- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.882
- Поени од реакции
- 1.094
Европските авторитети се многу блиску до решение, да ја исклучат Грција од еврозоната, тврдат за рускиот весник „Известија“ советници од Кабинетот на премиерот Медведев кои ги добиле информациите од претставници на меѓународните финансиски институции.
Не се зборувало отворено, оти не биле решени сите технички и правни детали. Како клучна причина за ваквата одлука се наведуваат изборите во Франција,но и во Германија. Исходот од грчката криза би можел да има сериозно влијание врз резулатите. Саркози би бил спасен од пораз, а Меркел би можела да остане доминантна.
Како насоки кои треба да се следат се наведуваат изјавите на министрите за финансии на Германија и на Луксембург и на Мајкл Каланан еден од лидерите на европските конзервативци. Тој отворено побара на мартовскиот самит на ЕУ да се разговара за исклучување на Грција.
Во анализата на „Известија“ се цитираат низа експерти кои сметаат дека Грција не само што треба да се исклучи туку таа претставува огромен товар и за Европската Унија, во целина. Освен економски, таа предизвикува и политички проблеми. Аналатичарот на лондонскиот Центар за европски реформи, Едвард Бурк смета дека актуелната состојба околу Грција би била поголем баласт за Унијата отколку ризикот за нејзино исклучување од ЕУ. Со разводот од Грција, според него, ќе се решат палета проблеми што ја оптоваруваат Унијата. Како пример Бурк ги наведува македонските евроинтеграции, констатирајќи дека Грција ја тормози Македонија. Позначајно за него е тоа што доколку Грција биде вон ЕУ, тоа ќе има позитивно влијание врз воспоставување посериозни врски со Турција и поедноставно решение за кипарскиот проблем.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=41&egId=10&eventId=46403
Може ли и ова да се деси? Дали Германија и Франција се опаметуват,или пак е пред изборен штос.