И не само тоа, туку и веќе Германија ја има под чизма Грција.За вториот пакет помош Грција се согласила нејзиниот буџет да биде под контрола.Т.ест дел од буџетот.Сега сите пари што ќе ги потрошат Грците ќе бидат строго набљудувани од набљудувачи на ЕУ кои ќе бидат самите присутни на местото, и ќе даваат инструкции за тоа како да бидат трошени парите и исто така Грците сега ќе мораат да ги прашуваат набљудувачите за дозвола доколку сакаат да трошат пари:
накратко кажано јас треба да те прашам тебе дали ке ми одобриш да си купам нешто со мои пари. епа јебига у таква ситуација дошле. е сеа гледам една вест на канал 5 која се знаеше и порано ( кој како знаел ) ама јавно не се објавуваше и ете сепак искочи на виделина. грција е должна и зглавена - невикам не но видете кое лицемерие и го прави европската унија на грција - да не се сватиме погрешно не бранам ниедна страна напротив и двете ги осудувам.
пази вест:
Грција пред банкрот купува тенкови и ракети!
09.03.2012 - 10:07 |
Членките на ЕУ и продадоа на Грција оружје во вредност од 1 милијарда евра во текот на 2010 година, објавено е во Брисел. Таа година почнаа преговори за финансиска помош на Атина. ЕУ го вооружа и целиот Блиски Исток.
Грција денес поседува 1.600 тенкови, што е речиси четирипати повеќе од Германија. Истовремено, секој познавач на воена стратегија ќе рече дека поради геолошката конституција, на Грција тенковите за одбрана на земјата не се од никаква корист. Но, Грција и натаму купува оружје.
Најмногу корист има Франција која на Грција и продаде борбени авиони и хеликоптери во вредност од 800 милиони евра, ракети во вредност од 58 милиони и електроника која се користи во противвоздушна одбрана, а чинеле 19 милиони евра.
Холандија и Германија, земји кои од Грција бараат уште построги мерки за штедење, и продадоа на Атина воена опрема и возила во вредност од 90 милиони евра, а Италија делови за авиони и оружје во вредност од 52 милиона. И Шпанија оствари профит од продажба на хемикалии кои се потребни за експлозиви во вредност од 33 милиони евра.
Грција моментно се обидува да го заштеди секој можен цент од државниот буџет, но оружјето се уште е најголема ставка во потрошувачката. Како причина се наведува потенцијалната опасност која наводно ја претставува соседна Турција.
Купувањето на оружје како услов за финансиска помош?
Поранешниот грчки заменик на министерот за одбрана Панос Беглитис во 2010 година изјави дека земјите на ЕУ не вршиле притисок на Атина да купува оружје за да и ги отпишат долговите. Беглитис тогаш додаде дека големата набавка на оружје постоела од секогаш, како и тоа дека купувањето од страна на Грција не се случува поради кризата. Тука нема никаква поврзаност, тврдеше тогаш грчкиот заменик министер за одбрана.
Меѓутоа, еден советник на тогашниот премиер Јоргос Папандреу, кој сакаше да остане анонимен, за некои медиуми изјави дека никој не рекол дека Грција треба да купува воени бродови за да добие финансиска помош, но дека на сите во Атина им било јасно дека Грција ќе ужива поголема поддршка ако купува оружје.
Вооружувањето на арапските земји
Членките на ЕУ во 2010 година извезле оружје и опрема во вредност од 2,5 милијарди евра во Саудиска Арабија, потоа во Обединетите Арапски Емирати (1,5 милијарди), во Оман (1,2 милијарди), во Бахреин, Јордан, Кувајт, Катар и Јемен (вкупно 1,1 милијарда евра).
Некои дипломати во Брисел предупредуваат на состојбата во Алжир, каде по изборите може да дојде до немири и каде исламистичките групи ќе се обидат да го симнат автократскиот претседател Абделазиз Бутефик. Претходните судири во таа земја во 1992 година кулминираа во граѓанска војна и се завршија со 200.000 загинати.
Ако Алжир стане нова Либија или Сирија, тогаш на терен нема да има недостиг на оружје кое е увезено од членките на ЕУ. Вкупниот извоз само за 2010 година изнесува околу една милијарда евра. Европските земји пред револуцијата на диктаторите во Египет, Либија и Тунис продадоа оружје во вредност од половина милијарда евра, а тоа оружје и денес се наоѓа во Либија.
Земјите на Европската унија треба да го следат правилото според кое не смеат да продаваат оружје на земји во кои постои „отворена опасност“ оружјето да се користи за внатрешна репресија, или „кое може да предизвика или да продолжи вооружен судир“. Ваквата конструкција е многу нејасна и растеглива па не е чудно што правилата секогаш се заобиколуваат.
Дојче Веле - Берлин
доаѓа до израз поквареноста на европската унија подотово од страна на франција и на германија. од една страна ти викаат ако сакаш помош мора да купиш оружје од мене фактички им даваат кредити за да им го продадат оружјето со што дупло ги заглавуваат - ама никој не им е крив на грциве - сепак сами си го барале стапот со тоа што кога одллучиле да купуваат оружје свесни биле дека ова можело да им се деси и ете гледаме во каква ситуација се наоѓаат.
друго - европската унија увек го дрви на телевизија како тоа се залгаат за човекови права демократија слобода на државите економија дрн дрн дрн. уствари што е работата - си го гледаат гзот сами за себе. во либија ебаа матер на се живо и диво исто се деси и во египет и згора на се видете како ја палат ситуацијата. за нивни профит им продаваат оружје со кое имаат дупла придобивка - прво им се полни буџетот од продажбата на оружје. второ го разделуваат народот и го тераат ма граѓанска војна ( како што беше најтазе случај во либија ) трето им даваат прилика да се замоуништат и ги потпалуваат цело време.