Ајде еден сериозен пост од моја страна. Стварно.
Многу ми е жал што морам да го кажам ова, ама се слагам го погорецитираниот пост на нашата драга Aurora. Тоа беше тоа што сакав да го кажам. Ако тој ваш бог навистина постои, зошто дозволува да се водат војни во негово име? Колку крстоносни војни имало до сега? Колку жртви се принесени во име на бога? Колку семејства се убиени, знаете? Колку луѓе, колку нации се сакатени фор д лав оф гад?! И што се постигнало..? Дали тогаш го пронашле тој духовен мир што го тупите на секоја е*ана страна у целава дискусија? Кога убивале тие големи верници, се чувствувале исполнето? Се чуствувале дека поблиску до бога кога пролевале нечија крв? Нели библијата вика "Не убивај"? "Простувај"?! Зошто тогаш никој на никој не простува а Господ само мирно посматра и дозволува да се дешава се што се дешава?! Зошто секој ден се дешаваат грозоморни убиства, силувања, пљачкања, природни катастрафи...? Зошто секој ден стотици луѓе остануваат без покрив над глава, умираат од глад, се заразуваат од неизлечливи болести. Господ сака така? Зошто сака така кого од друга страна викате дека пропагира мир у светот, среќа, љубов, хармонија..? Зошто се делите на христијани, мусличи, будисти, атеисти, антихристи? Нели сите сме исти? Нели сите сме човечки суштества од крв и месо..?
Ама претпоставувам дека нема да добијам одговор на ни едно од овие прашања пошто неможете да си ги одговорите. Колку и да ви е силна вербата во "севишниот", глупо е да речете "зошто тој така сакал".
Тој така сакал не е одговор на се. Впрочем, тоа не е одговор на ништо.
Малце сум офтопик...
Ти препорачувам да си прочиташ Библија, па после да коментираш.
Ама ќе ти реплицирам, пошо знам дека никогаш нема да седнеш да прочиташ, а сепак малце од малце да ти биде појасно.
„Така Господ сакал“. Кој го рече тоа? Никаде во Бибијата не пишува дека „Господ така сакал“! Според тебе тоа што има војни е Божја волја? Тоа што луѓето се мразат меѓу себе е Божја волја? Тоа што се случуваат убиства, кражби, силувања, тоа е Божја волја?! Тоа што целото човештво се дели секој на своја страна со свое верување, своја религија, што се убиваат меѓусебно поради религијата, тоа , според тебе е Божја волја? Па и јас несакам таков Бог.
Ама пак ќе ти кажам, прочитај Боблија, многу убаво пишува.
Да беа сите послушни и да се придржуваа до она што е напишано во Библијата,
те уверувам дека сите ќе живеевме во хармонија и радост и дека немаше да има ниту силувања, ниту војни, ниту кражби, ниту омраза, ниту природни катастрофи. Ништо. Буквално! Ќе владееше мир и љубов меѓу луѓето.
Те уверувам!
Смртта е таа што неможеме да ја контролираме. Навлезена е во целото човештво и не се поминува без неа. Не зборувам за смрт при убиство, туку за „природна смрт“. И кога умираат луѓе, чувствуваме жал, тага.
Но и смртта не е неизбежна. Да, можеби ние ќе умреме на овој свет, да, можеби нашето тело ќе изумре, но духот живее засекогаш и има ВЕЧЕН живот после оваа смрт. Секако, тоа каков ќе ти биде животот откако ќе умреш зависи што си направил во овој живот, и дали воопшто веруваш дека постои таков живот.
Но, за жал, не секој сака да го почитува и да го исполнува она што е запишано во Библијата, па тоа што сега се случува не е „Божја волја“ туку е наша лична грешка. Ние не го правиме тоа што го пишува. Ама ок, да „не ви се мешам во животите, тоа е ваша лична определба дали ќе верувате или не. ти си имаш причини да не веруваш, а јас си имам причини да верувам.“.
И да, поентата на христијанството не е дали ти си го видела или не, или дали веруваш во Него. Поентата е и да се живее оној живот што Тој ни кажува дека ќе биде најдобро да се живее. Е кога ќе се деси тоа, јави ми се, и кажи ми ги истите реченици што си ги напишал погоре.:smir: