- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.049
- Поени од реакции
- 12.592
Во право си - ќе видиме.ке видиме тоа... читај погоре што напишав...
Читај ти погоре што ти пишуваат другите.
Во право си - ќе видиме.ке видиме тоа... читај погоре што напишав...
И јас спаѓам меѓу тие другите, доколку си заборавил во меѓувреме.другите? ок...
Не дека е твоја работа да знаеш што другите работат, но сепак еве ќе ти откријам за себеси - јас работам приватно заедно со мој пријател, се занимаваме со информатичка технологија, што конкретно и како работиме нема да ти откријам.ај да те прашам тебе и другите...
што работите? имате свија фирма од технички карактер (стручна работа со алати и машини) или сте на плата некаде?
Не се нервирај сега во недостаток на аргументи, кој што ќе прави си е негова работа. Ова е форум, овде дискутираме.па ајде.. што чекаш.. организирај нешто.. не туку драматизирајте на форум.. законот е во гласање, ке биде изгласан и после може само да им плукнете под прозор... ако мислиш нешто да правиш прави, ако не џабе само галама кревате...
колку да бидам по јасен.. сите мои колеги, пријатели и познаници со кои деновиве дискутирам, а се луѓе кои се во иста ситуација како мене, (со фирма, легални, правно и законски издржани) до еден сите истото го кажуваат, ДЕКА ОНИ КЕ БИДАТ ПРВИ ШТО КЕ ПРИЈАВАТ.. зашто јас да плаќам даноци а тој не?
Не бе брат, не е ни капацитет ни ништо. Ти не си видел приучени мајстори што чепкаат по телевизори и разно разни машини? Кој има телевизор што вреди 2000 денари на старо и сака да го поправи за 200 нема да те викне тебе нити да го донесе во твојата фирма. Ќе викне еден од овие чепкаџии да види дали со чепкање ќе му се врати сликата или да го фрли во канта.нејкам да го ругам, нити да се ситам на таков човек... но чим може толку работи да ги поправи, сигурно човекот е капацитет. за да можеш сето тоа да го направиш и да умееш да го сервисираш-поправаш, треба да имаш огромно знаење, искуство, храброст и познавање на проблематиката, секако потребно му е високо ниво на ителект...
прашањето е: како при толкав ментален капацитет, тој 30 и кусур години е ТОРБАР МАЈСТОР, и не напредувал во животот воопшто? што чекал овие 30 години за да се официјализира и да го прошири бизнисот-работата за да печали поише? зашто самиот себеси си турил шајка во ногата и работи на црно 30 и кусур години? констатиавме дека е интелегентен човек... што го спречило да иде понатака со развивањето и одлучил да биде работник на црно 30 и кусур години и да живее во сиромаштија и едвај да си го прехранува семејството?
тоа и ми беше поентата... тоа што го кажа е доволно... информатичка технологија... во вашиот отсек нема “торбари чепкала“... не си го осетил тој проблем.Не дека е твоја работа да знаеш што другите работат, но сепак еве ќе ти откријам за себеси - јас работам приватно заедно со мој пријател, се занимаваме со информатичка технологија, што конкретно и како работиме нема да ти откријам.
Но што работиме јас и останатите нема ама баш никаква врска со нашите ставови за ваквиот закон, кој повеќе е насочен кон ограбување на работниците со цел полнење на и онака веќе испразнетиот буџет со народните пари фрлени на споменици, на административни згради и на бројни други тотално непотребни глупости, односно не е насочен против сивата економија и работењето на црно.
Tи едноставно не разбираш некои работи или не живееш во Македонија. Со тој закон што ќе го донесат, услугата на лиценцираните мајстори ќе порасне дупло, а квалитетот на услугата ќе остане ист. И што рече некој овде на форумов, ако некој има телевизор што вреди 2000 денари, нема да викне мајстор што ќе му земе 2000 денари за поправка. Ќе викне некој приучен што ќе му земе 200 денари или ќе му го поправи за една чашка ракија и мезе. Оној што има телевизор што вреди 50000 илјади и сега нема да викне некој приучен, туку ќе викне регистриран сервис без разлика дали законот ќе биде усвоен или не. Зашто во првиот случај, приучениот може да донесе мала штета а голема корист, а во вториот може да донесе мала корист, а голема штета. Ја капираш ли поентата сега и каде е проблемот?да не ја вртиш на политика може? ако се компарира од таа локација до оваа има еден тон работи кои се компарираат со исти аршин... не е само ова прашање...
Е па погрешно си информиран, бидејќи и во информатичката технологија ги има такви кои работат за ситни пари, па сепак јас не плукам по нив бидејќи наводно ми го крадат лебот, бидејќи вистината е дека наплаќаат пониско бидејќи колку поквалитетно и поевтино си ја завршат работата, толку поголема е веројатноста да бидат повторно повикани за друга работа или да бидат препорачани на друг потенцијален клиент.тоа и ми беше поентата... тоа што го кажа е доволно... информатичка технологија... во вашиот отсек нема “торбари чепкала“... не си го осетил тој проблем.
како и да е... немам намера на никого да му наштетам... ако луѓето мислат дека треба да работат на црно, нека работат... поентата е да не бидат нелојална конкуренција.
31. окт. 14.
Горан Ризаов | Призма
Од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар по договор на дело или авторски договор, освен ако не сте врвен спортист, државен функционер или судија
Измените донесени по скратена постапка, без вистинска дебата, носат опасност, наместо да ја намалат невработеноста, да поттикнат неформални вработувања | Фото: Ed Yourdon / Foter / CC BY-NC-SA
Оние кои имаат примања врз основа на договори на дело и авторски договори, односно т.н. хонорари, за два месеца отсега ќе се соочат со ситуација во која од сумата на хонорарот ќе треба да бидат одземени, не како досега само персоналниот данок од 10 отсто туку и придонесите за пензиско и инвалидско и за здравствено осигурување. Заедно со персоналниот данок, оптоварувањето на хонорарите ќе изнесува над 35 отсто од сумата. Придонеси ќе се плаќаат за хонорарите кои го надминуваат износот на минималната плата, односно од околу 9.500 денари.
За да се воведе ваквата новина, одеднаш се изменети пет закони: за работни односи; за придонеси од социјално осигурување; за пензиско и инвалидско осигурување; за здравствено осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Сите се донесени по скратена постапка, а измените се веќе озаконети со објавата во Службен весник уште кон крајот на јули 2014 година.
Образложението на Владата и на Синдикатите за овие законски измени, донесени сред летните одмори, беше дека со нив практично ќе се стимулира вработувањето по теркот на другите европски држави и ќе се спречат злоупотребите.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, уште при донесувањето на измените изјави дека „со ова ќе се елиминираат злоупотребите што дел од работодавачите ги правеа кај овие авторски или договори на дело, каде што често се изигруваше и договореното за минималната плата“.
Што предвидуваат измените
Во Процедурата за прием во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси, која БИРН ја обезбеди од Министерството за труд и социјална политика, се наведени сите елементи кои законски треба да бидат дел од договорите на дело или авторските договори од први јануари.
Таа предвидува и компанијата „исплатувач“ и лицето „примател на приходот“ да го достават меѓусебниот договор на дело до Фондот за пензиско инвалидско осигурување (ФПИОМ). Ако лицето не е вработено, односно нема социјално осигурување, покрај договорот, треба да се достави и барање за прием во осигурување, трансакциска сметка и М1/2 пријава.
Ако некој има повеќе договори под минималната плата, но нивниот збирен износ е поголем од 9.500 денари, тогаш и тој подлежи на наплата на придонеси. Во тој случај, наместо правното лице или фирмите, самиот работник како физичко лице треба да оди во ПИОМ, да ги поднесе сите барања и да си ги плати придонесите.
Ист е случајот и за оние кои имаат авторски или договори на дело со странски компании, авторот односно „изведувачот“ е обврзник за надомест на даноците и придонесите.
Во практика, ова значи дека од следната година за хонорар во бруто износ од, на пример, 30.000 денари, оној што ја дава услугата ќе добие околу 20.000 денари, а на сметка на државата ќе легнат околу 10.000 денари.
За пензиско и инвалидско осигурување ќе се платат 17,6 отсто или околу 5.280 денари, а за здравствено 7,3 отсто или нешто под 2.190 денари. Вкупно за придонеси ќе се одвојат 7.470 денари од хонорарот. Од останатите 22.530 денари уште 10 проценти или 2.253 денари ќе се одвојат за данок на доход.
Двојно здравствено осигурување
Покрај начинот на пресметка на придонесите и данокот на доход, се јавува проблем при плаќањето на придонесите за пензиско и за здравствено од два или повеќе извори. Поточно, кога еден вработен плаќа придонеси и за редовната плата и за хонорарот што му е дополнителен приход.
Од Министерството за труд и социјална политика за БИРН потврдуваат дека во случај да се плати придонес за пензиско осигурување два пати (од договорот на дело и од вработувањето), тоа ќе биде пресметано во основицата за пензија.
Од Министерството за труд и социјална политика за БИРН потврдуваат дека во случај да се плати придонес за пензиско осигурување два пати (од договорот на дело и од вработувањето), тоа ќе биде пресметано во основицата за пензија. „Тоа секако ќе влијае на висината на пензијата, односно осигуреникот ќе оствари повисок износ на пензија“, велат од Министерството.
Иако ќе му се зголеми основицата за пресметка на пензијата, сепак, од Министерството не кажуваат дали вработените ќе имаат дополнителна придобивка во случај на двојна наплата на здравственото осигурување.
„Од вкупните законски измени, најголем проблем е тоа што оние што ќе плаќаат придонеси, нема да добиваат дополнително здравствено осигурување“, вели Горан Рафајловски од компанијата „Рафајловски консалтинг“.
Тој вели дека измените треба да подлежат на сериозна дебата, особено во делот со двојното здравствено осигурување.
„Потребно е сериозно испитување што може да понуди здравството во овој случај. Фер би било да се понуди нешто повеќе за овие луѓе, но прашање е дали здравството ќе може да го издржи тоа “, вели Рафајловски.
Измените не важат за функционерите
Наплатата на придонеси од договори на дело и авторски договори не важи за примањата на професионалните спортисти, пратениците, советниците, јавните функционери, стипендистите, судиите, поротниците, вештаците, стечајните управници, волонтерите, пензионерите и за договорите за јавна работа коишто ги склучуваат општините.
И претседателот на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков и консултантот Горан Рафајловски се изненадени од ваквиот факт.
Бошков вели дека не е запознаен со ваквите ослободувања на плаќањата. „Тоа не беше спомнато кога ги дискутиравме измените на законите на седница на Економско-социјалниот совет“, вели тој. „Во секој случај, тоа не е поволно решение“, вели Бошков, додавајќи дека „сите треба да бидеме еднакви пред Законот“. И Рафајловски смета оти „законот треба да важи исто за сите“ и додава оти „ако некој се изземе, тоа значи дека останатите се ставаат во подредена положба“.
Работниците дополнително на удар
Наспроти аргументацијата на Владата и Синдикатите дека измените ќе поттикнат вработувања, затоа што работодавачите нема да имаат причина да имаат хонорарни соработници кога давачките за нив се исти како и за вработените, сомневањата се дека ќе се случи токму спротивното.
Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, посочува дека ваквите измени ќе доведат до тоа газдите да бараат повеќе начини за избегнување на плаќањето даноци
Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, посочува дека ваквите измени ќе доведат до тоа газдите да бараат повеќе начини за избегнување на плаќањето даноци. Една од првите опции што им е на располагање, секако е намалување на нето износот на хонорарот.
На тој начин, измените ќе ги удрат по џеб само оние што работат, а сумата што работодавачот ќе ја плаќа ќе остане иста. Со други зборови, хонорарецот од нашиот пример кој бил плаќан 30.000 денари, наместо досегашните 27.000 денари со платен данок на доход, ќе зема околу 20.000 денари, што е намалување за над 17 отсто.
Вториот начин на избегнување на плаќање на придонесите е износот на хонорарите да биде понизок од минималната плата. Трет начин е со зголемување на износот на над шест просечни плати, што е максималниот износ на кој се пресметуваат придонеси, исто како и кај редовно вработените. Целата сума што е над шест просечни плати (околу 180.000 денари) нема да подлежи на придонеси.
Бошков алармира на опасноста измените, иако се претставени како поттик за зголемување на вработувањата, да имаат спротивен ефект и да резултираат со непријавени работници.
„Ние реагиравме дека има можност луѓето да останат непријавени, односно да останат да работат ‘на црно’ со што, всушност, и не се поттикнува вработувањето како една од целите на законските измени. Тие нема да сакаат да ги плаќаат придонесите“, вели Бошков.
Неговото претходно искуство вели дека работодавачите во ваков случај гледаат да избегнат плаќање на даноците и „најверојатно ќе доведе до тоа да се исплаќаат повеќе хонорари под минималната плата“.
Токму затоа, Конфедерацијата на работодавачите на состанокот на економско-социјалниот совет побарала, наместо до минималната плата од 9.500 денари, ослободени од придонеси да бидат сите што земаат хонорари до висината на просечната плата од околу 21.000 денари.
Нивното барање не е прифатено, поради што тие сега очекуваат помош од граѓанските организации.
„Ние очекуваме дека некои од граѓанските организации, односно од граѓанскиот сектор, ќе покренат некаква иницијатива за промена на овој закон“, вели Бошков. Ниту една граѓанска организација досега не покажа интерес да ги оспори измените.
Се стимулира прекарната работа
Измените донесени по скратена постапка, без вистинска дебата, носат опасност, наместо да ја намалат невработеноста, да поттикнат неформални вработувања.
Со измените на петте закони, на работодавачите сега им се дава можност сите идни вработувања да бидат со договор на дело, со што практично ќе им се даде можност да ги заобиколат обврските што ги имаат кон вработените согласно Законот за работни односи и другите закони што ги гарантираат нивните права
Со измените на петте закони, на работодавачите сега им се дава можност сите идни вработувања да бидат со договор на дело, со што практично ќе им се даде можност да ги заобиколат обврските што ги имаат кон вработените согласно Законот за работни односи и другите закони што ги гарантираат нивните права.
На пример, правото на отказен рок, отпремнина, годишен одмор или правото за заштита при работа се дизајнирани да се однесуваат само на работниците со Договор за вработување. Договорот за дело или авторски ангажман не спаѓаат во корпусот закони за работниците туку тие се дел од облигациското, договорно право.
За разлика од Синдикатите, ваквата опасност ја препознаваат во Конфедерацијата на работодавачи.
„Нема да се почитуваат правата на работникот, тој ќе седи во канцеларија и ќе работи под страв да не биде отпуштен без да го добие она што законски му следува. Работниците ќе немаат никакви права и ќе немаат сигурност во работата ако се вработени само со договор на дело или со авторски договор“, вели Миле Бошков.
Претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, всушност го опишува проблемот што се подведува под терминот прекарна работа - повремена или привремена работа, во целосна егзистенцијална и професионална несигурност, договори што траат одредено време, кои не даваат никакви права и заштита и кои можат да се раскинат без какви било последици за работодавачот.
Во право си. Но во државата ги има многу како @onak и @мкд владе, на кои Владата може да им продаде м00да за бубрези и уште да ги убеди дека тоа е за нивно добро.Лиценци за работниците, па адвокати во нотарските канцеларии, па придонеси и даноци за хонорарците - ма да ова последново и беше општо познато на јавноста уште во летото 2014, што не значи дека е оправдливо и во ред.
Или хонорарците ќе работат за мизерија под 9.500 денари, или за мизерен хонорар од 10.000, 12.000 и слични мизерни суми, ќе плаќаат неверојатни 35% данок.
Уште да им текне да воведат и даноци и казни за кивање и зевање, оваа влада е заколнат душман на малите и на средните стопанственици и на занаетџиите.
Кај нас да се донесе ваков закон ќе треба на 90% од богаташите, 99% од политичарите и 100% на криминалците да има се одземе целиот имотот, а тоа ти е 1% од населението или над 70% од целокупното богаство во Македонија, што значи никогаш нема да се случи тоа.Во право си. Но во државата ги има многу како @onak и @мкд владе, на кои Владата може да им продаде м00да за бубрези и уште да ги убеди дека тоа е за нивно добро.
Препишувале европски закони? Нека го препишат законот од Финска ако се мажи или нека не јадат гурабии. Нас само финскиот закон може да нѐ спаси.
Во Финска казните за сообраќајни прекршоци се правопропорционални спрема приходите на прекршителот. Така што казната може да иде и преку 100000 евра (сто илјади, не е грешка), како што плати Хакинен.
Таму ако те видат во нов џип од 30000 евра не ти веруваат на жими мајка и дека работиш за плата од 300-500 евра, туку ќе ти претресат сѐ живо и диво да видат на кој начин ја оштетуваш државата.
Финското УЈП или која и да е нивна агенција што се занимава со потеклото на имотот, во своите компјутери има податоци за приходот на секој член од домаќинството. Ти ги знаат расходите за сметките и кредитите и тогаш ти кажуваат:
"Господине, вие со тие примања не можете да возите Мерцедес од 30000 евра/ да купите вила од 200000 евра/да имате Miele, Loewe и Krell куќна техника и сл., бидејќи за нив ќе ви требаат толку и толку години. Имате 30 дена да го докажете потеклото на имотот (лотарија, наследство и сл.) Ако не докажете, ќе ви го одземеме имотот, а воедно ќе добиете и тужба за работа на црно, шверц или криминал."