Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
ај да те прашам тебе и другите...

што работите? имате свија фирма од технички карактер (стручна работа со алати и машини) или сте на плата некаде?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
ај да те прашам тебе и другите...

што работите? имате свија фирма од технички карактер (стручна работа со алати и машини) или сте на плата некаде?
Не дека е твоја работа да знаеш што другите работат, но сепак еве ќе ти откријам за себеси - јас работам приватно заедно со мој пријател, се занимаваме со информатичка технологија, што конкретно и како работиме нема да ти откријам.

Но што работиме јас и останатите нема ама баш никаква врска со нашите ставови за ваквиот закон, кој повеќе е насочен кон ограбување на работниците со цел полнење на и онака веќе испразнетиот буџет со народните пари фрлени на споменици, на административни згради и на бројни други тотално непотребни глупости, односно не е насочен против сивата економија и работењето на црно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
па ајде.. што чекаш.. организирај нешто.. не туку драматизирајте на форум.. законот е во гласање, ке биде изгласан и после може само да им плукнете под прозор... ако мислиш нешто да правиш прави, ако не џабе само галама кревате...

колку да бидам по јасен.. сите мои колеги, пријатели и познаници со кои деновиве дискутирам, а се луѓе кои се во иста ситуација како мене, (со фирма, легални, правно и законски издржани) до еден сите истото го кажуваат, ДЕКА ОНИ КЕ БИДАТ ПРВИ ШТО КЕ ПРИЈАВАТ.. зашто јас да плаќам даноци а тој не?
Не се нервирај сега во недостаток на аргументи, кој што ќе прави си е негова работа. Ова е форум, овде дискутираме.

Иначе убавини тоа што државата не поттикнува да се кодошиме едни со други. Милина.
нејкам да го ругам, нити да се ситам на таков човек... но чим може толку работи да ги поправи, сигурно човекот е капацитет. за да можеш сето тоа да го направиш и да умееш да го сервисираш-поправаш, треба да имаш огромно знаење, искуство, храброст и познавање на проблематиката, секако потребно му е високо ниво на ителект...

прашањето е: како при толкав ментален капацитет, тој 30 и кусур години е ТОРБАР МАЈСТОР, и не напредувал во животот воопшто? што чекал овие 30 години за да се официјализира и да го прошири бизнисот-работата за да печали поише? зашто самиот себеси си турил шајка во ногата и работи на црно 30 и кусур години? констатиавме дека е интелегентен човек... што го спречило да иде понатака со развивањето и одлучил да биде работник на црно 30 и кусур години и да живее во сиромаштија и едвај да си го прехранува семејството?
Не бе брат, не е ни капацитет ни ништо. Ти не си видел приучени мајстори што чепкаат по телевизори и разно разни машини? Кој има телевизор што вреди 2000 денари на старо и сака да го поправи за 200 нема да те викне тебе нити да го донесе во твојата фирма. Ќе викне еден од овие чепкаџии да види дали со чепкање ќе му се врати сликата или да го фрли во канта.


Нема бизнис тука, сфаќаш? Не сте конкуренција. Ти имаш бизнис. Тој преживува. Ти ќе го пријавиш и ќе му го направиш животот уште понеподнослив.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Имаше нели еден закон за музика на свадба да се плаќа на авторите :facepalm:. Истиот закон мислам дека падна на суд во Хрватска пред недела-две.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Ме интересира за дрво сечачи како ќе гласи лиценцата, „знае да сече дрва на 5х5цм, ако не сече така викни не да му пишеме казна“
или за оние што бичкаат „знае да ги сече дрва на 25цм во должина, ако не сече така викни не да му пишеме казна“ ,
за градежните работници што мешаат малтер за куќи ќе пишува „знае да меша малтер со 10 лопати песок, 3 лопати цемент и едно котле вода (ама котлето мора да биде 5л), ако не прави така викни не,
лиценциран ајварџија „знае да ги лупи пиперките, да ги отстранува семките и знае да го меша ајварот, да не загори во шерпата, ако не прави така ѕвони да му опнеме казничка“

Друга работа со комшиите како ќе биде, ќе се смета комшија и преку една куќа, ќе има определено должина до каде треба да живее,
кај мене имам комшии од трите страни, а онаа страна што ми е некај патот има нива па по 200-300 метри ми доаѓа комшијата.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Не дека е твоја работа да знаеш што другите работат, но сепак еве ќе ти откријам за себеси - јас работам приватно заедно со мој пријател, се занимаваме со информатичка технологија, што конкретно и како работиме нема да ти откријам.

Но што работиме јас и останатите нема ама баш никаква врска со нашите ставови за ваквиот закон, кој повеќе е насочен кон ограбување на работниците со цел полнење на и онака веќе испразнетиот буџет со народните пари фрлени на споменици, на административни згради и на бројни други тотално непотребни глупости, односно не е насочен против сивата економија и работењето на црно.
тоа и ми беше поентата... тоа што го кажа е доволно... информатичка технологија... во вашиот отсек нема “торбари чепкала“... не си го осетил тој проблем.

како и да е... немам намера на никого да му наштетам... ако луѓето мислат дека треба да работат на црно, нека работат... поентата е да не бидат нелојална конкуренција.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
да не ја вртиш на политика може? ако се компарира од таа локација до оваа има еден тон работи кои се компарираат со исти аршин... не е само ова прашање...
Tи едноставно не разбираш некои работи или не живееш во Македонија. Со тој закон што ќе го донесат, услугата на лиценцираните мајстори ќе порасне дупло, а квалитетот на услугата ќе остане ист. И што рече некој овде на форумов, ако некој има телевизор што вреди 2000 денари, нема да викне мајстор што ќе му земе 2000 денари за поправка. Ќе викне некој приучен што ќе му земе 200 денари или ќе му го поправи за една чашка ракија и мезе. Оној што има телевизор што вреди 50000 илјади и сега нема да викне некој приучен, туку ќе викне регистриран сервис без разлика дали законот ќе биде усвоен или не. Зашто во првиот случај, приучениот може да донесе мала штета а голема корист, а во вториот може да донесе мала корист, а голема штета. Ја капираш ли поентата сега и каде е проблемот?

Кога ќе почнат кодошењата, Македонците ќе немаат пари за поправка и ќе почнат да ги фрлаат старите телевизори, машини за перење, фрижидери итн. А ќе немаат пари да купат нови. Од друга страна, тие фрлените апарати, рамковните браќа ќе ги земаат од буниште, ќе ги поправат и ќе си ги присвојат. Плус, со овој закон само од нивните ќе смеат да работат, затоа што се сложни, а нашиве кодошејќи се ќе осиромашат, нема да семеат ништо да работат и ќе зависат од социјална помош. Рамковните дури и ако некој ги пријави, целата маала, село или општина ќе се дигне на протест и ќе издејствуваат амнестија, а може и вработување во администрација на товар на буџетот кој ти ќе го полниш. Така што нашиот народ или ќе изумре или ќе се отсели, а нивниот ќе опстои на овие простори. Природна селекција потпомогната од вакви антимакедонски политичари и продавачи на демагогија.

И после не ја врти на политика кога Македонците ќе се раселат низ целиот свет како што е случај со Евреите, Ерменците и Ромите. Живеј си и понатаму во своите илузии.

Лично сметам дека лиценца треба да постои за електроинсталатери, водоинсталатери и инсталатери на системи што се под притисок (парни и гасни инсталации и сл.).
Но зошто би ѝ требала лиценца на чистачката што ти чисти по дома или на Ромот што ти цепи дрва или на аргатот што ти ја копа нивата или ти бере грозје и јаболка?

И уште нешто. Ако е казната 1000 евра, нека биде и минималната плата 1000 евра. Знаеш кога би викнал мајстор без лиценца? Никогаш. Ниту би викнал мајстор со лиценца. Туку, веднаш го фрлам расипаниот апарат во контејнер, одам во продавница и си купувам друг. А мајсторите сервисери со лиценца може само да дремат во нивните сервиси.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
тоа и ми беше поентата... тоа што го кажа е доволно... информатичка технологија... во вашиот отсек нема “торбари чепкала“... не си го осетил тој проблем.

како и да е... немам намера на никого да му наштетам... ако луѓето мислат дека треба да работат на црно, нека работат... поентата е да не бидат нелојална конкуренција.
Е па погрешно си информиран, бидејќи и во информатичката технологија ги има такви кои работат за ситни пари, па сепак јас не плукам по нив бидејќи наводно ми го крадат лебот, бидејќи вистината е дека наплаќаат пониско бидејќи колку поквалитетно и поевтино си ја завршат работата, толку поголема е веројатноста да бидат повторно повикани за друга работа или да бидат препорачани на друг потенцијален клиент.

Тоа се вика конкуренција.

Лиценци за работниците, па адвокати во нотарските канцеларии, па придонеси и даноци за хонорарците - ма да ова последново и беше општо познато на јавноста уште во летото 2014, што не значи дека е оправдливо и во ред.

Или хонорарците ќе работат за мизерија под 9.500 денари, или за мизерен хонорар од 10.000, 12.000 и слични мизерни суми, ќе плаќаат неверојатни 35% данок.

Уште да им текне да воведат и даноци и казни за кивање и зевање, оваа влада е заколнат душман на малите и на средните стопанственици и на занаетџиите.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/хонорарците-ем-невработени-ем-обесправени

Хонорарците ем невработени ем обесправени

31. окт. 14.

Горан Ризаов | Призма

Од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар по договор на дело или авторски договор, освен ако не сте врвен спортист, државен функционер или судија


Измените донесени по скратена постапка, без вистинска дебата, носат опасност, наместо да ја намалат невработеноста, да поттикнат неформални вработувања | Фото: Ed Yourdon / Foter / CC BY-NC-SA

Оние кои имаат примања врз основа на договори на дело и авторски договори, односно т.н. хонорари, за два месеца отсега ќе се соочат со ситуација во која од сумата на хонорарот ќе треба да бидат одземени, не како досега само персоналниот данок од 10 отсто туку и придонесите за пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Заедно со персоналниот данок, оптоварувањето на хонорарите ќе изнесува над 35 отсто од сумата. Придонеси ќе се плаќаат за хонорарите кои го надминуваат износот на минималната плата, односно од околу 9.500 денари.

За да се воведе ваквата новина, одеднаш се изменети пет закони: за работни односи; за придонеси од социјално осигурување; за пензиско и инвалидско осигурување; за здравствено осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Сите се донесени по скратена постапка, а измените се веќе озаконети со објавата во Службен весник уште кон крајот на јули 2014 година.

Образложението на Владата и на Синдикатите за овие законски измени, донесени сред летните одмори, беше дека со нив практично ќе се стимулира вработувањето по теркот на другите европски држави и ќе се спречат злоупотребите.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, уште при донесувањето на измените изјави дека „со ова ќе се елиминираат злоупотребите што дел од работодавачите ги правеа кај овие авторски или договори на дело, каде што често се изигруваше и договореното за минималната плата“.

Што предвидуваат измените

Во Процедурата за прием во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси, која БИРН ја обезбеди од Министерството за труд и социјална политика, се наведени сите елементи кои законски треба да бидат дел од договорите на дело или авторските договори од први јануари.

Таа предвидува и компанијата „исплатувач“ и лицето „примател на приходот“ да го достават меѓусебниот договор на дело до Фондот за пензиско инвалидско осигурување (ФПИОМ). Ако лицето не е вработено, односно нема социјално осигурување, покрај договорот, треба да се достави и барање за прием во осигурување, трансакциска сметка и М1/2 пријава.

Ако некој има повеќе договори под минималната плата, но нивниот збирен износ е поголем од 9.500 денари, тогаш и тој подлежи на наплата на придонеси. Во тој случај, наместо правното лице или фирмите, самиот работник како физичко лице треба да оди во ПИОМ, да ги поднесе сите барања и да си ги плати придонесите.

Ист е случајот и за оние кои имаат авторски или договори на дело со странски компании, авторот односно „изведувачот“ е обврзник за надомест на даноците и придонесите.

Во практика, ова значи дека од следната година за хонорар во бруто износ од, на пример, 30.000 денари, оној што ја дава услугата ќе добие околу 20.000 денари, а на сметка на државата ќе легнат околу 10.000 денари.

За пензиско и инвалидско осигурување ќе се платат 17,6 отсто или околу 5.280 денари, а за здравствено 7,3 отсто или нешто под 2.190 денари. Вкупно за придонеси ќе се одвојат 7.470 денари од хонорарот. Од останатите 22.530 денари уште 10 проценти или 2.253 денари ќе се одвојат за данок на доход.

Двојно здравствено осигурување

Покрај начинот на пресметка на придонесите и данокот на доход, се јавува проблем при плаќањето на придонесите за пензиско и за здравствено од два или повеќе извори. Поточно, кога еден вработен плаќа придонеси и за редовната плата и за хонорарот што му е дополнителен приход.


Од Министерството за труд и социјална политика за БИРН потврдуваат дека во случај да се плати придонес за пензиско осигурување два пати (од договорот на дело и од вработувањето), тоа ќе биде пресметано во основицата за пензија.

Од Министерството за труд и социјална политика за БИРН потврдуваат дека во случај да се плати придонес за пензиско осигурување два пати (од договорот на дело и од вработувањето), тоа ќе биде пресметано во основицата за пензија. „Тоа секако ќе влијае на висината на пензијата, односно осигуреникот ќе оствари повисок износ на пензија“, велат од Министерството.

Иако ќе му се зголеми основицата за пресметка на пензијата, сепак, од Министерството не кажуваат дали вработените ќе имаат дополнителна придобивка во случај на двојна наплата на здравственото осигурување.

„Од вкупните законски измени, најголем проблем е тоа што оние што ќе плаќаат придонеси, нема да добиваат дополнително здравствено осигурување“, вели Горан Рафајловски од компанијата „Рафајловски консалтинг“.

Тој вели дека измените треба да подлежат на сериозна дебата, особено во делот со двојното здравствено осигурување.

„Потребно е сериозно испитување што може да понуди здравството во овој случај. Фер би било да се понуди нешто повеќе за овие луѓе, но прашање е дали здравството ќе може да го издржи тоа “, вели Рафајловски.



Измените не важат за функционерите

Наплатата на придонеси од договори на дело и авторски договори не важи за примањата на професионалните спортисти, пратениците, советниците, јавните функционери, стипендистите, судиите, поротниците, вештаците, стечајните управници, волонтерите, пензионерите и за договорите за јавна работа коишто ги склучуваат општините.

И претседателот на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков и консултантот Горан Рафајловски се изненадени од ваквиот факт.

Бошков вели дека не е запознаен со ваквите ослободувања на плаќањата. „Тоа не беше спомнато кога ги дискутиравме измените на законите на седница на Економско-социјалниот совет“, вели тој. „Во секој случај, тоа не е поволно решение“, вели Бошков, додавајќи дека „сите треба да бидеме еднакви пред Законот“. И Рафајловски смета оти „законот треба да важи исто за сите“ и додава оти „ако некој се изземе, тоа значи дека останатите се ставаат во подредена положба“.

Работниците дополнително на удар

Наспроти аргументацијата на Владата и Синдикатите дека измените ќе поттикнат вработувања, затоа што работодавачите нема да имаат причина да имаат хонорарни соработници кога давачките за нив се исти како и за вработените, сомневањата се дека ќе се случи токму спротивното.


Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, посочува дека ваквите измени ќе доведат до тоа газдите да бараат повеќе начини за избегнување на плаќањето даноци

Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, посочува дека ваквите измени ќе доведат до тоа газдите да бараат повеќе начини за избегнување на плаќањето даноци. Една од првите опции што им е на располагање, секако е намалување на нето износот на хонорарот.

На тој начин, измените ќе ги удрат по џеб само оние што работат, а сумата што работодавачот ќе ја плаќа ќе остане иста. Со други зборови, хонорарецот од нашиот пример кој бил плаќан 30.000 денари, наместо досегашните 27.000 денари со платен данок на доход, ќе зема околу 20.000 денари, што е намалување за над 17 отсто.

Вториот начин на избегнување на плаќање на придонесите е износот на хонорарите да биде понизок од минималната плата. Трет начин е со зголемување на износот на над шест просечни плати, што е максималниот износ на кој се пресметуваат придонеси, исто како и кај редовно вработените. Целата сума што е над шест просечни плати (околу 180.000 денари) нема да подлежи на придонеси.

Бошков алармира на опасноста измените, иако се претставени како поттик за зголемување на вработувањата, да имаат спротивен ефект и да резултираат со непријавени работници.

„Ние реагиравме дека има можност луѓето да останат непријавени, односно да останат да работат ‘на црно’ со што, всушност, и не се поттикнува вработувањето како една од целите на законските измени. Тие нема да сакаат да ги плаќаат придонесите“, вели Бошков.

Неговото претходно искуство вели дека работодавачите во ваков случај гледаат да избегнат плаќање на даноците и „најверојатно ќе доведе до тоа да се исплаќаат повеќе хонорари под минималната плата“.

Токму затоа, Конфедерацијата на работодавачите на состанокот на економско-социјалниот совет побарала, наместо до минималната плата од 9.500 денари, ослободени од придонеси да бидат сите што земаат хонорари до висината на просечната плата од околу 21.000 денари.

Нивното барање не е прифатено, поради што тие сега очекуваат помош од граѓанските организации.

„Ние очекуваме дека некои од граѓанските организации, односно од граѓанскиот сектор, ќе покренат некаква иницијатива за промена на овој закон“, вели Бошков. Ниту една граѓанска организација досега не покажа интерес да ги оспори измените.

Се стимулира прекарната работа

Измените донесени по скратена постапка, без вистинска дебата, носат опасност, наместо да ја намалат невработеноста, да поттикнат неформални вработувања.

Со измените на петте закони, на работодавачите сега им се дава можност сите идни вработувања да бидат со договор на дело, со што практично ќе им се даде можност да ги заобиколат обврските што ги имаат кон вработените согласно Законот за работни односи и другите закони што ги гарантираат нивните права

Со измените на петте закони, на работодавачите сега им се дава можност сите идни вработувања да бидат со договор на дело, со што практично ќе им се даде можност да ги заобиколат обврските што ги имаат кон вработените согласно Законот за работни односи и другите закони што ги гарантираат нивните права.

На пример, правото на отказен рок, отпремнина, годишен одмор или правото за заштита при работа се дизајнирани да се однесуваат само на работниците со Договор за вработување. Договорот за дело или авторски ангажман не спаѓаат во корпусот закони за работниците туку тие се дел од облигациското, договорно право.

За разлика од Синдикатите, ваквата опасност ја препознаваат во Конфедерацијата на работодавачи.

„Нема да се почитуваат правата на работникот, тој ќе седи во канцеларија и ќе работи под страв да не биде отпуштен без да го добие она што законски му следува. Работниците ќе немаат никакви права и ќе немаат сигурност во работата ако се вработени само со договор на дело или со авторски договор“, вели Миле Бошков.

Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, всушност го опишува проблемот што се подведува под терминот прекарна работа - повремена или привремена работа, во целосна егзистенцијална и професионална несигурност, договори што траат одредено време, кои не даваат никакви права и заштита и кои можат да се раскинат без какви било последици за работодавачот.
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Македонските работници - обесправени и заборавени
Даниела Саздова
Правата на македонските работници во законите се намалуваат, а во реалноста се кршат. Сето тоа се случува пред очите на Државниот инспекторат за труд кој избира да молчи или да одговара со статистики и празни бројки


Жените работнички пред Судот во Велес бараат правда | Фото: Д. Саздова

Ниту на плус 36 Ц степени, не можат да ги стоплат премрзнатите прсти со кои минатата зима ги обработуваа полжавите во фабриката за замрзната храна во Неготино. Жените работнички, кои беа вредни и работеа за надница, од 1 ноември до 13 декември минатата година, по седум месеци се собраа пред велешкиот суд, кажаа како работеа, а за тоа не добија плата од газдите на фабриката. Тие побараа помош од институциите во државата, но неа сè уште ја чекаат.
Најголем дел од работниците се жени над педесет години, речиси пред пензија и од семејства кои не остваруваат никакви месечни примања. Раскажуваат за БИРН дека сиромаштијата ги принудила да работат за надница, некои од нив и само за да можат да си купат лекови.

Работничката Александра Богданова jа раскажува трагичната приказна на нивната колешка која не доживеа да ја заврши борбата за плата.


Александра Богданова jа раскажува трагичната приказна на нивната колешка која не доживеа да ја заврши борбата за плата | Фото: Д. Саздова

„Само нè лажат на први ќе земеме, на петнаесетти, а еве уште не ни ги исплатиле платите. Жал ми е за една жена што работеше со нас, сирота доаѓаше тешко болна за да заработи за лекови, си почина и не ја дочека платата “, вели Александра.
А плата немаат земено осумдесет жени кои работеа во оваа фабрика. Сите имаат договори за работа на дело, кои според адвокатот што ги застапувал пред институциите, не биле исправни.

На самиот почеток во потрага по правда веднаш затропале на вратата на Трудовата инспекција во Велес, од каде што почнале да ги препраќаат како да се несакан пакет со непозната адреса.

- Од Трудовата инспекција во Велес ни рекоа обратете се во кавадаречката, таа е надлежна. Од Управата за јавни приходи инспекторот ни рече да испратиме препорачано до Скопје, но и од таму до денеска немаме одговор. Адвокатот ни кажа да поднесеме опомена пред тужба, ама и за тоа ни побараа по 4.000 денари, а ние пари немаме “, рече Богданова.

Каде е Трудовата инспекција

Ниту договорот за работа не е гаранција за плата

Работењето без плата во Македонија стана секојдневие за голем број работници, иако станува збор за кршење на законските одредби. Имено, поред Законот за работни односи (член 109) платата мора да биде исплаќана во интервали не подолги од еден месец, најдоцна до 15. следниот месец, а ако има некоја промена на денот на исплаќањето, работодавецот мора писмено да ги извести работниците за тоа. Ако вака не постапи, глобата што може да ја добие изнесува 2.000 до 3.000 евра плус 500 до 1.000 евра за директорот (член 265).
Трудовата инспекција, пак, според Закон е должна да изврши надзор по барање на работниците на кои им е прекршено работничко право и да ги санкционира газдите кои не ги испочитувале нивните права.

БИРН се обиде да стапи во контакт со Трудовата инспекција и да праша дали е реагирано и како во врска со овој случај. Оваа институција не се одважи да одговори на нашите прашања, согласно со Законот за слободен пристап до информации испратени на 7 јули годинава и последователни прашања испратени по електронска пошта.

До денеска нема одговор од инспекторатот што презел конкретно во врска со пријавата на работниците од фабриката за замрзната храна. Истекоа законските 30 дена, но од таму в.д. директорот на Државниот инспекторат за труд, Злате Стојановски, не одговори ниту на повторно пратените прашања преку е-пошта.

Образложението, ако така може да се нарече, го добивме преку телефонски разговор со, советникот за координација во Министерството за труд, Зорица Џингова, која соопшти дека информациите поврзани со конкретните случаи тешко можат да се добијат бидејќи во записниците се појавуваат матичните броеви на работниците, а нивното јавно обелоденување е законски недозволено.

Додека трудовата инспекција грижливо ги чува нивните матични броеви, на работничките кои со месеци работеа без надомест и натаму не им е неплатен нивниот труд. Сега тие работат во други фирми, а нивниот поранешен газда континуирано бара нови сезонски работници.

Газдите можат мирно да спијат

Со оглед на неажурноста на трудовите инспектори во овие случаи, сосема е разбирливо што сопствениците и менаџерите на фабриките не го почитуваат законот и не се плашат од казните | Фото: Андреј Гиновски

Работниците со кои контактираше БИРН раскажуваат како не се живее без пари еден месец, а камоли цела година. Околу педесетина продавачки на леб и бели печива, пекари, магационери и хигиеничарки останаа на улица со неисплатени плати од 12 до 14 месеци.
Со работен стаж од 28 години, 55-годишната Тодорка С., остана и без работа и без пари. Нејзе фирмата ѝ должи 13 плати. Таа сега го зема надоместокот за технолошки вишок, но вели дека само таа знае како успеала да преживее без пари една година.

- Се пожаливме кај градоначалникот, во синдикатот и кај трудовите инспектори. Последниве ми рекоа дека како единка не можеш ништо да направиш, ај соберете се повеќе за да постигнете некаков ефект - рече Тодорка.

Зошто сопствениците на „Жито Вардар“ биле толерирани од страна на државата и не им било исплаќано редовно плата побаравме информација од Државниот трудов инспекторат. Од таму повторно не добивме одговор.

Со оглед на неажурноста на трудовите инспектори во овие случаи, сосема е разбирливо што сопствениците и менаџерите на фабриките не го почитуваат законот и не се плашат од казните. Тие, едноставно, тоа можат да си го дозволат. Имено, не секој работник пријавува кршење на работното право. Потоа и да пријави постои можност инспекторот да биде „наклонет“ кон сопственикот и да не го казни, а дури и ако го казни, тоа се мали износи.

Максималната парична казна за работодавците е 4.000 евра, а ако притоа им должат со исплатата на повеќе вработени, износот е многу поголем. За 4.000 евра вреди да се ризикува, објаснува активистот за работнички права Здравко Савески.

- Ингеренциите на трудовите инспектори не се многу големи, паричните казни што тие ги изрекуваат не се така големи, а меѓу работниците е раширено мислењето дека тие се корумпирани, дека им се продаваат на работодавците за нешто кеш или за некој стоков подарок. И како да им се верува тогаш? - рече Савески.

Различни статистики и вистини

Незадоволни работници на средба со Синдикатот | Фото: Д. Саздова

И додека трудовиот инспекторат молчи, регионалниот синдикат во Велес потврдува дека постои драстично прекршување на основните работнички права.
Барајќи помош од синдикалците, кај нив најчесто доаѓаат оштетени работници со неисплатени надоместоци за прекувремена работа, за работење за викенд и за празник, за работа во трета смена како и поради неправилно распоредени додатоци од плата, поточно за осигурување на најнизок износ на плата без разлика на квалификации и образование. Постојат и случаи на оштетени работници на кои фирмите не им платиле здравствено и пензиско осигурување за време на годишен одмор.

„Сè почнува со договорот за работа, кој најголем дел од работниците и не го добиваат. Потпишуваат празен лист хартија и нивниот потпис многу често се злоупотребува“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за Велес, Себедин Шаќиров.

Статистиката на ССМ покажува дека во периодот од март до јуни годинава, 64 тужби поднеле работничките од фабриката за замрзната храна со кои бараат исплата на плати.

По ист основ тужат и тројца поранешни работници на „Дрекслмајер“, додека 10 приговараат на отказните решенија без отказен рок. Плати од фирмата „Жито Вардар“ преку суд бараат и 14 поранешни работници.

Поради притисокот од газдите да не штрајкуваат, десет работници од фабриката за крзнени производи „Димко Митрев“ и двајца од фабриката за шински возила „Колска“ во Велес поднеле тужбени барања и за нивните работнички права ќе одлучува судот.

Со помош на синдикатот 59-годишен работник во Јавната здравствена установа Општа болница во Велес докажал дека не може да работи во ноќна смена поради нарушено здравје. Во неговиот случај судот постапил според Законот за работни односи и пресудил дека работодавецот мора да му ја почитува возраста и да го праша дали се чувствува способен да работи ноќе.

Овие случаи не можат да се пронајдат во евиденцијата на Државниот инспекторат за труд, објавена на веб-страницата на институцијата. На „црната листа“ единствено се наоѓа фабриката за замрзната храна во Неготино. Во извештајот за февруари годинава стои дека фирмата постапила спротивно на Законот за работни односи според член 258 и дека е поднесено барање за прекршочна постапка.

Инспекторите упатуваат на статистики и бројки објавени на веб-страницата на Министерството за труд. Според податоците преполни со бројки лани во трите тримесечја извршиле вкупно 20.791 контроли, редовни и по барање на работниците, откриле 774 непријавени работници, а поднеле 470 барања за поведување на прекршочни постапки. Нема информации за резултатот од постапките, но според она што се случува во погоните и претпријатијата, не е тешко да се претпостави дека тие немаат никаков ефект и тогаш кога се изрекуваат.

Штрајкот е дозволен само на хартија

Деан и Стојна се подготвени до крај да ја водат битката за правда | Фото: Д. Саздова

Секојдневието на македонскиот работник покажува дека кон него подеднакво се однесуваат и домашните и странските газди. Сите тие наоѓаат дупки во Законот за работни односи и не ги почитуваат колективните договори. Велешки „Жито Вардар“ е домашна компанија, со мешовит капитал е фабриката за замрзната храна во Неготино, додека кавадаречки „Дрекслмајер“, пак, е странска инвестиција.
- Морам да кажам дека најголемиот број сопственици на фирми не дозволуваат синдикално организирање на работниците. Тоа ни ја отежнува работата затоа што не можеме да им помогнеме кога доаѓаат и ни кажуваат за нивните проблеми. Во таков случај единствено што можеме да направиме за нив е да им дадеме бесплатна правна помош “, ни кажа Шаќиров.

А кога гневот од континуираното газење некогаш ќе ескалира и ќе избие стихиен штрајк, освен ако не се работниците правни експерти, ќе прекршат некоја одредба од законите со кои се регулира правото за штрајк и работодавачот ќе го искористи тоа за да ги казни за непослушноста!

Законот за работни односи изобилува со обврски кои работниците треба да ги исполнат пред и за време на штрајкот. И не е само Законот за работни односи. Има уште барем 13 закони, знајни и незнајни, кои го регулираат правото на штрајк во некоја сфера.

- И велат дека во Уставот било гарантирано правото на штрајк! Можеби така пишува во Уставот, ама во законите сето тоа така е регулирано како да имало свесна намера што е можно повеќе да се обезвредни уставно гарантираното право на штрајк, а работниците само наводно да имаат право да кренат глас - вели Савески.

Револтот на Деан С. од Велес и Стојна Т. од Кавадарци, бивши работници во „Дрекслмајер“, ескалираше со штрајк. Си ги бараа ветените, но неисплатени празнични дневници. Тие беа дел од работниците од ноќната смена што штрајкуваа и го извлекоа најдебелиот крај. Добија откази и се пожалија кај трудовата инспекција од каде ниту по шест месеци немаат добиено известување дали била извршена контрола по нивното барање. Отпуштените работници сега ја тужат фирмата.

- Ги тужам оти добив отказно решение без отказен рок за учество во штрајк, што е спротивно на Законот за работни односи. Претходно побарав помош од Народниот правобранител и од таму ми одговорија дека не може да интервенира бидејќи станува збор за странски инвеститор. Но вети дека ќе побара информација од Државната трудова инспекција и така ќе се информира за овој случај. Досега немам одговор што таа државна институција го информирала Народниот правобранител за мене и за колегите кои сме избркани - рече велешанецот Деан.

- Јас имам документ издаден од фабриката во кој пишува дека по истекот на тримесечниот ангажман, по автоматизам работниот однос ми е продолжен на една година. Тој ќе го приложам на суд и ќе водам постапка за да докажам дека не можат да ме отпуштат од работа - рече кавадарчанката Стојна.

Деан и Стојна се подготвени до крај да ја водат битката за правда со домашните институции и ако не ја добијат, ќе ја бараат пред Судот за човекови права во Стразбур.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/македонските-работници-обесправени-и-заборавени
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
Лиценци за работниците, па адвокати во нотарските канцеларии, па придонеси и даноци за хонорарците - ма да ова последново и беше општо познато на јавноста уште во летото 2014, што не значи дека е оправдливо и во ред.

Или хонорарците ќе работат за мизерија под 9.500 денари, или за мизерен хонорар од 10.000, 12.000 и слични мизерни суми, ќе плаќаат неверојатни 35% данок.

Уште да им текне да воведат и даноци и казни за кивање и зевање, оваа влада е заколнат душман на малите и на средните стопанственици и на занаетџиите.
Во право си. Но во државата ги има многу како @onak и @мкд владе, на кои Владата може да им продаде м00да за бубрези и уште да ги убеди дека тоа е за нивно добро.

Препишувале европски закони? Нека го препишат законот од Финска ако се мажи или нека не јадат гурабии. Нас само финскиот закон може да нѐ спаси.

Во Финска казните за сообраќајни прекршоци се правопропорционални спрема приходите на прекршителот. Така што казната може да иде и преку 100000 евра (сто илјади, не е грешка), како што плати Хакинен.

Таму ако те видат во нов џип од 30000 евра не ти веруваат на жими мајка и дека работиш за плата од 300-500 евра, туку ќе ти претресат сѐ живо и диво да видат на кој начин ја оштетуваш државата.
Финското УЈП или која и да е нивна агенција што се занимава со потеклото на имотот, во своите компјутери има податоци за приходот на секој член од домаќинството. Ти ги знаат расходите за сметките и кредитите и тогаш ти кажуваат:
"Господине, вие со тие примања не можете да возите Мерцедес од 30000 евра/ да купите вила од 200000 евра/да имате Miele, Loewe и Krell куќна техника и сл., бидејќи за нив ќе ви требаат толку и толку години. Имате 30 дена да го докажете потеклото на имотот (лотарија, наследство и сл.) Ако не докажете, ќе ви го одземеме имотот, а воедно ќе добиете и тужба за работа на црно, шверц или криминал."
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Во право си. Но во државата ги има многу како @onak и @мкд владе, на кои Владата може да им продаде м00да за бубрези и уште да ги убеди дека тоа е за нивно добро.

Препишувале европски закони? Нека го препишат законот од Финска ако се мажи или нека не јадат гурабии. Нас само финскиот закон може да нѐ спаси.

Во Финска казните за сообраќајни прекршоци се правопропорционални спрема приходите на прекршителот. Така што казната може да иде и преку 100000 евра (сто илјади, не е грешка), како што плати Хакинен.

Таму ако те видат во нов џип од 30000 евра не ти веруваат на жими мајка и дека работиш за плата од 300-500 евра, туку ќе ти претресат сѐ живо и диво да видат на кој начин ја оштетуваш државата.
Финското УЈП или која и да е нивна агенција што се занимава со потеклото на имотот, во своите компјутери има податоци за приходот на секој член од домаќинството. Ти ги знаат расходите за сметките и кредитите и тогаш ти кажуваат:
"Господине, вие со тие примања не можете да возите Мерцедес од 30000 евра/ да купите вила од 200000 евра/да имате Miele, Loewe и Krell куќна техника и сл., бидејќи за нив ќе ви требаат толку и толку години. Имате 30 дена да го докажете потеклото на имотот (лотарија, наследство и сл.) Ако не докажете, ќе ви го одземеме имотот, а воедно ќе добиете и тужба за работа на црно, шверц или криминал."
Кај нас да се донесе ваков закон ќе треба на 90% од богаташите, 99% од политичарите и 100% на криминалците да има се одземе целиот имотот, а тоа ти е 1% од населението или над 70% од целокупното богаство во Македонија, што значи никогаш нема да се случи тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom