Необични места со името и симболите на Македонците

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Понекогаш сосема случајно дознаваме за места надвор од Македонија кои на некој начин се поврзани со неа. Некогаш поврзаноста е неверојатно голема и покрај географската оддалеченост.

На темава би сакал да ги собереме сите примери кои може да се најдат на интернет или кои самите сте ги посетиле/пронашле по некоја случајност.

Број 1
Би започнал со примерот на Отрадное - град на левата страна од р. Нева во непосредна близина на Санкт Петербург. (види мапа)

Карактеристично за овој град е неговиот грб и знаме со - сонцето од Кутлеш:


Почетоците на овој град водат кон дворецот “Пела“ во кој била изградена една од најраскошните палати на Екатерина Втора Велика.
Името Пела било дадено во знак на сеќавање на античкиот град на Македонија, родното место на Александар Велики:

3.2. Обоснование символики ГЕРБА:
Золотој безант в окружении шестнадцати отвлеченных золотых фигур, подобных остријам с дугообразно выгнутыми вершинами, остријами в стороны, уложенных попеременно в два сближенных рјада — символ Пеллы — дворцового комплекса Екатерины II. На месте современного города Отрадного некогда находилось имение Ивана Ивановича Неплјуева (“ мыза Ивановскаја в Шлиссельбургском уезде, на реках Неве и Тосне, в 31 версте от Санкт-Петербурга”), приобретенное Екатериној II 7 нојабрја 1784 года длја внука Александра. Имение было названо Пелла — в памјать о древнеј столице Македонии, где родилсја Александр Македонскиј. Екатерина II назвала так местность в памјать рожденија первого “богодарованного еј возлјубленного внука”, названного Александром, потому что Александр сын Филиппа Македонского родилсја в Пелле.

http://otradnoe-na-neve.ru/?cat=53

Слика од дворецот - палата Пела според цртежот на Кваренга:
https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/aa/Pella_palace_Quarenghi.jpeg
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Број 2.

Во државата Охајо, во САД, постои еден мал “град“ наречен – Македонија. Но, за
разлика од нашата Македонија која се наоѓа на Европско тло, Македонија во Охајо е
основана во 1824 година и брои околу 10 илјади жители.


www.macedonia.oh.us

Википедија наведува точно шест помали места низ САД кои што го носат името
Македонија. Градови кои што го носат името Македонија, освен во Охајо, има и во
сојузните држави Алабама, Џорџија, Илиноис, Индијана и Ајова.

Некаде околу 1835 година локалното население на една тазе никната населба во Охајо,
ги замолило студентите од блискиот теолошки колеџ в недела да доаѓаат кај нив за да
им проповедаат. Младите теолози, одговарајќи на повикот, при исполнувањето на
својата пастирска должност почнале да го употребуваат цитатот од Библијата: “Дојди во
Македонија и помогни ни!” Така, тие го добиле името Македонија, име кое што градот го
носи и денес.


Извор

Број 3
Мало населено место наречено Македонија - во западна Романија
Погледај мапа
Немаме информации за поврзаноста освен името. Сепак во Романија постои значајна заедница на Македонци кои многу веројатно се логичното поврзување.
http://www.asociatia-macedonenilor.ro/
 
Последно уредено:

Казаки

Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.314
Поени од реакции
1.500
Број 4

Планината Mount Macedon, Victoria, Југоисточна Австралија.

На абориџински јазик планината е позната под името Geboor или Geburrh. Првото Англо-австралиско име за оваа планина било Mount Wentworth, а тоа име му го дале Hamilton Hume и William Hovell, кои први ја забележале планината водејќи една експедиција во 1824 год. Во 1836 год. планината била преименувана во Mount Macedon, од страна на мајорот Thomas Mitchell, кој водејќи ја експедицијата Australia Felix, прв се искачил на врвот. Името Macedon, го избрал по Филип Македонски, бидејќи од врвот на планината се гледало пристаништето Port Phillip Bay. Исто така, Australia Felix во чест на античка Македонија, на една река во Австралија му го дала име Кампаспа (љубовница на Александар) и една планината ја именувала Mount Alexander, во чест на Александар Велики.

http://en.wikipedia.org/wiki/Mount_Macedon,_Victoria
http://en.wikipedia.org/wiki/Mount_Alexander
http://en.wikipedia.org/wiki/Campaspe_River
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.650
Поени од реакции
4.567
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.939
Поени од реакции
3.962
Низ многу држави каде стапнал Александар сеуште има места што се викаат Александрија пред неколку дена на телевизија даваа една винарија во Англија крстена Александрија веројатно во чест на Александар Македонски низ повеке текстови сум сретнал дека обожавал вино.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Села основани од македонските доброволци кои учествувале во Руско-Турската војна во историската област НовоРусија
Многу добар податок, за мене досега беше тотално непознато. Продолжете да ја надополнувате листата.
 

Казаки

Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.314
Поени од реакции
1.500
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.024
Поени од реакции
963
На Антарктикот има мал милион топоними кои се поврзани со Македонија.

http://en.wikipedia.org/wiki/St._Kliment_Ohridski_Base
http://en.wikipedia.org/wiki/Delyan_Point
http://en.wikipedia.org/wiki/Samuel_Point
http://en.wikipedia.org/wiki/Sandanski_Point
http://en.wikipedia.org/wiki/Karposh_Point
http://en.wikipedia.org/wiki/Delchev_Ridge
http://en.wikipedia.org/wiki/Delchev_Peak
http://en.wikipedia.org/wiki/Smirnenski_Point
http://en.wikipedia.org/wiki/Solun_Glacier
http://en.wikipedia.org/wiki/St._Methodius_Peak
http://en.wikipedia.org/wiki/St._Naum_Peak
http://en.wikipedia.org/wiki/Maleshevo_Cove
http://en.wikipedia.org/wiki/Pirin_Glacier
(и уште многу други...)

Само што овие имиња се дадени од Бугарскиот антарктички институт и се претставени како дел од Бугарската историја![/quote
Да не се мачиме барем ние ... :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
(и уште многу други...)

Само што овие имиња се дадени од Бугарскиот антарктички институт и се претставени како дел од Бугарската историја!
Треба да земеме пример од нив, затоа што тие многу повеќе ја експонираат не само својата земја и историја, култура, но се постојано активни дури и во вакви нетипични примери.

Продолжете со листата :) само сериозни постови, без заебанции за салати и јогурти.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.939
Поени од реакции
3.962
Линков од Википедија случајно го најдов пред некој ден, видете луѓе колку места има низ целиот свет со името Македонија, а за соседиве да не правам муабет од имиња на цели ибласти до аеродроми со име Македонија.
https://en.wikipedia.org/wiki/Macedonia
 
На врв Bottom