Собирање репрезентативен материјал од сите држави. Од каде и да одам да пливам со репрезентацијата, морам да им соберам репрезентативни тренерки и маица, кои и така ни ги даваат бесплатно, како нација домаќин, но зема кој сака. Некои ми се праќани и по пошта од пријатели, познаници и иселеници
. Ги имам 48 на број, 52 сосе дуплите модели на другите држави, затоа што секоја година се вади нов дизајн. Моментално дома имам такви тренерки од скоро сите европски држави*, САД, Мексико, Австралија, Кина, Јапонија, Аргентина. ги чувам во посебен плакар на мојот спрат, затоа што зафаќаат премногу простор. Моите сега не викаат ништо за тоа, иако отпрвин им беше чудно горниот спрат каде што живеам јас да биде Обединети Нации лајк.
Освен македонските :back:, најубави ми се американските, австралиските и унгарските. Дизајн 10ка.
*со грчките бришам прозори, надвор од плакар се тие.