Не си го видела?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Темава ја отворам инспирирана од Велигден и многуте атеистично - провокаторски искази што кружат по интернет зоната. Сите се темелат на единственото на кое што и можат - на исказот „Не си го видела Господ, зошто веруваш?“. Уште од старт да ве потсетам дека ни воздухот не го гледате па сепак го чувствувате. Самата поставеност на Земјата во однос на другите планети и Сонцето, овозможува само овде да има живот, што би било преголема случајност по пат на Биг Бенг да се случи. Понатаму, постои една пропорција, божја, section aurea според која се градени сите објекти во светот. Случајност?

И секако, не може еден атеист да зборува за тоа дали Господ постои, бидејќи за да се „види“ Господ, треба да се поверува во него и неговите моќи, да се прими во срцето, да се сфати дека животот ни е во негови раце. На тој начин ќе го ослободиме телото од сите земни глупости со кои секојдневно се оптоварува и ќе се препуштиме на Господ, зашто тој го има најдобриот план за нас.

Тешко е да си верник, тешко е да се откажеш од земните „моќи“ што ти се дадени, тешко е да прифатиш дека не си највисоката сила што постои.

Дали на атеистите воопшто може да им се дозволи да кудат нешто кое не го искусиле? Нешто во кое не веруваат? Нешто што за нив не постои?

Како ќе постоеше македонската писменост ако не е христијанството?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.387
Тоа е веќе одраз на некултура. Како што го почитувам нивното право да не веруваат во Господ и ги почитувам другите религии, исто така очекувам тие да ја почитуваат мојата вера. Ни на крај на памет не ми дошло да убедувам некој атеист дека Господ постои и дека тој мора да верува во него, затоа што тоа е негова определба. Истото важи и обратно.
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Темава ја отворам инспирирана од Велигден и многуте атеистично - провокаторски искази што кружат по интернет зоната. Сите се темелат на единственото на кое што и можат - на исказот „Не си го видела Господ, зошто веруваш?“. Уште од старт да ве потсетам дека ни воздухот не го гледате па сепак го чувствувате. Самата поставеност на Земјата во однос на другите планети и Сонцето, овозможува само овде да има живот, што би било преголема случајност по пат на Биг Бенг да се случи. Понатаму, постои една пропорција, божја, section aurea според која се градени сите објекти во светот. Случајност?

И секако, не може еден атеист да зборува за тоа дали Господ постои, бидејќи за да се „види“ Господ, треба да се поверува во него и неговите моќи, да се прими во срцето, да се сфати дека животот ни е во негови раце. На тој начин ќе го ослободиме телото од сите земни глупости со кои секојдневно се оптоварува и ќе се препуштиме на Господ, зашто тој го има најдобриот план за нас.

Тешко е да си верник, тешко е да се откажеш од земните „моќи“ што ти се дадени, тешко е да прифатиш дека не си највисоката сила што постои.

Дали на атеистите воопшто може да им се дозволи да кудат нешто кое не го искусиле? Нешто во кое не веруваат? Нешто што за нив не постои?

Како ќе постоеше македонската писменост ако не е христијанството?
Не го гледаш , али можеш да докажеш дека постои ,нели ?

Лично сум атеист , не верувам во Бог . Мислам дека Христијанството е исто ко сите други религии и дека со тек на времето ќе му падне популарноста и ќе го снајде она што ги снајде другите религии пред мего , моноетистички и полиетистички .

Религијата ја гледам само ко морален облик , начин на контрола на масата . Прави лошо и те чека казан , прави добро и ќе трчкаш по ливадата ..
Зашо само е Христијанството вистинската религија ? Што им фали на муслиманството и хиндуизамот ? Сите се едно исто ..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Она што го разликува темелно христијанството од исламот е безусловноста. Едноставно не мора да направиш ама баш ништо за да Бог те сака. Воздухов... Точно е, ама еве ја може не верувам во атоми, не ги гледам. Ни атомите не ги гледате, а ви се верни. Не ги ни чувствувате. Господ се чувствува. Никогаш нема да го видиме.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
^
Мислам дека пред некоја година видоа атом, со некој тип на електронски микроскоп.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
^
Мислам дека пред некоја година видоа атом, со некој тип на електронски микроскоп.
Аха, а јас знам дека секојдневно сум сведок на тоа колку се луѓето глупави, прости, злобни и бездушни, па пак верувам дека постојат и љубовта и добрината. Не е прашањето всушност што се гледа туку што се чувствува. Тоа што некој видел атом, крава, браман што лебди - нема ништо општо со тоа како некој друг се чувствува.
Темава е осудена да пропадне како и еден куп други слични на неа, никогаш нема да се разбереме. И едните и другите сме неспособни да го согледаме туѓиот став...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Темава ја отворам инспирирана од Велигден и многуте атеистично - провокаторски искази што кружат по интернет зоната. Сите се темелат на единственото на кое што и можат - на исказот „Не си го видела Господ, зошто веруваш?“. Уште од старт да ве потсетам дека ни воздухот не го гледате па сепак го чувствувате. Самата поставеност на Земјата во однос на другите планети и Сонцето, овозможува само овде да има живот, што би било преголема случајност по пат на Биг Бенг да се случи. Понатаму, постои една пропорција, божја, section aurea според која се градени сите објекти во светот. Случајност?

И секако, не може еден атеист да зборува за тоа дали Господ постои, бидејќи за да се „види“ Господ, треба да се поверува во него и неговите моќи, да се прими во срцето, да се сфати дека животот ни е во негови раце. На тој начин ќе го ослободиме телото од сите земни глупости со кои секојдневно се оптоварува и ќе се препуштиме на Господ, зашто тој го има најдобриот план за нас.

Тешко е да си верник, тешко е да се откажеш од земните „моќи“ што ти се дадени, тешко е да прифатиш дека не си највисоката сила што постои.

Дали на атеистите воопшто може да им се дозволи да кудат нешто кое не го искусиле? Нешто во кое не веруваат? Нешто што за нив не постои?

Како ќе постоеше македонската писменост ако не е христијанството?
Конфонтацијата меѓу верниците и оние кои не веруваат не би имало доколку не би имало агресивни препукувања и вџашеност поради тоа што другите (не) го гледаат она што за некој е сосем (не)очигледно.
Тоа со воздухот е неубедлива споредба, а и другите се такви. Воздухот е неопходен, верата во семоќно и натприродно суштество не е. За животот во вселената - го има таму каде што има услови да се појави. Со оглед на тоа што најверојатно е за наши поимања бесконечна,сосем е можно слични планети со живот да има со милиони. Архитектурата е создадена за потребите на луѓето, кои имаат исти или слични потреби и разбирања на просторот околу себе.
За повеќето атеизмот и антитеизмот не е произлезен од стравот од одкажување од „земните моќи“, туку од сооченоста со отсуството на било каков прифатлив (логичен) одговор за она што ни се случува и не опкружува од страна на религиите. Верата е вера, не подлежи на логика и природни закони, на математички правила и не се објаснува со да или не. Верите, кои ги има навистина многу, во извесна мисла се резултат на тоа како човекот го разбира она што не може да го објасни.
„Божјиот план“ - дефинирај ми го овој поим ако сакаш. Оти тој во некоја рака ја исклучува човечката волја и многу наликува на судбина, на предодреденост. Никако на слободна волја.
Не ме сфаќај погрешно, јас всушност немам намера да полемизирам со тебе околу твојот став за верата. Мислам дека дискусијата околу верата треба да биде насочена во други сфери, т.е. да не се прават обиди таа да се објаснува со научни, историски и природни законитости.
Сите ние имаме некакви очекувања од животот, од средината која не опкружува и на крајот на краиштата од Бог. А многумина од нас се нашле во позиција да почувствуваатедна крајна осаменост, празнотија и беспомошност, независно од нивната вера или невера (пример можеби несоодветен - тоа што се случило со Евреите во текот на Втората светска војна, нема никакво теолошко оправдание, но можат да се најдат и безброј други, поединечни примери). Тоа секако е теолошки проблем, кој задира во сферата на семоќноста и добронамерноста на Бог, а за кој се нема убедлив одговор. Наместо тоа се нуди вера и надеж (и љубов:wink:). Некои од нас едноставно не се подготвени безрезервно да се потпрат само на нив.
Честит празник :smir:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Jaс не сум видел милион евра но верувам дека постојат

А ти новинарка, не си ги видла ни Зевс ни Баал ни Тор ни Сварог ни Озирис ни Птах.... дали и тие постојат?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Кој си верува - верува. Баш јас си знам во каква куќа живеам и баш знам зашто и како треба да се почитуваат верските убедувања.
Тоа што некои се праат паметни, што се атеисти, е друга работа. Тие се модерни атеисти колку да бидат фраери во друштво. Вистинските атеисти не се замараат дали другите се верници или не, или пак ги убедуваат дека се глупи што веруваат...





Како ќе постоеше македонската писменост ако не е христијанството?

Слаб обид да се прогласиш за светица. :)
 
U

UniqueGirl

Гостин
Ако се избаци некој мал сељак со "атеист сум пошо размислуем, фала" - му маам аперкат сместа. :tv:
 
Г

Господ

Гостин
Тешко е да си верник:nesvest:
Што поточно е тешко во тоа да бидеш верник:toe:
Сиот живот ти е предодреден од некои нелогични закони.
Сиот живот ти го крои некој маглива фигура за која ништо не знаеш.
Сиот живот сите падови и успеси и препишуваш на таа фигура на неспособен татко кој демек те сака но тука е само кога треба да те казни.
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
A демек ти си го "видела"? :jaj:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
И поради ваквите изјави и атеистички мисли,Господ одамна молчи.
Мојата баба велеше-од црква ако земеш едно каменче,до вечер којзнае што ке те снајде...Господ некогаш ги казнувал лошите дела,но веќе одамна молчи.

Станавме толку лоши,завидливи и никакви,што и Господ нема да знае како да не спаси.
Не мора да се види-зошто може да се почуствува,САМО ако имаш желба.
Никој од луѓето не е достоен за да го види.

Јас верувам во Него.:back:
 
Г

Господ

Гостин
Ако Бог не знае да не спаси значи е неспособен за функцијата што ја врши.
И зошто воопшто вашиот совршен Бог би создал толку фаличен производ?
Исто како што тојота е виновна за кварот со кочниците така и вашиот (не)совршен Бог е виновен за кварот во човештвото.
Кој ќе одреди кој е достоен да го види Бог?
Никола Груевски...Свети Петар?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Воздухот е неопходен, верата во семоќно и натприродно суштество не е. За животот во вселената - го има таму каде што има услови да се појави. Архитектурата е создадена за потребите на луѓето, кои имаат исти или слични потреби и разбирања на просторот околу себе.
Верата е потребна, затоа што ние луѓето не сме доволно моќни да се потпреме само на себе, па се чувствуваме сами, слаби, повредени, како нешто да не ни оди од рака... Духовното олеснување треба да се почувствува, не се гледа со око. Односно, може да кажам дека кај луѓе што подолго време биле религиозни, се јавува сталоженост, мир, трпение да те ислуша, а тоа се забележува во разговорите, делувањата... Не зборувам за архитектурата, туку за градбата на цвеќињата, за градбата на човековото тело, а пропорцијата е една те иста - section aurea. Најди ја темата во мистерии ја отворив пред година две.
„Божјиот план“ - дефинирај ми го овој поим ако сакаш. Оти тој во некоја рака ја исклучува човечката волја и многу наликува на судбина, на предодреденост. Никако на слободна волја.
Божји план е волјата господова, желбата и намерата на оној што најдобро знае што ќе не` направи среќни. Не би рекла дека божјиот план ја исклучува човековата волја затоа што Бог го прави со нас, она што ние сакаме да станеме.

А многумина од нас се нашле во позиција да почувствуваатедна крајна осаменост, празнотија и беспомошност, независно од нивната вера или невера (пример можеби несоодветен - тоа што се случило со Евреите во текот на Втората светска војна, нема никакво теолошко оправдание, но можат да се најдат и безброј други, поединечни примери). Тоа секако е теолошки проблем, кој задира во сферата на семоќноста и добронамерноста на Бог, а за кој се нема убедлив одговор. Наместо тоа се нуди вера и надеж (и љубов:wink:). Некои од нас едноставно не се подготвени безрезервно да се потпрат само на нив.
Честит празник :smir:
Во совршеноста на Бог не се задира, истребувањето на Евреите е од човечки фактор, од зло, од алчност. Бог не` направил совршени исти на себе, само што ни го одзел вечниот живот и не става на искушенија. Кога луѓето не би биле робови на своето тело, на она што нагоните им го налагаат, тогаш волјата Господова би се спроведувала чисто. Фала, среќен и на тебе!:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom