Не знам колку од вас ги следат работите и новите ствари од Gn'R, концерти и сл. ама јас ги следам. На некои од овогодинешните концерти нивни има настапувано и Izzy, што значи нешто...
Едно е сигурно - магијата на Gn'R се јавила кога се споиле Axl и Slash. Веројатно едно меѓу најголемите и најважни ствари воопшто во музиката е нивното спојување. Тешко е да се каже дали некогаш ќе се роди поголем фронтмен од Axl. Маестрален е на концертите, трча, го има насекаде, пее, свири понекогаш, а и имиџот му е посебен - вистински водач. Поголемиот дел од нивните песни ѓи има напишано он. Дека истото се однесува и за Slash, исто би се согласил. Ретко кој има таков осет за мелодија како неговиот, исто и имиџ. Јас лично го сметам за огромен гитарист, ако не и најголем, со огромен допринос, иако некои закоравено-тешки металци нема да се согласат со мене. За настапите во живо само ќе кажам дека малку се тие бендови кои можат да се пофалат со таков квалитет и успех како нивниот. Можеби еве Nirvana е еден таков бенд.
Ако некој го интересира нешто повеќе, слободно нека пише...