Не е за мене ...

С

Сатори

Гостин
~*~

Дали некогаш сте се затрескале во некоја личност, за која сте сметале дека не сте доволно добри, па поради тоа не сте и се приближиле? Ви изгледала многу поубава од вас физички, ви делувала поинтелегентно, се дружела со луѓе со кои вие никогаш не сте се и сл?
Дали имате такви ограничувања кои знаат да ви го попречат патот, по кој обично без размислување би тргнале?

Можеби ви се случило токму тоа, а вие сте изреагирале како и секогаш? Каков ви бил исходот од таквата ситуација? Сте биле прифатени веднаш, со двоумење или па одбиени без никаква шанса?

А дали некој ви пристапил со доза несигурност бидејќи на некој начин се чувствувал неколку скалила под вас? Сте го охрабриле и сте му дале шанса или не сте му обрнале ни внимание сигурни во тоа дека не ви е достоен?

И така ...:pipi:

Не.
Ниту се деградирам сама себе на тој начин ниту обожавам да ги деградирам луѓето.Диференцијацијата е неопходна во општеството за регулација, но не и во мојот живот.
Затоа што ако некој навистина има квалитети кои што може да ги понуди, не би го „откачила“ затоа што не е доволно добар за мене, тоа оди и во двата правца.
На луѓето кои што ми се допаѓаат, ако сум се решила дека треба да им пријдам, тоа и го правам, не размислувам дали сум за некој доволно добра или не, тоа не останува на мене да пресудам.
Додека, кога претежно велам дека некој не е за мене ... тоа го правам од сосема други причини.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ваков став кон одредени девојки имав додека бев тинејџер, што е на некој начин нормално според мене.

Но сега воопшто не гледам на ниту една како недостижна или преубава или...не знам вакво друштво такво друштво. Потешко добивам желба да иницирам нешто тоа ми е единствениот проблем. А ако многу ми се допаѓа девојката, може и принцеза да биде јас сепак ќе направам некаков почетен потег.
Знаете како иде онаа маалската поговорка" нема недостижни жени, само недоволно упорни мажи":pos:
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Боже сачувај... Може јас да не сум за него.. ама тој за мене да не е тешко.. Едноставно нејќам да се матретирам со размислувања од тој тип... Леле бе:tapp: ми текна... еднаш имам речено дека немам шанси кај еден тип... али јбг ... испадна дека сум имала и тоа огромни шанси....

а да... и обично коа сакам да се тргнам од неого се убедувам не е за мене
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Ми се случило.
Со момчето што сум сега , пред да се фатиме ..мислев дека неам никакви шанси кај него ..мислев не сум доволно добра и си викав зашто баш при толку женски би ме одбрал мене .. другарите ме охрабрија да му пристапам , иначе немаше никогаш да направам тоа ..ама ете пробав и не зажалив. :)
 
R

reactive89

Гостин
Обично немам предрасуди... но во овој случај... изгледа животов ме научил и ми покажал една многу јака пракса што изделувала многу јако во мојот живот и што почнав да се срамам, плашам и да мислам оти јас не сум за ниту една...
Незнам, но како што приметувам... после јака пракса... некако се чувствувам толку безвреден за некоја, и толку се чувствувам дека не ја заслужувам (било која)... а длабоко во срцево знам оти тоа не е баш така... и оти секој за секоја има и оти секој си има своја вредност и своја заслуга... но како што реков... животов ме научил на тоа.... на тоа да се плашам, срамам и да се уверувам самиот себе во секој пристап кон некоја девојка дека јас немам шанси кај неа... :nesum: :toe:
Боли премногу боли тоа... луѓе, немојте вака ко мене, немојте...

п.с. нејкам со ова некој да помисли оти се жалам или незнам што нешто у таа смисла... туку сум само искрен на прашањето и само сакам да помогнам на некои тука да не се повредат еден со друг и да не дојдат до ваква ситуација... и можеби на некои оваа ситуација да им збори длабоко во срцата оти секој има нешто свое заслужно... и дека тоа ќе си дојде со тек на време... како што велат старите: се во свое време.... барем јас си се тешам со таа проста реченица....:nesum:
 
Член од
5 февруари 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
Навистина веке не знам дали јас не сум за тебе или ти не си за мене... Дај смени се... :(
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дали некогаш сте се затрескале во некоја личност, за која сте сметале дека не сте доволно добри, па поради тоа не сте и се приближиле? Ви изгледала многу поубава од вас физички, ви делувала поинтелегентно, се дружела со луѓе со кои вие никогаш не сте се и сл?
... или можеби бил 12 години постар од мене.
Да, ми се случило ова ^ , он имаше 26, а јас 14 години.

Можеби ви се случило токму тоа, а вие сте изреагирале како и секогаш? Каков ви бил исходот од таквата ситуација? Сте биле прифатени веднаш, со двоумење или па одбиени без никаква шанса?
Да, изреагирав како и секогаш.
Ептен сум откачена и искрена личност, па некои работи колку и да се “луди“, јас без доза двоумење во мене ги правам... да, му кажав.
Искрено, многу ми олесна кога му кажав дека “малото ѕверче“ го манијачи секогаш кога ќе ни дојде на гости.

Многу нормално, типот ме одби со тоа што скоро година потоа ги трпеше моите емотивни испади и ме остави сама да се свестам, зашто знаеше дека неговата директност во тие моменти ќе ме уништеше.

Сега, помислата на мојата “лудост“ ми предизвикува една голема смешка... колку сум била исчукана уште во 7мо одд.:hehe:

А дали некој ви пристапил со доза несигурност бидејќи на некој начин се чувствувал неколку скалила под вас? Сте го охрабриле и сте му дале шанса или не сте му обрнале ни внимание сигурни во тоа дека не ви е достоен?
Нема никој кој го сметам за “неколку скалила под мене“ ( се разбира доколку не е “12“ скалила под мене :pos: ).
Давав ( зборувам во минато, зашто одамна не сум давала шанси:wub1: ) на секој кој и мене ми се допаѓа, доколку не- било каков пристап нема да запали кај мене. Не сум некоја пуфла надуена за гледам на некој како “под мое ниво“ ( во случај да е посиромашен, да не се дружи со “елитата“ и ред други спонзорушки ствари ), единствено се сметам недостапна за wannabeфраериште-типците, а не се ни “w“ од тоа и можам_да_ја_имам_секоја-типците... такви во мое присуство- НИКОГАШ!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
Можеби да ме прашавте лани ке ви речев дека,има такви луѓе или женски за кои не сум се чувствувал достоен,но сега сфатив дека ако самиот не се ценам никој нема да ме цени,Имам многу поголема храброст и чувствувам голема самодоверба,и сеа они паѓаат на мене:) Ако им се поставич достоен и така се однесуваш така и ке те гледаат, нема ЖЕНСКА која неможе да се освои:) само треба да знаеш како
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
И Дон Жуан да се нема да ти помогне ако на типката не и се свиѓаш.:)
 

Filip89

Македоникус
Член од
1 март 2007
Мислења
528
Поени од реакции
4
И Дон Жуан да се нема да ти помогне ако на типката не и се свиѓаш.:)
Се слагам со тебе 100%... ако типката не ти фрлила мерак на прва тогаш на втора тешко а трета нема..
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
Na toj sto mi prisol so doza na nesigurnost, i so misla deka e nekolku skalila pod mene, se razbura deka sum go ohrabrila. Mislam dovolno e hrabar i spored mene znae sto saka pa zatoa mi prisol. Spored mene mn e vazno sto sakas, pa da znaes kon sto da celis.

A mi se ima slUceno da se zatreskaM vo edna osoba za nekolku saati (waaaw)... i ... nemalo kaj mene nikogas doza na nesigurnost ili nesto slicno sto bi mi vlijaelo za da ne mu prijadm. I se razbira mi kazav toa sto si imav da mu kazam, i si pominavme TOP
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Да сум си рекла повеќе пати дека некој не е за мене, но не од аспект дека не сум доволно добра за него, туку од некакви рационални размислувања дека јас и таа личност едноставно не можеме да најдеме доволно заеднички работи... или работите се тука, неверојатно се надополнуваме, страшна хемија, привлекување, постојат моменти, но повторно слагалицата не се вклопува, два плуса на магнетот не се споиви....
Дали ја зборувам вистината или само се обидувам да се убедам себе си со лажни аргументи остава отворено прашање?
Дали можеби некогаш не сум доволно упорна или бегам од стравот на неуспех?
Дали можеби фактот дека сакам е пресилен за мене и неможам да го издржам признанието?

Дали треба и мене да ми се појави Дивајн и да ми мавне една?:pipi:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
За темиве, алал вера Дивајн!

Дали некогаш сте се затрескале во некоја личност, за која сте сметале дека не сте доволно добри, па поради тоа не сте и се приближиле? Ви изгледала многу поубава од вас физички, ви делувала поинтелегентно, се дружела со луѓе со кои вие никогаш не сте се и сл?
Дали имате такви ограничувања кои знаат да ви го попречат патот, по кој обично без размислување би тргнале?
Ако се работи за некаков celebrity (популарен), или некој ултра згоден и убав дечко (манекен), се поставувам другарски од почеток до крај, и не правам напори да ги запознаам подобро. Ваквите момци обично се празноглави и научени девојките да ги добиваат премногу лесно. Ја знаете онаа басната со лисицата, дека кисело е грозјето кое не можела да го достигне? :) Еве една примена: не се замарам многу-многу со луѓе кои иако можеби би можела да ги освојам, тешко да би можела да ги задржам.

Можеби ви се случило токму тоа, а вие сте изреагирале како и секогаш? Каков ви бил исходот од таквата ситуација? Сте биле прифатени веднаш, со двоумење или па одбиени без никаква шанса?
Ма у принцип, понекогаш мислам дека дечко ми е премногу добар за мене, али брзо ми поминуе :back:

А дали некој ви пристапил со доза несигурност бидејќи на некој начин се чувствувал неколку скалила под вас? Сте го охрабриле и сте му дале шанса или не сте му обрнале ни внимание сигурни во тоа дека не ви е достоен?
Го охрабрувам ако мислам дека ми е достоен :) Возраста игра главна улога. Несигурноста кај момак во тинејџерските години и во рана адолесценција изгледа симпатично. Несигурноста кај момак (маж?) со триесетина годинки е сомнителна, и мене ми е одбивна.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
И Дон Жуан да се нема да ти помогне ако на типката не и се свиѓаш.:)
Колку само не е до убавината, ДО ПАМЕТОТ Е ! сфати веќе еднаш! (за женските) А машките гледаат само убавина:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Колку само не е до убавината, ДО ПАМЕТОТ Е ! сфати веќе еднаш! (за женските) А машките гледаат само убавина:)
На 16 години сите гледаат надворешна убавина.:)
Понатаму убавината е на моменти помалку важна од однесувањето, поставувањето спрема личноста, почитта...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom