Не знам што сакам во животот?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Темава ме инспирираше по неколку примери кои ги видов последниов период. Примери на луѓе кои не знаат што сакаат во животот.

Колку е потребно човекот да знае што сака од и во животот? Без разлика дали се работи за образование или одмор или што и да е, колку е битно да се знаат да се носат одлуки и притоа тие одлуки да бидат здрави, одлучни?

Колку од луѓето навистина знаат што сакаат?

Дали не знаењето што се сака да се прави во животот е штетно, колку е штетно и зошто е штетно?

Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што сакате, да бидете хаос или сте од оние луѓе кои секогаш точно знаеле што сакаат и како сакаат?

И што мислите за луѓето кои постојано се завеани и не знаат што сакаат?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Најпрво би рекол, желбата и мотивацијата, се најбитни. Сите ние живееме на свој начин, со свои гледишта но сите секогаш сакаме повеќе и никогаш нема да престанеме да мислиме на тој начин.
Сметам дека сите добро знаеме што сакаме, но многупати не знаеме како да постигнеме нешто и тука започнуваат оние таканаречени проблеми.
Според мене најважно е да се има самодоверба и да се биде одлучен бидејќи во животот искуството се стекнува само преку своите грешки.
И на крај, да сум се нашол во многу ситуации кога не сум бил одлучен и кога едноставно не сум знаел на која страна да продолжам. Тоа искрено ме нервира и ми се погодуваат такви ситуации многу често.
Веројатно не треба многу да се размислува но од друга страна и не треба лесно да се одлучува за било што.
Баланс во животот. :helou:
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Познавам ЕДНА таква, за жал. Едноставно не е за коментирање. А мислам дека се е до домашното воспитување односно до тоа колку нејзините и ставиле нешто у глава додека растела. Без разлика на социјалниот статус, кој е најмалце битен. Жално е што има такви луѓе и едноставно незнаеш како да постапиш со таквите.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Добро е да знаеш што сакаш во животот. Бидејќи тогаш знаеш што ти е целта (иако човекот никогаш не е задоволен, секогаш бара повеќе и повеќе) , а и ќе знаеш кој ти е сонот.
Човек без сон не е човек. Тој нема за што да живи.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Во одреден период и сам незнаеш што со себе :toe: сум имал такви периоди ама со тек на време се се средува...зашто не го сфаќам живеењето само ако плуташ по времето и чекаш тоа да те однесе до нешто...без амбиција си никој и ништо :helou:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали не знаењето што се сака да се прави во животот е штетно, колку е штетно и зошто е штетно?

Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што сакате, да бидете хаос или сте од оние луѓе кои секогаш точно знаеле што сакаат и како сакаат?

И што мислите за луѓето кои постојано се завеани и не знаат што сакаат?
1. Не, мислам дека не е толку страшно тоа, се разбира, ако е за пократок период.
2. Порано да, сега веќе се изгуби тоа чувство. Сега знам што е она што ме исполнува во животот, и знам што е тоа што го сакам.
3. Да, како помал повеќе пати сум се наоѓал на некој крстопат и ми било тешко да избирам одредени работи.
3. Или се такви по природа, или пак се уште не се пораснати. Но сепак, ок, донекаде е здраво и е нормално за 15-16 год. дете да не знае што сака во животот. Но понатаму, веќе кога ќе се достигне полнолетство, мора полека да се оформува визија за во иднината.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Toa што незнаеме што сакаме е до нашата несигурност и нестабилност. Секогаш се плашиме дека може да биде поинаку или подобро или пак едноставно незнаеш што да правиш со себе, незнаеш од каде да почнеш.
Сум имала такви периоди кога ни самата незнаев што сакам, све што правев како во сон да сум го правела, све ми беше свеедно, незнаев што да правам со самата себе,ниту што точно сакам.
Мислам дека сите знаеме што сакаме, само што сме несигурни во себе или од премногу опции ти се врти се и сешто во главата што незнаеш кој крај попрво да го фатиш.
Исто,ако знаеш што сакаш ќе си поставиш одредена цел и ќе се стремиш се повеќе и повеќе да и се доближуваш.. често резултира со успех.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Колку е потребно човекот да знае што сака од и во животот? Без разлика дали се работи за образование или одмор или што и да е, колку е битно да се знаат да се носат одлуки и притоа тие одлуки да бидат здрави, одлучни?

Колку од луѓето навистина знаат што сакаат?
Секој се нашол во период да не знае што сака. Кога човек има повеќе опции и не знае што да одбере, кога е изгубен не знаејќи што е подобро за него, тогаш ќе се запраша што навистина сака. Точно да знаеш што сакаш не дека доаѓа со годините, туку доаѓа со искуството според мене. Поточно, кога подобро ќе се запознаеш себе си, кога ќе сфатиш што е најдобро за тебе, кога ќе си зацрташ принципи и желби, тогаш може да се каже дека знаеш што сакаш.
Дали не знаењето што се сака да се прави во животот е штетно, колку е штетно и зошто е штетно?
Штетно, што знам. Може да се одрази на времето. Да изгубиш време трагајќи по тоа што го сакаш, за на крај да си се правиш будала што побрзо не си презел некои одлучни чекори.
Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што сакате, да бидете хаос или сте од оние луѓе кои секогаш точно знаеле што сакаат и како сакаат?
Не можам да зборувам за позелени години, ама мислам дека секогаш сум имала некоја цел, желби и мотив за работите. Јасно ми доаѓа во глава што е најдобро за мене и се трудам да си поставам рок за исполнување, па гледам да го остварам тоа.
И што мислите за луѓето кои постојано се завеани и не знаат што сакаат?
Ништо посебно ако не ми е некој близок. Како што си сакаат, така нека си прават. Ако се работи за некој близок, само ќе ми биде најкриво на свет што е изгубен и ќе се обидам да помогнам со тоа што ќе разговарам. Обично кога некој ќе се чуе што зборува за опциите, постои можност да сфати што сака.
 

soul123

...plAy HaRd GO pRo...
Член од
2 октомври 2008
Мислења
295
Поени од реакции
23
Мислам дека не постојат вакви луѓе. Живот како живот. Мора да се живее. Единствено има луѓе кои не се грижат толку многу за тоа каков живот живеат и кои им се целите.

Немора секој да има поставени цели во животот, и стрикно да се држи кон нив.
Еве пример. Што мора јас сега да го тупам мозокот, што ќе биде со мене, да размислувам за иднината, кога иам 17г(18 за 6 дена) и иам уште најмалку 5 години учење, замајќи го предвид факултетот. Зошто уште сега да мислам за иднината, нема јас на 20 год да се женам, па да размислувам за жена и деца итн. Мислам дека иам уште доста време за тоа.
Како и да е, неам конкретни цели за во иднината.
Едноставно човек живее за успеси. Така и јас живеам за успеси. Спортот ме влече, тренирам карате, бодибилдинг, така што тоа би биле моите поконкретни цели за во иднина....УСПЕСИ!
А за останатато, сепак мислам дека има време за размислување.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Колку е потребно човекот да знае што сака од и во животот? Без разлика дали се работи за образование или одмор или што и да е, колку е битно да се знаат да се носат одлуки и притоа тие одлуки да бидат здрави, одлучни?
Па до некаде убаво е да се има, ако ништо повеќе, барем еден груб план на она што го сакаме и она што би го правеле. Не е добро се’ до детал да биде испланирано затоа што така не би се оставило да има можност за некои промени кои можат да го направат животот позабавен.
Секако дека е многу важно да се донесе здравата и правата одлука. Секоја друга би резултирала нели со разултати кои не би не задоволиле. Сепак, мали отстапки никогаш не прават големи промени.

Колку од луѓето навистина знаат што сакаат?
Не би можел да генерализирам за тоа колку луѓе се свесни за своите желби а колку не се. Можам само да кажам дека оние кои не знаат што сакаат нажалост се во се’ поголем број.

Дали не знаењето што се сака да се прави во животот е штетно, колку е штетно и зошто е штетно?
Штетно е можеби само затоа што на тој начин би се пропуштиле многу важни моменти од животот кои би значеле тотален пресврт. Инаку тоа го гледам како начин на живот кој е личен избор на секој човек. Ако некој се одлучил да живее без никаков план и без да одреди што сака, тогаш нека живее така.

Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што сакате, да бидете хаос или сте од оние луѓе кои секогаш точно знаеле што сакаат и како сакаат?
На секој му се има случено да се најде во моменти на бунило. Не можеме секогаш да бидеме спремни на се’ и се’ однапред да ни биде испланирано.
Точно дека се имам најдено во таква ситуација и тоа воопшто не го сметам како недостаток или грешка. Го сметам како начин на кој би научил во иднина повеќе да се посветам на планирањето.

И што мислите за луѓето кои постојано се завеани и не знаат што сакаат?
За тие луѓе немам посебно мислење. Луѓе се како и сите други само што одбрале еден полабав начин на живот. Нивен живот, нивен избор.:smir:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Дали сте се нашле во ситуација да не знаете што сакате, да бидете хаос или сте од оние луѓе кои секогаш точно знаеле што сакаат и како сакаат?
Јас сум во константен хаос и годинава ми е како во бунило.
Заминувам, се враќам, тука, таму, секаде, сама, со сите, со нив, без неа, со него...
Горе, доле па превртено. Не е штетно кога не знаеш што сакаш, ама збунува. Не знам дал сум храбра пред слабите, ил слаба пред храбрите. Затоа се борам, за да дознаам.
Моментална незамислива состојба на умот. Дилемите секогаша реметат мир.
Згрешив или донесов права одлука?
Требаше вака или така?
Тука или таму?
Сама или со нив?
Бунило....
Константно трагање по себе, борба со натрапниците кои го окупираат умот и надмудрување со животот. Fucked up huh..tell me about it.
Збунка пред себе и светов. Јас против сите или сите против мене?
Постојано е така и добро е штом е така. Затоа експериментирам и преминувам од една во друга фаза.

Моментално сум зацапана во се што е поврзано со источна филозофија, Хиндуизам, киртан, chanting(ова појма неам како е на македонски), алтернативна медицина и холистички пристап кон телото.
Ментална детоксификација со сите видови јога и обид да ги оформам и спојам духот и телото. И совршено функционира, сега за сега, утре кој знае. Среќна сум и сањам дека еден ден ќе отворам мое студио или ќе завршам во некоја дрвена куќарка во Индија, пеејќи свети мантри и хранејќи се со растнија и семки. Налудничаво?? Знам....ама тоа сакам, сега и работам постојано. Темелите се тука, пракса, пракса и само пракса, сега...утре кој знае.
Срање, велат моите, не сум знаела што правам и што сакам, о рили?...фак ју, велам јас и дишам...and that's all that really matters. Breathing untill you find yourself in an ecstaѕy.
Maybe tomorow I'll find my way home...but tomorow is tomorow. I am now.
И го сакам баш тоа и баш сега!
is that alright?
Кревам раменици...ма појма неам...
Отидов да вежбам crow pose:salut:
И што мислите за луѓето кои постојано се завеани и не знаат што сакаат?
Не се плашете од промени и експерименти. Раширени раце, стегнати тупаници и јуриш....Пробај, може ќе го засакаш!
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Многу пати во животот сум била во дилема ,едно сакам , друго прифаќам и многу често се случувало тоа другото да испадне подобро за мене . Имало ситуации да не знам што да одберам и тогаш ми било најтешко . А луѓето ги прифаќам такви какви се , која сум јас да кажам што е подобро , кога и мене ми се случуваат дилеми. Сега ми е полесно во принцип сакам да имам во себе многу љубов за сите на кои им треба , а другото го оставам на Креаторот да го отвара патот кој за мене е најдобар.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Убаво е да се знае што се сака во животот..
А за моменти има секад..
Одсекогаш знаев што сакам а сега рецимо незнам дали ги сакам истите работи повеќе и дали ја сакам таа слика во иднина за себе што ја гледам.
Ок и годините ми се такви.. Кога треба да го одбереш патот.
Али сепак не е дека незнаеме што сакаме во животот понекогаш незнаеме како сакаме да стигнеме до тоа. Тоа е тоа. Секој си има моменти кога тотално се збунува и се става на некоја животна раскрсница.. Ситуација кога треба да одбира помеѓу многуработи и кога незнае више што би со себе и со сите околу.. Али тоа е збунка у моментот кога ќе го пребродиш тоа ако носиш нови искуства може да ги смениш целите, ако не го сакаш тоа што одсекогаш си го сакал.
Збунките поминуваат.
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Оние коишто се завеани во животот, не знаат што сакаат од него и немаат никави цели за во иднина... не вреди да живеат!!! Животот е борба, во која секој треба да се избори и да го оствари својот сон... Ако немаш јасни цели за во иднина... зошто живееш ? :jaj:
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
48
Поени од реакции
2
Срање, велат моите, не сум знаела што правам и што сакам, о рили?...фак ју, велам јас и дишам...and that's all that really matters. Breathing untill you find yourself in an ecstaѕy.
Maybe tomorow I'll find my way home...but tomorow is tomorow. I am now.
И го сакам баш тоа и баш сега!
is that alright?
Кревам раменици...ма појма неам..



You are my soul mate :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom