Како мислиш не успеале да спасат? Па докази има насекаде,само треба да сакаш да ги видиш и да направиш свое истражување и да размислуваш со своја глава ако сакаш да видиш дека овие цивилизации навистина постоеле.
И др.работа,денешната наука(посебно историската и археолошката) се длабоко заглибани во својот его-центризам во кој нема место за нови знаења,признавање на сопствените грешки од минатото и прифаќање на новитети,едноставно тие се однесуваат како да знаењата кои ги имаат досега се крајни и точка.Смешно,но вистинито.
Како доказ за мојава теза,би се осврнал на
Хелиополис или градот на титаните во денешен Либан.Овој прастар град е голема мистерија за современата наука затоа што таму има камени блокови кои се така прецизно изработени и некои од нив се тешки по 1200 тона?!? И што е најинтересно,над оригиналните гигантски блокови се наоѓаат оние малечките кои подоцна ги надоградиле римјаните кога го откриле оваа чудо од град!
Така да пријателе,немој да мислиш дека не е спасено ништо,всушност ова со Хелиополис претставува само мал дел од доказите,а зошто пошироката јавност не е доволно запознаена со овие работи,па прочитај погоре да не се преповторувам,поздрав