Се капеме секојдневно, лето и два пати на ден, се депилираме, бричиме, потстрижуваме, внесуваме здрава храна, трчаме, вежбаме, се потиме, купуваме облека за да изгледаме допадливо, читаме книги и информации за да имаме широк терен за муабет... Просто е неверојатно што сѐ како човечки суштества правиме за да дојдеме до секс и да се репродуцираме.
Причините поради кои ова се менува, се биолошки, а тие пак влијаат на психолошката состојба.
Кај мажите, природата одредила после шестиот месец поминат со една иста жена, нивото на тестостерон драстично да се намали (под влијание на хормонската интеракција преку сетилата за мирис), што го прави мажот помалку заинтересиран за секс и доколку би се водел по инстинктите диктирани од природата стотици илјади години наназад, би барал друга женска особа за оплодување. Природата одредила дека ова е доволен период да се осигура потомство со тие генетски предизпозиции и оставање друг потомок со вкрстување на истите гени е бескорисно и штетно.
Преку истиот механизам природата превенира инцест, односно гаси секаква можност за привлечност меѓу брат и сестра кои живеат заедно. Истиот механизам сеуште функционира во некои современи заедници (на пр. Афро-американците) и резултира со запрепастувачки факт дека скоро 80% од нивните деца растат со самохрана мајка.
Но денес не живее во племенска заедница и според правилата на бракот, двата родитела се подеднакво одговорни за растењето на детето. Подолгите вонбрачни врски функционираат на истиот принцип. Кај мажот, намаленото количество тестостерон автоматски подразбира зголемување на телесната тежина, бидејќи тестостеронот е одговорниот за ефикасното согорување на мастите.
Чуството дека се има постојан сексуален партнер (игнорирајќи го фактот дека сексот станува сѐ поредок) води до една психичка состојба што може да се опише како “здраво за готово“ - for granted. Особата која нѐ сака тоа го прави безусловно, без разлика како ние се менуваме со текот на времето.
Заблуда. Фатална грешка која мора да се исече од корен, ако некому му е дојдено до врската.
Ако особата навистина ве сака колку што тврди, не треба да се навреди ако му спомнете дека мириса на пот, дека му е време за потстрижување, дека здивот му мириса непријатно. Факт е дека еволутивно во голема мера сме ја изгубиле способноста да бидеме иритирани од сопствената непријатна миризба. Дури ни сопствениот лош здив не ни мириса толку лошо колку тоа навистина е. Затоа задолжителната секојдневна хигиена е најдобра превенција. Нема оправдување во 21 век да не се одвои 5 минути за туширање. Хормоните се страшно чудесни нешта кои си играат и со нашето расположение и желба да правиме нешто. Правилниот пристап штити од повредено его, повторување и ја зацврснува врската.
“Мила, дај да проверам, изгледа имаш заб кој се расипува. Закажи на забар.“
“Мили, намали со цигарите, после секоја цигара здивот ти мириса неподносливо.“
Кога проблемот е психички, раното третирање може да спречи катастрофални последици.