Не само од еврозоната, Грција да се исклучи и од ЕУ

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Европските авторитети се многу блиску до решение, да ја исклучат Грција од еврозоната, тврдат за рускиот весник „Известија“ советници од Кабинетот на премиерот Медведев кои ги добиле информациите од претставници на меѓународните финансиски институции.

Не се зборувало отворено, оти не биле решени сите технички и правни детали. Како клучна причина за ваквата одлука се наведуваат изборите во Франција,но и во Германија. Исходот од грчката криза би можел да има сериозно влијание врз резулатите. Саркози би бил спасен од пораз, а Меркел би можела да остане доминантна.

Како насоки кои треба да се следат се наведуваат изјавите на министрите за финансии на Германија и на Луксембург и на Мајкл Каланан еден од лидерите на европските конзервативци. Тој отворено побара на мартовскиот самит на ЕУ да се разговара за исклучување на Грција.

Во анализата на „Известија“ се цитираат низа експерти кои сметаат дека Грција не само што треба да се исклучи туку таа претставува огромен товар и за Европската Унија, во целина. Освен економски, таа предизвикува и политички проблеми. Аналатичарот на лондонскиот Центар за европски реформи, Едвард Бурк смета дека актуелната состојба околу Грција би била поголем баласт за Унијата отколку ризикот за нејзино исклучување од ЕУ. Со разводот од Грција, според него, ќе се решат палета проблеми што ја оптоваруваат Унијата. Како пример Бурк ги наведува македонските евроинтеграции, констатирајќи дека Грција ја тормози Македонија. Позначајно за него е тоа што доколку Грција биде вон ЕУ, тоа ќе има позитивно влијание врз воспоставување посериозни врски со Турција и поедноставно решение за кипарскиот проблем.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=41&egId=10&eventId=46403

Може ли и ова да се деси? Дали Германија и Франција се опаметуват,или пак е пред изборен штос.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
И мене ме интересира?
А што е раликата помеѓу еу и еврозона?(или второво е само за еврото како валута?)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
нека ја исклучат од сите европски институции што постојат. стварно не се за во еврозона или па европска унија. како рачна кочница се грциве за секоја ебана работа !!!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
И мене ме интересира?
А што е раликата помеѓу еу и еврозона?(или второво е само за еврото како валута?)
Исклучување од Еу е исклучување од Унијата, а исклучување од еврозоната е напуштање на еврото како валута и враќање на драхмата.
Еврозоната, официјално наречена евро област, е Eвропска и монетарна унија(ЕМУ) составена од седумнаесет земји-членки на Европската унија кои го вовеле еврото (€)како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање. Еврозоната моментално ја сочинуваат : Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еврозона и ЕУ има огормна разлика. Велика Британија е во ЕУ, но не е во еврозоната, бидејќи не користи евро како валута, односно ја користи фунтата како и до сега.
Инаку, механизми за отстранување од еврозоната има, од ЕУ нема. Правни барем нема. Најлогичниот чекор, за да се намали барем пожарот (кризата) во ЕУ е да се тргне Грција од еврозоната и да се врати на драхмата, можеби малку ќе се амортизираат штетите, иако нема премногу.
ЕУ како таква нема правен механизам со кој може да се отстрани земја-членка од ЕУ. Тоа што не мислеле на време и се смотани, тоа е друга работа. Не говорам за Грција конкретно. Може некоја земја комотно да направи геноцид и нема да биде истата избркана, затоа што нема правен механизам, а доколку се иницира создавање на истиот како ќе се изгласа кога е потребен консензус? Проблемот на ЕУ е што тежнее да стане како САД, а не разбираат дека прво околностите и историските услови при создавањето на САД, како и потребите се сосема различни од оние на ЕУ. ЕУ како политички систем многу лошо функционира и потребна е реобнова од корен, затоа што вака прават едно напред, три назад. Се обидуваат да ја вратат рамнотежата на силите, ама и тоа им оди прилично трапаво.
Доколку сакаат да станат сила која на светско ниво ќе стане сериозен играч при креирање на геополитиката, под ИТНО мора да менуваат многу работи. Вака очигледно е дека не оди и дека не мрдаат од статус кво. Во суштина имаат според мене квази правна регулатива, која се занимава со се, освен со суштинските прашања на развивање на евентуалниот иден заеднички политички систем на ЕУ.
Така да - не, нема шанси Грција да биде исфрлена. Покрај фактот дека нема правен механизам и од политички причини. Таа беше примена без да исполнува речиси ниеден услов за влез, сега ќе ја исфрлале. Невозможна мисија. Мало морген.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Веруваш во правен систем кога се пари,власт и моќ во прашање? И јас лично сум скептик дека би ги исфрлиле од Еу, ама сепак ако зависат кариерите на некој политичари од една Грција,мислам дека и тоа може да го средат.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Веруваш во правен систем кога се пари,власт и моќ во прашање? И јас лично сум скептик дека би ги исфрлиле од Еу, ама сепак ако зависат кариерите на некој политичари од една Грција,мислам дека и тоа може да го средат.
Прочитај и го постот. Не може да ги исфрлат од Еу нема механизам за тоа, може доброволно да се повлечат ако сакаат. Може само да ги исфрлат од еврозоната, односно да им ја заменат валутата со драхмата.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Веруваш во правен систем кога се пари,власт и моќ во прашање? И јас лично сум скептик дека би ги исфрлиле од Еу, ама сепак ако зависат кариерите на некој политичари од една Грција,мислам дека и тоа може да го средат.
Фала Богу дека не верувам, само друга ми беше поентата на муабетот. Сакам да кажам дека дури и да сакаат да ја исфрлат, не можат, заради тоа што нема правни механизми со кои тоа би се овозможило, а ја имаме и Франција која (колку и да глуми лудило) е на нејзина страна.
Не може да го средат толку едноставно без сериозни компликации врз иднината на целата унија. Тоа велам - не мислеле на време, а сега веќе им е доцна и затоа ќе си ја влечат Грција на грб, се додека нешто не се помести сериозно на европската политичка сцена. Ова до сега беа празни муабети, а празни и ќе си останат.
 
Го прочитав.Дури 2пати:) Сепак стојам на тоа дека доколку навистина се решат на таков чекор ќе најдат некоја дупка,или пак ќе измислат нешто.Сепак се работи за земјите кој се движечка сила на Еу.
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:38 ---

Ајде ќе видиме,времето ќе покаже. Иако во Еу,подолг период мислам дека не цветаат рози, и дека се има појавено и внатре во самата унија некој поделби.Но сепак се зависи од баба Меркел и чичко Никола, и нивните политички амбиции,и заслепеност по пари,моќ,и остали привилеги и.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Го прочитав.Дури 2пати:) Сепак стојам на тоа дека доколку навистина се решат на таков чекор ќе најдат некоја дупка,или пак ќе измислат нешто.Сепак се работи за земјите кој се движечка сила на Еу.
Проблемот е што не сакаат да се решат. Многу пати се докажа дека Грција е милениче на некои држави во Унијата. Да беше некоја друга земја одамна ќе банкротираше. Имаат моќно лоби кое дебело е финансирано и работи на терен, имаат голема подршка од Франција и влечат пари, заглавувајќи и други земји кои земаат кредити за да и помагаат. Така создаваат ланчана криза.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Веруваш во правен систем кога се пари,власт и моќ во прашање? И јас лично сум скептик дека би ги исфрлиле од Еу, ама сепак ако зависат кариерите на некој политичари од една Грција,мислам дека и тоа може да го средат.
Дури го средат тоа, дури го променат механизмот, Меркел ќе биде у Панада домот за стари лица. :)

Прекомплициран е системот на ЕУ за да се промени, предолг процес, а моментално не владее единствен став, нема единство, што го прави менувањето на основачките договори невозможно.

Единствено можно е да и извршат огромен притисок за Грција доброволно да се повлече од ЕУ. Но, шансите за таков притисок се премали (од гео-политички причини) а пак шансите Грција да го прифати тоа (познавајќи го нивниот инает и тврд став) се 0.000000001%.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го прочитав.Дури 2пати:) Сепак стојам на тоа дека доколку навистина се решат на таков чекор ќе најдат некоја дупка,или пак ќе измислат нешто.Сепак се работи за земјите кој се движечка сила на Еу.
Нема дупка. Тоа и одредени еуроскептици го имаат посочувано како голем пропуст. Не можеш да ја избркаш. Можеш да ја санкционираш, казниш, ама не можеш и да ја избркаш. А бе геноцид некоја држава сега да направи, нема како да ја избркаат од унијата.

Друго, еве хипотетички ти си во право. Ќе најдат дупка. А како молим ќе го изгласаат исфрлувањето, кога потребен е консензус? :) Овој дел си го имаат покриено и е така направен за да можат претежно големите сили да си ги штитат интересите, ама заборавиле на нус ефектите.

Како што реков, тежнеат да имаат организација како што има САД, а тоа е толку невозможно, што дури и треба да се измисли нов збор за невозможно.

Самото создавање на унијата се направени некои пропусти.

Ајде ќе видиме,времето ќе покаже. Иако во Еу,подолг период мислам дека не цветаат рози, и дека се има појавено и внатре во самата унија некој поделби.Но сепак се зависи од баба Меркел и чичко Никола, и нивните политички амбиции,и заслепеност по пари,моќ,и остали привилеги и.
За болдираното - слеп човек ќе види дека (особено со кризата 2008 и независноста на Косово) не цветаат рози. Не само што не цветаат, туку се и овенати. Оваа ЕУ моментално дише на апарати и е во кома. Мора реформи на самиот систем на организација, иначе не ја бива работата. А од чичко Никола не зависи ни домашното уредување на сопствената куќа, камоли па нешто во ЕУ да зависи од него. Куку мене, ако од него зависеше нешто. Да не беше Меркел, сега чуда ќе се случуваа низ Европа. Не верувам францускиот народ да е толку глуп и пак да го одбере за претседател. Човекот е најнепопуларна личност во Франција. Наполеон да се дигне од мртвите да им рече - А бе гласајте го - нема да го гласаат. Неспособен дилетант е човекот. Е сега ако пак го изгласаат, ондак, не знам што да кажам, тогаш би било соодветно: Секој народ си има власт каква што заслужува.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Дури го средат тоа, дури го променат механизмот, Меркел ќе биде у Панада домот за стари лица. :)

Прекомплициран е системот на ЕУ за да се промени, предолг процес, а моментално не владее единствен став, нема единство, што го прави менувањето на основачките договори невозможно.

Единствено можно е да и извршат огромен притисок за Грција доброволно да се повлече од ЕУ. Но, шансите за таков притисок се премали (од гео-политички причини) а пак шансите Грција да го прифати тоа (познавајќи го нивниот инает и тврд став) се 0.000000001%.
Сепак има шанса,иако е 0.000000001%:D
А за Меркел,чим се мисли за нов мандат, далеку е таа од Панада.По големи ни се шансите на мене и тебе таму да завршиме отколку на неа;)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И ако е малко вероватно да напуснат еврозоната по нивно желание, Грциja и грците не сакат да менат еврото за драхмата. Нека да не заборавиме,дека постоjaт држави, кои не са во еврозоната и во ЕУ, но пак користата еврота,како национална валута(пример са ви Црна Гора, Косово и Андора).
Многу повероватно е да започне един ад без краj за Грциja. Ке им дават мали парчинja помошти, кои ке бидат во вид на заеми, само ако изполнат услови,кои ке им поставуват на определен период. Ако не изполнат условите - не получават парите за наредното спасуване и мора да признаjaт дека фалират. Што ке стани ако Грциja официално оповести дека е во фалит и стави мураториум врз надворешните долгови?Веке кредитниот реjтинг на Грциja е возможно наjниско ниво и нема коj да j даде заем на мегународните пазари, не можат да j намарат кредитниот реjтинг повеке. Ке се стигне да не може да плакjaт плати во државниот сектор. Това веке ке ги принуди или да кратат плати или да намалат државниот сектор или да напуштат еврото како валута.
Грциja може на напушти еврото само ако се стигне до фалит.
Напоштуване на ЕУ е почти немислимо. ЕУ гласа проектите на Грциja да се плакjaт 95% от ЕУ за да налее пари во икономиката на Грциja преку проекти, които ке подобрат икономиката на Грциja, на коja е потребна целостна реконструкциja. За пример во другите држави този процент е мегу 70-80%. За последниот програмен период, Грциja получи около 30 милиарда евро.
Големото прашане е како Грциja да балансира своиот буджет и дали може да постигне вишок и со него да плакja огромните долгови. Ако не може...таа не може вечно да разчита,дека ке j дават помошти. Ако не можат, ке го направат силово - ке си вратат драхмата и ке ja девалвират преку нок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom