Немири во Блискиот исток и Северна Африка

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Хехе армијата се труди да си го спаси гзот и угледот во Египет. Мубарак па-па
 
L

Liberation

Гостин
Моментално на плоштадот Тахир во Каиро: ВРИЕ!
Се појавија про-Мубарак демонстранти, кои сега јаваат на камили и коњи и ги камшикуваат демонстрантите.
Анти-Мубарак демонстрантите се борат против нив, ги соборуваат и групи од 15-20 се нафрлуваат на нив со голи раце.
Има многу повредени. Две од локалните џамии кои деновиве беа пренаменети во привремени болници се преполни...

Во живо
http://www.livestation.com/channels/10-bbc-world-news-english
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова што го видов, го немам видено досега.
Земјава е на раб на граѓанска војна, луѓево буквално поделени на две страни, а Мубарак мудрува дека тек после мандат ќе ја напушти власта, Обама бара пак тој итно да си замине.
Ќе има многу жртви овде за жал. Нема полоша војна од граѓанска. Старото правило раздели па владеј пак се покажа.
http://www.guardian.co.uk/news/blog/2011/feb/02/egypt-protests-live-updates
на овој линк Гардијан прави постојан апдејт на настаните во живо
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Немаат избор муслиманиве, кого и да бираат за претседател пак ќе добијат ЦИЈАШ.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Паѓаат диктаторчињата
Проблемот е што ќе дојдат нови, кои со време можат да станат многу полоши и да преставуваат престанок за развитокот на земјите...
 
L

Liberation

Гостин
-Падна палестинската Влада.
-Продолжуваат протестите во Јемен.
-И во Алжир протестите траат.
-Демонстрации во Бахреин!
-Најавени протести во Техеран, Иран!!!

Непокорлив е човечкиот дух!
Да живеат младите и нивната жед за слобода!!!
 
L

Liberation

Гостин
Почна и во Иран, “светата земја Аллахова“.

Верските диктатори бараат смртни казни за опзиционерските лидери

Пратеници од иранскиот парламент побараа смртни казни за двајцата лидери на опозицијата во земјата, Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби. Повод за барањата се вчерашните демонстрации на приврзаниците на опозицијата.

Иранската полиција денеска и официјално ја поврди смртта на едно лице при вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Техеран. За бројот на уапсени лица, полицијата не објави никакви податоци. Како организатори на протестните собири иранските власти ја посочуваат опозициската група „Народни муџахедини“, чија централа е во соседен Ирак. Заменик-претседателот на иранската полиција Ахмад Реза Радан изјави дека народните муџахедини се платеници на САД, Велика Британија и Израел. Кетрин Ештон бара од Техеран заштита на демонстрантите

Апел од ЕУ

Координаторот на европската надворешна политика Кетрин Ештон побара од официјален Техеран да го почитува правото на собирање и мирни демонстрации на иранскиот народ. ЕУ со загриженост ги следи настаните во Иран, посебно протестните собири, но и куќниот притвор за водечките опозиционери во земјата, порача Ештон. Таа во писмената изјава уште бара иранските власти да не применуваат сила против мирните демонстранти. Лидерите на опозицијата Мусави и Каруби се имено во куќен притвор уште од минатата недела, а полицијата уапси и повеќемина нивни блиски соработници. Иранската власт блокираше и повеќе интернет страници, што се сметаат за поддржувачи на опозицијата, а ги прекина и телефонските врски во делови од земјата.

Чие е демократското движење?

Власта претходно ги повика опозициските групи да им се приклучат на официјалните манифестации во знак на поддршка за демократското движење во арапските земји. Официјален Техеран протестите во Египет и Тунис ги нарекува исламска револуција по терк на онаа што се случи во Иран пред повеќе од две децении. Но, опозицијата сепак повика на одвоени демонстрации, што беа закажани за вчера, наспроти изричната забрана од власта. Уште изутрината на улиците на Техеран имаше голем број полицајци, изјави еден сведок на настаните.

„Бројот на милиционери е застрашувачки голем, тие очигледно регрутирале и деца, можат да се видат голем број млади момчиња дури и од по 10 или 11 години, кои седат на моторцикли со палки во рацете. И тие ги запираат минувачите и ги прашуваат каде тргнале...“

Храбри демонстранти

Наспроти ваквиот притисок, во Техеран на повеќе места се собраа неколку десетици илјади демонстратни во помали групи. Но, кога се обидоа да формираат протестна колона, полицијата интервенираше и ги растера.

„Не можев повеќе да дишам. На улиците има уште голем број луѓе, кои извикуваат смрт на диктатурата. Милиционерите ги удираат луѓето бесмилосно со електрични палки...“, изјави постар демонстрант.

Ваквата остра интервенција уште синоќа ја критикуваше организацијата Амнести интернешенел, а еден од советниците на опозицискиот политичар Мусави ги оцени протестните собири како голем успех. „Протестното движење живее и ќе продолжиме со натамошни акции“, порача за БиБиСи Ардешир Амир Арџоманд, кој живее во Париз.

DW in der mazedonischen.
 
додаток ( видеа)
Iran
Бахраин

Јемен
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Почна.... Јемен, Ирак, Иран, Бахреин, Алжир... таман ќе стасаат до главната цел - С. Арабија.
 
L

Liberation

Гостин
Судири меѓу провладините и опозициските демонстранти во Иран

Иранските провладини демонстранти денеска се судрија со нивните противници за време на церемонијата за одбележување на смртта на еден студент, кој беше застрелан на опозициските демонстрации пред два дена. Двете страни се обвинуваат меѓусебно дека се виновни за смртта на студентот. Опозицијата тврди дека тој биле еден од нивните демонстранти, но властите соопштија дека бил припадник на безбедносните сили и бил убиен од бунтовничката група Муџахедини.
Иранскиот обвинител денеска соопшти дека ќе бидат преземени мерки против опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби кои повикаа на одржување на протестите во понеделникот.

Радио Слободна Европа.
 
L

Liberation

Гостин
Почна и во Либија!

Либиската полиција синоќа во судирите во источниот град Ал Бајда уби четворица демонстранти, а неколкумина се приведени, соопштија либиските организации за заштита на човековите права и опозициските веб сајтови.

Активистите на опозицијата во Либија повикаа денеска преку своите сајтови на организирање на „Ден на гневот“.

Немирите избувнаа синоќа во Бенгази, вториот по големина град во Либија, каде околу две илјади демонстранти се упатија кон владината зграда фрлајќи камења и молотови коктели и палејќи ги околните автомобили.

Полицијата, според изјавите на очевидците, употребила гумени куршуми и водени топови за да ги растера демонстрантите. Претходно во демонстрациите во вторникот вечерта во Бенгази беа повредени неколку десетици лица.

Реагирајќи на последните случувања еден висок либиски функционер изјави дека власта „нема да им дозволи на група луѓе да се шетаат наоколу ноќно време и да си играат со безбедноста на земјата“.

Од затворот Абу Салем синоќа се ослободени 110 припадници на забранетата Либиска исламистичка борбена група, а за сега не е јасно дали судирите во Бенгази и пуштањето на затворениците на некој начи се поврзани.

Либија од март минатата година ослободи вкупно 360 политички затвореници.

Европската унија ги повика синоќа властите на Либија да ја гарантираат слобода на изразување и да се воздржат од примена на насилство.

Претседателот на Либија Моамер Гадафи (68) е на власт од 1969 година.

α tv
 
Kajgana Shop

На врв Bottom