Никогаш не ни е дадено повеќе од колку што можеме да поднесеме?!

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Зависи од видот на случките кои ни се дадени како терет. Нормално дека не може да го споредиме товарот на нечија смрт со товарот од неположен испит. Во принцип силни личности се оние кои имаат за што и за кого да живеат во секое време. Значи имаат повеќе цели и светли точки во животот кон кои целат и за кои се борат. Ако едната ги изневери, имаат резерва.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Значи што ако го знаеме времето, што тогаш?
Ех...па ете јас сакам да верувам дека луѓето ќе го почувствуваат баш тоа:ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ кога им е доста од работите кои ги измачуваат и ќе започнат да делуваат поинаку-во полза на себеси(не да си го одземаат животот и да запаѓаат во уште потешки мисли).
Но,реалноста е поинаква за жал и многумина незнаат кога е тоа време за на крај да ги прегази истото.

Преминувањето на границата е за секого различно.Јас лично ретко запаѓам во депресии,ретко станувам рамнодушна...што значи не дај Боже вистинската граница за мене ќе биде во оној момент кога ќе помислам да си го одземам животот.Тогаш ќе знам дека дошло вистинското време да кажам доста е и да почнам да допринесувам најмногу што можам за да ја избегнам таа состојба.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Тоа е проблемот на денешново време каде да, ни се нуди многу повеќе од она што можеме да го поднесеме. Човечкиот дух е се послаб се помалку има живот во него бидејќи се помалку се обрнува внимание на духовно здравје. Но доколку духот не ти е здрав нема ни телото да ти биде здраво.
Искуството е потребно но не секогаш помага, не можеш да имаш искуство за сите работи кои следуваат а некои проблеми мораш да ги решиш набрзина и тука е стресот.
Стресот сами си го создаваме некако испадна модерно да бидеш под стрес, да брзаш негде а и самиот не знаеш зошто.
Затоа ако имаш здрава духовна сила можеш многу лесно да ги селектираш добрите од лошите работи кои се нудат на било кој начин а со тоа и да помогнеш на луѓе кои тоа не го можат.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Се согласувам со тоа дека никогаш не ни е дадено повеќе од што можеме да поднесеме. Човекот е посилен од се, и ако некогаш велиме дека неможеме да издржиме нешто, дека се откажуваме, сепак продолжуваме со животот се бориме и живееме.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Апсолутно можеме да го поднесеме она што ни е дадено зашто во спротивно нема да ни биде дадено нам туку на некој друг. Секој го добива само она што е способен да го издржи, никогаш повеќе.
Та зарем сте виделе некој да умрел од болка на душата или депресија?
Не. Само она што можеме да го поднесеме го добиваме, другото го добиваат другите.

Животот не е фер, за некои е прекрасна градина, за други е пекол, животот е константна борба и вечно страдање, треба да се издржи и треба да се бориме, но јас не ги осудувам самоубијците, пред да осудиш застани! размисли зошто и тебе ќе ти се суди.
Животот е вечна борба-ДА, но животот не е страдање. Има моменти од животот кога страдаме, но зошто секогаш ги забораваме моментите кога сме биле среќни и задоволни? Зошто секогаш ги ставаме на игнор? Ние луѓето сме такви кретени така што што и да ни се даде, нас не прави незадоволни па секако дека заслужуваме да страдаме.

И животот е фер, зашто не би бил фер. Секоја здрава личност може да постигне се што сака и се што и е потребно во животот. Прашањето е колку е спремна таа личност да се бори за тоа што го сака и колку далеку е спремна да отиде?
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Та зарем сте виделе некој да умрел од болка на душата или депресија?
Не.
Не???Епа јас сум видела,многу чудна работа...Депресијата е патолошка состојба на умот,не на телото,па ако очекуваш од депресија да ти откаже срцето или желудникот...малце потешко,али ако сметаш дека депресијата не може да има последици по здравјето,па и животот понекогаш,тоа е навистина...чудно,ај да речам така..

Само она што можеме да го поднесеме го добиваме, другото го добиваат другите.
Другото го добиваат другите??Кое друго?Тоа што можат да го поднесат тие,а не ние?? А,што со тие што го добиле тоа што го добиле,а не го поднесле како што требало,или не го поднесле никако?Изгледа биле преценети нивните можности или станува збор за грешка во распределбата.

Едноставно,треба да се прифати дека не сме сите луѓе исти,сите имаме различна точка на топење и тоа е тоа.Нашите перцепции за нештата што ни се случуваат,како ги доживуваме и како реагираме на нив,варираат до екстреми.Тоа што кај некој предизвикува мала загриженост,истото некој го гледа како крај на светот.

Вистинската големина на една личност,според мене се гледа во нејзината храброст да ги тргни розовите очила,да ја види вистинската слика,онаква каква што е,несовршена и понекогаш прилично грда,но тоа да не и ја убие или намали волјата и желбата непрекидно да работи на нејзино подобрување.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
И животот е фер, зашто не би бил фер. Секоја здрава личност може да постигне се што сака и се што и е потребно во животот. Прашањето е колку е спремна таа личност да се бори за тоа што го сака и колку далеку е спремна да отиде?
И јас мислев така кога бев преокупирана со тоа колку успевам да ги реализирам моите планови и желби, но почнав да менувам мислење кога гледам дека не секој го може истото. Дури и јас не го можам, кога ќе ги фрлиме на страна оние материјалните работи.
Најпрост пример. Што може да постигне една мајка која има лош брак, не го сака својот сопруг (ја изневерува, малтретира итн), но не може ни да го остави затоа што децата се луди по него? Да е себична и да го жртвува детството на своите деца или да се жртвува таа и за нив да го проживее самиот пекол? Како една здрава личност може тоа да го реши и како и колку треба да се бори за тоа што го сака т.е. за еден пристоен и добар живот?
Не велам дека е тоа несекојдневна ситуација која е повеќе од тоа што можеме да поднесеме (милион такви случаи има, па ваљда е нормално) и од која некој може да умре, но реално, зарем нема пред време да пропадне една таква личност? И за крајности знам, не дека не. Знам за несреќни жени кои туку така умреле на млади години. Затоа и јас би прашала ... зарем со нив се случил некој кикс и им била дадена по грешка животна ситуација, со која ете не успеале да се справат?
 
F

FilipMacedon

Гостин
Човекот треба да има/почувствува интуиција за некоја работа,и на таа да се сконцентира,другиве кои се случуваат несакано/непланирано треба да ги се сноси со нив,но како маргинализирани,односно да не им се заморува многу,само да помине преку нив.

И јас мислев така кога бев преокупирана со тоа колку успевам да ги реализирам моите планови и желби, но почнав да менувам мислење кога гледам дека не секој го може истото. Дури и јас не го можам, кога ќе ги фрлиме на страна оние материјалните работи.
Најпрост пример. Што може да постигне една мајка која има лош брак, не го сака својот сопруг (ја изневерува, малтретира итн), но не може ни да го остави затоа што децата се луди по него? Да е себична и да го жртвува детството на своите деца или да се жртвува таа и за нив да го проживее самиот пекол? Како една здрава личност може тоа да го реши и како и колку треба да се бори за тоа што го сака т.е. за еден пристоен и добар живот?
Не велам дека е тоа несекојдневна ситуација која е повеќе од тоа што можеме да поднесеме (милион такви случаи има, па ваљда е нормално) и од која некој може да умре, но реално, зарем нема пред време да пропадне една таква личност? И за крајности знам, не дека не. Знам за несреќни жени кои туку така умреле на млади години. Затоа и јас би прашала ... зарем со нив се случил некој кикс и им била дадена по грешка животна ситуација, со која ете не успеале да се справат?
И не е баш така,кај повеќето кои жените ги тепале е тоа што таа се обидела да наметне свој режим во бракот,мажот во таквите ситуации посегнува на насилство,но физичко,со цел да спречи од другата страна психичко.
Додека пак во некои ситуации има случај на "попуштање" од страната на мажот,со што се создава феноменот папучар,и во куќата владее атмосферата на радикалниот феминизам.
Има случаи кој што јас ги знам каде што жената го тепала мажот,значи не малтретираат само мажите.
Како и да е во бракот,за да функционира се во најдобар ред треба работите да се постават природно и да владее еден вид еднаквост меѓу половите
 
Не е темава за типови на брак, па не мораше да се сконцентрираш баш на причините за насилство. Дадов пример од многуте околу нас, каде мажот едноставно е насилен, заостанат балканец и од свои икс причини се однесува така. На крај, ништо не го оправдува таквиот чекор, па ни една лоша жена.
Значи, назад на темата.
 
Член од
3 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
takvi situacii gi ima bezbroj.....vo tie situacii zenata ne zivee tuku ednostavno prezivuva zatoa sto od vnatre e veke mrtva ....site imame po eden zivot i nikoj ni go nema dadeno na podarok zatoa treba da go ziveeme nie zosto e nas ...da se ostane vo takov brak zaradi decata neznam decata ke go najdat svojot pat i ke poletaat no zenata ke ostane vo brak a sama ogorcana na celiot svet a koga ke pogledne pozadi sebe samo pustos zivotot pominal pokraj nea a taa i ne ucestvuvala vo nego bila samo nem posmatrac .....treba hrabrost da se prodolzi napred a da si go odzemes zivotot e lesno tesko e itreba hrabrost da se boris so istiot .....covekot moze da podnese mnogu poveke otkolku sto misli zosto covekot e posilen od karpa no i pokrsliv od staklo
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Меѓу другото, покрај одговорностите, некогаш ни се дадени и премногу благодети отколку што можеме ние да цениме(поднесеме) и заради тоа сме ,,несреќни", па имаш синдром ,, да умре комшијата, да му ја земам козата". Несреќата е чувство на дефицит, а за да има дефицит, мора да имаме или преголеми очекувања, или да сме опкружени со средина која има повеќе од нас. Во секој случај, повеќе од што може да поднесе на плеќи, има човек кој не знае да го цени она што го опкружува, некој што не знае да го развие талентот, некој што лембечи по цели денови, не придонесувајќи да се чувствува корисно.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Другото го добиваат другите??Кое друго?Тоа што можат да го поднесат тие,а не ние?? А,што со тие што го добиле тоа што го добиле,а не го поднесле како што требало,или не го поднесле никако?Изгледа биле преценети нивните можности или станува збор за грешка во распределбата.

Едноставно,треба да се прифати дека не сме сите луѓе исти,сите имаме различна точка на топење и тоа е тоа.Нашите перцепции за нештата што ни се случуваат,како ги доживуваме и како реагираме на нив,варираат до екстреми.Тоа што кај некој предизвикува мала загриженост,истото некој го гледа како крај на светот.

Вистинската големина на една личност,според мене се гледа во нејзината храброст да ги тргни розовите очила,да ја види вистинската слика,онаква каква што е,несовршена и понекогаш прилично грда,но тоа да не и ја убие или намали волјата и желбата непрекидно да работи на нејзино подобрување.

Има луѓе каде константно им умираат блиски членови па ене сеуште се живи. Тие не страдаат, нив не ги боли? И они се човечки суштества, но сеуште се живи.

Сите гледате црно на работите наместо да се изборите самите со себе и да продолжите напред со животот. Несреќата привлекува несреќа, колку повеќе тагувате толку повеќе добивате причина да тагувате.
Секој си е ковач на својот живот, како ви одговара така правите мене не ме интересира воопшто.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Има луѓе каде константно им умираат блиски членови па ене сеуште се живи. Тие не страдаат, нив не ги боли? И они се човечки суштества, но сеуште се живи.
И???
Јас реков дека сите умираат кога ќе доживеат несреќа???

Ај вака,пошто гледам дека не се разбираме....Сите луѓе не реагираме на ист начин за иста работа,различни сме дури и во прагот на толеранција.:)Некои несреќата ги прави посилни,некои тотално ги уништува,значи не биле во состојба да ја поднесат.Мислиш дека сите луѓе еднакво поднесуваат болка или треба да поднесуваат?Тоа е невозможно.

Сите гледате црно на работите наместо да се изборите самите со себе и да продолжите напред со животот. Несреќата привлекува несреќа, колку повеќе тагувате толку повеќе добивате причина да тагувате.
Секој си е ковач на својот живот, како ви одговара така правите мене не ме интересира воопшто.
Со ова се согласувам,ама со болдот во никој случај.:smir:
 
С

Сатори

Гостин
Дали?
Колку е ова вистина?
Всушност колку ние можеме да поднесеме од секојдневните предизвици и непредвидени ситуации што ни ги приредува животот?
Која е границата и вистинското време да кажеме: ДОСТА Е,НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ПОДНЕСАМ?
Предноста во тоа да се биде човек е можноста се да се истрпи и на се да се навикне, зошто човекот лесно се адаптира и модифицира во однос на потребите (внатрешни и на околината) само за да може да егзистира.По таа логика веројатно не ни е дадено повеќе од она што можеме да го поднесеме затоа што можеме да поднесеме скоро се.Сите пронаоѓаат начин да се носат со проблемот, дури и тоа да значи манијакална депресивност проследена со хиперактивна анкциозност, сепак е справување со ситуација (проблем) само на свој сопствен начин и тоа треба да се разбере, ако не се почитува.

Додека за да се да ни биде премногу и да речеме доста е треба многу малку, зошто ако не го изговориме, ќе го помислиме, но тоа е само уште еден тип на одесување на човекот кога се сожалува себеси за да му биде полесно или поинтересно.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мене не ми е јасно, зборуваме за неможност да се поднесе нешто, определен настан, или неможност да се поднесе целиот живот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom