Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
кога ке ти дојде на врата по пријава или било како, има да отвориш и песна да пееш... само ти гај си надежи дека така лесно ке поминеш... не му отварам бе.. така ке постапиш? ај жити се, кога ке стапи во сила законов, викни електричар дома без лиценца, јас ке те пријавам а ти не му отвори... да видиш што ке те снајде... би ти препорачал следниот пат целосно да го исчиташ предлог законот со сите ставки, ингеренции, и овластувања што ги добиваат инспекторите па после да коментираш по било кој закон. зарем сеуште не научи дека оваа власт само до пола ги кажува работите во јавност?

патем речено мене не ми треба спасување во бизнисот, мене ми треба лојална конкуренција, па да си ги мериме.. сите тие што работат на црно, се нелојална конкуренција.. и во времето на сфрј и ова сега благе везе нема по прашање на водење бизнис... тоа биле други времиња, ова се други времиња, комплетно различни.. јас не велам дека треба лебот на лугето да им се зима по разно разни основи, ама со задоволство ке гледам како држават ги лупа по глава тие што ми го зимаат мојот леб, притоа не гледајки дека и својот го фрлаат во канта па ни за нив нема доволно...
Лојална конкуренција немаш токму бидејќи во Македонија нема владеење на законот и на правото.

Кога имаш спектакуларни апсења експресно покриени од страна на медиумите, кои на крајот резултираат со ослободителни пресуди, тогаш би требало да знаеш дека или апсењата биле однапред осмислени чисто за лажен политички маркетинг под наслов борба против криминалот и корупцијата, или судските процеси биле наместени.

Како и да е, и во едниот и во другиот случај, немаш владеење на законот и на правото, и биди повеќе од сигурен дека истото те чека и со овој нов закон.

Ти слободно навивај за усвојувањето на овој закон насочен против работниците, но ќе видиш, доколку работниците не го спречат усвојувањето на овој закон, или доколку овој закон не падне на Уставен Суд, за година дена откако истиот ќе стапи на сила, или ај да не претеруваме, можеби за 2 или 3 години откако истиот ќе стапи на сила, ќе си ги проголтуваш сопствените зборови и ќе молиш за укинување на ваквиот закон.

Ти мислиш дека знаеш што е тоа сива економија и што е тоа работење на црно.

Чекај додека да стапи овој закон на сила па допрва ќе откриеш што е тоа вистинска сива економија и што е тоа вистинско работење на црно.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Не ми беше целта да те навредам, но лично ми делуваш како да не си од овде, како да не го познаваш Балканот и како да не ги познаваш балканските политичари.

Еве ти тазе новост и за нотарите, да не мислат тие дека политичарите не планираат и нив да ги пљачкаат.

http://www.telma.com.mk/vesti/advokatite-vleguvaat-vo-notarskite-kancelarii

АДВОКАТИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО НОТАРСКИТЕ КАНЦЕЛАРИИ

Објавено на: 2014-10-30 18:41

Задолжително присуство на адвокат во постапка пред нотар го деградира нотаријатот како независна и јавна служба, е дел од реакцијата на нотарската комора испратена до премиерот Никола Груевски како одговор на најавите за измена на Законот за нотаријат. Се предвидува во нотарските канцеларии секоја странка да ангажира адвокат при потпишување нотарски договор со вредност над 10 000 евра. Долку едно семејство треба да дели имот и има повеќе членови се предвидува секој член да има свој адвокат. Адвокатот ќе има свој посебен печат кој ќе го користи за овие договори кои без амин од него нема да можат да се користат во правниот систем.

Со воведувањето на задолжително присуство на адвокат би се зголемиле трошоците во постапката пред нотар, но за да не се отежнува еконоската состојба на граѓаните овие трошоци ќе се одземат од нотарската награда. Комората ја подржува владата за зголемување на правната сигурност на граѓаните , но и ја опоменува дека не смее да ја помине границата на јавните овластувања на нотарите со што би се обзевреднила дејноста и независноста. Влегувањето на адвокат во нивните канцеларии би било директно мешање во независноста и самостојноста и објективноста на нотарот.

Од Комората велат дека вакво законско решение не е предвидено во ниедна земја во Европа. Од Коморите на Австрија, Германија, Белгија , Холандија македонските нотари добиле одговор дека не само што нотарската дејсност е самостојна туку веќе и се даваат и поголеми надлежности.

Овие обврски не важат за банките, лизинг компаниите , осигурителните друштва.

Предлог законот за нотаријат беше изготвен лани во ноември и помина владина процедура. Сега од владата има предлози за измени и дополнувања кои треба да ги подготви министерството за правда за кои доплнително ќе се дебатира и одлучува.

Кристина Мачкиќ
Си го гледал серијалот Тесна Кожа ?

Доколку не си го гледал, редно време е да го изгледаш, барем првиот и вториот филм од серијалот, за да забележиш неверојатни сличности помеѓу тогашна Југославија и денешна Македонија.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
а ти ми делуваш како несоодветен соговорник... мене фирмата не ми ја води некој од надвор, јас си ја водам сам и работам 15 години во приватен сектор... во меѓувреме бев и на гастербајтерење кратко. ти зборуваш за бабини деветини, упорно барајки криминално решение против моите заклучоци за законите донесени од власта!! се додека изнаоѓате такви решениа, оваа држава ке тоне во гомна... наместо да го дигнеш гласот и да речеш: ДА ЈАС ОД УТРЕ САМО ЛИЦЕНЦИРАНИ МАЈСТОРИ КЕ ВИКАМ ДОМА, затоа што во развиените земји така фукнкционира а они се развиени токму заради таквите закони, ти тука ми објаснуваш и на мене и на остатокот од читателите форумџии како може да се заебе законот и државата...

браво, така треба... само напред, на добар пат сме да се удавиме во сопствените гомна...
фала многу, пријатно... немам што више да дискутирам по ова прашање... поготово не со тебе...
 
Жал ми е бидејќи не сум на твое ниво за прифатлива дискусија, но се надевам дека ќе имаш разбирање - јас не сум ја имал твојата среќа, јас не сум бил никаде на гастербајтерење, успевам да врзам крај само крај само бидејќи не сум женет и немам деца, во спротивно би бил во долгови до гуша.

Но познавам многумина кои одлично се разбираат од секакви професии, а немаат никакви лиценци или сертификати.

Еве на пример, дедо ми покојниот беше ѕидар по професија и никогаш не работеше со таква лиценца или сертификат како што ги нарекуваш ти, па не гледам некој да се жалел за работата која ја завршил.

Познавам дрворезци, бравари, лимари, молери, информатичари, ниту еден од нив со лиценца, а одлично си ја вршат работата. Но истовремено, за разлика од мене, тие се женети и имаат деца и семејства за издржување и секој денар им е потребен, ретко успеваат да заштедат по некој денар и вадење лиценца за работа и не им е баш во плановите, со оглед на фактот дека семејството им е на прво место.

Жал ми е доколку мојот став е неприфатлив, а мојот речник разочарувачки за тебе, но тешко ми е да верувам дека постојат луѓе кои всушност веруваат дека со закон се решаваат проблемите на граѓаните и на фирмите, кога уште пред 2000 години античките Римјани ги дефинирале корупцијата и неправдата со зголемениот број на закони:

" Колку се побројни законите, толку покорумпирана е владата " ;
Тацит

" Повеќе закони, помалку правда " ;
Цицеро
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.754
ДА ЈАС ОД УТРЕ САМО ЛИЦЕНЦИРАНИ МАЈСТОРИ КЕ ВИКАМ ДОМА, затоа што во развиените земји така фукнкционира а они се развиени токму заради таквите закони
Во заблуда си.Не се тие развиени поради вакви закони,туку затоа што им овозможиле на генерации луѓе слободно да работат и да заработат. Тие денес постигнале степен на развој и можат да регулираат вакви работи, зошто работниците не се мачат за корка леб и можат да си дозволат да платат некаква лиценца. И пак тоа не се прави за сузбивање сива економија.

Еве земи ја на пример Турција.Во Истамбул брате можеш што сакаш да купиш на улица, да јадеш и да пиеш а фискална нема да видиш. Тие се за нас економски џин, ама на крај памет не им паѓа да глумат Германија и да го стегаат народот со регулативи. Напротив, свесни се дека нивниот народ го нема тој стандард и дека милиони луѓе денес треба да извадат парче леб. И таму има илјадници фирми што плаќаат даноци и работат.

Ако си прошетал надвор од ЕУ и САД ќе знаеш дека повеќето држави функционираат така лабаво. Копирање закони од развиени држави нема да ни ги реши проблемите, нити ќе не направи развиена држава. Тие закони се донесени таму за да решат нивни состојби и проблеми, а ние овде треба да си ги решиме нашите.

Туку да не се лажеме. Знаат нашите дека лиценцирани мајстори и казни од 9000 евра е лудило. Само буџетот пука, и мора да се покриваат дупките некако.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Жал ми е бидејќи не сум на твое ниво за прифатлива дискусија, но се надевам дека ќе имаш разбирање - јас не сум ја имал твојата среќа, јас не сум бил никаде на гастербајтерење, успевам да врзам крај само крај само бидејќи не сум женет и немам деца, во спротивно би бил во долгови до гуша.

Но познавам многумина кои одлично се разбираат од секакви професии, а немаат никакви лиценци или сертификати.

Еве на пример, дедо ми покојниот беше ѕидар по професија и никогаш не работеше со таква лиценца или сертификат како што ги нарекуваш ти, па не гледам некој да се жалел за работата која ја завршил.

Познавам дрворезци, бравари, лимари, молери, информатичари, ниту еден од нив со лиценца, а одлично си ја вршат работата. Но истовремено, за разлика од мене, тие се женети и имаат деца и семејства за издржување и секој денар им е потребен, ретко успеваат да заштедат по некој денар и вадење лиценца за работа и не им е баш во плановите, со оглед на фактот дека семејството им е на прво место.

Жал ми е доколку мојот став е неприфатлив, а мојот речник разочарувачки за тебе, но тешко ми е да верувам дека постојат луѓе кои всушност веруваат дека со закон се решаваат проблемите на граѓаните и на фирмите, кога уште пред 2000 години античките Римјани ги дефинирале корупцијата и неправдата со зголемениот број на закони:

" Колку се побројни законите, толку покорумпирана е владата " ;
Тацит

" Повеќе закони, помалку правда " ;
Цицеро
а што ке им фали да извадат лиценци? сигурен сум дека нема да кошта илјадници евра, нити пак стотици евра... ке биде тоа нешто симболично... исто така не прочитав во предлог законот, дека едно лице се обврзува на една лиценца-сертификат... тоа значи можеш и повеќе да извадиш. треба само да си ја докажеш способноста... баш како што е во цел свет. во нов зеланд кога бев, 1 месец ми требаше за да полагам и положам испити за електричар, за да добијам сертификат за лиценциран електричар отсек електро инсталации.. во УСА за истото ми требаше помалку од 2 недели.[DOUBLEPOST=1414745750][/DOUBLEPOST]
Во заблуда си.Не се тие развиени поради вакви закони,туку затоа што им овозможиле на генерации луѓе слободно да работат и да заработат. Тие денес постигнале степен на развој и можат да регулираат вакви работи, зошто работниците не се мачат за корка леб и можат да си дозволат да платат некаква лиценца. И пак тоа не се прави за сузбивање сива економија.

Еве земи ја на пример Турција.Во Истамбул брате можеш што сакаш да купиш на улица, да јадеш и да пиеш а фискална нема да видиш. Тие се за нас економски џин, ама на крај памет не им паѓа да глумат Германија и да го стегаат народот со регулативи. Напротив, свесни се дека нивниот народ го нема тој стандард и дека милиони луѓе денес треба да извадат парче леб. И таму има илјадници фирми што плаќаат даноци и работат.

Ако си прошетал надвор од ЕУ и САД ќе знаеш дека повеќето држави функционираат така лабаво. Копирање закони од развиени држави нема да ни ги реши проблемите, нити ќе не направи развиена држава. Тие закони се донесени таму за да решат нивни состојби и проблеми, а ние овде треба да си ги решиме нашите.

Туку да не се лажеме. Знаат нашите дека лиценцирани мајстори и казни од 9000 евра е лудило. Само буџетот пука, и мора да се покриваат дупките некако.
добро.. ај да речеме дека си во право... реторички, ке се согласам со тебе и ке кажам дека си во право... кажи ми на кој начин ке се среди хаосот по тоа прашање? свесноста ке проработи? па 20 и кусур години е оставено на свеста на народот и не се решава... пишував јас по оваа проблематика сега брзо на друго место... никако неможе да биде фер и нормално, јас да плаќам кирии за простории со магацин, работилница и канцеларија, даноци за нив секако, па даноци за пријавување на вработени, па деловна струја, вода, телефон и интернет, комбе, пикап на име на фирма со поскапи регистрации и повторно даноци и за тоа и на се што ке заработам, да не го земам во кеш туку да ми платат на сметка, повторно данок на државата да и платам процент од истото, а некој “петко“ кој дошол во скопје од било каде од внатрешноста на дравата (во потрага по подобар живот, нормално никој не го суди и обвинува за тоа), да му биде колата (југо, лада или било која стара канта) и магацин и работилница и канцеларија, притоа не давајки скршен денар на државата, па поради тоа да биде нелојална конкуренција на мене и таквите како мене, бидејки со 0 издатоци, повеке од нормално е дека ке работи за повеке од пола, од она за кое јас ке работам... кај е правдата тука? нели го гледаш хаосот за кој зборувам? е ај сега објасни ми како ке се реши тој хаос? или државата ке ги стисне истите да се легализираат, или на нас приватниците ке не ослободи од данок 100%.. ова второто ни под разно нема да се случи, ни кај нас ни било каде во светот...

инаку турција е милијарда народ. државата има опција како да живее и од што да живее... ние сме мала држава, мал пазар, мали приходи. буџетот можеби и пука, но мора да се наполни... на друга страна ке го ставиме дали јас се согласувам или не со начинот на кој власта го прави тоа... ке повторам,ние си ги избравме да не водат низ животот и сега едноставно МОРА ние да ги слушаме што ке ни кажат и како ке не водат...
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ај сега да прашам нешто во врска со законов!
Имам пријател на татко ми (пензионер) кој ми се наоѓа во дадени моменти...за електрика,водовод и слични работи....и он треба да вади лиценца за да ми поправи нешто по дома????
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.754
@onak, јас ти дадов пример дека освен во овие високо развиени земји никаде не се прави ова што се прави кај нас. А и во тие земји се прави откако ќе достигнат некој степен на развој и некаков стандард. Ти си на мислење дека со овие закони нешто ќе се подобри за тебе и за твојата фирма. Во пракса ќе видиш дека ништо нема да се смени. Оној што има средства да ангажира фирма за некакви услуги и сега ќе го направи тоа. Оној кој крпари со пари ќе вика пријатели и мајстори да му завршат некаква работа. Со законов ќе им се земат пари за лиценца на луѓе-мајстори кои во главно животаркаат. Тоа малку ќе ја зголеми цената на услугите и сите ќе плаќаме малку повеќе. Но повторно ти нема да бидеш конкурентен во цена со мајстор кој работи на своја рака.

Друг пример што можам да ти спомнам чисто како тема за размислување: познавам човек кој триесет години наназад поправа машини за перење, телевизори и што год се расипало а може да се поправи. Триесет и кусур години човекот е сиромав а издржува фамилија од тие скромни приходи што ги вади. Тој никогаш нема да има пари за „лиценца“ макар таа чинела 50 евра годишно. Се што може да добие од законов е казна повисока од што тој било кога може да собере и да плати.

И сите познаваме такви луѓе. И се додека постојат такви луѓе, се додека социјална помош е 2000 денари, воведување лиценци и астрономски казни е потполно лудило.

Тоа дали мора да се слушаат тие што сме ги избрале или не, баш и не мора. Постои инструмент наречен протест, петиции, тужби до Уставен суд итн... има механизми кога власта те ебе, и во други држави луѓето ги употребуваат. Нас секој може да не стриже како сака и ние да викаме фала.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
а што ке им фали да извадат лиценци? сигурен сум дека нема да кошта илјадници евра, нити пак стотици евра... ке биде тоа нешто симболично... исто така не прочитав во предлог законот, дека едно лице се обврзува на една лиценца-сертификат... тоа значи можеш и повеќе да извадиш. треба само да си ја докажеш способноста... баш како што е во цел свет. во нов зеланд кога бев, 1 месец ми требаше за да полагам и положам испити за електричар, за да добијам сертификат за лиценциран електричар отсек електро инсталации.. во УСА за истото ми требаше помалку од 2 недели.
Е па не ги имаат сите тие месец дена или 2 недели за да полагаат испит за нешто што го знаат цел живот.

Ти си добредојден да играш според правилата во кои веруваш, но повеќето занетџии ќе ти се смејат на тебе и ќе продолжат да си работат на црно без лиценца и нема да ги плаќаат казните.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.660
кога ке ти дојде на врата по пријава или било како, има да отвориш и песна да пееш... само ти гај си надежи дека така лесно ке поминеш... не му отварам бе.. така ке постапиш? ај жити се, кога ке стапи во сила законов, викни електричар дома без лиценца, јас ке те пријавам а ти не му отвори... да видиш што ке те снајде...
Дали ова ќе важи и во Чаир, Сарај, Кондово, Арачиново, Липково, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга? Кажи ми таму што ќе ги снајде нелиценцираните мајстори и домаќините кои ги повикале.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
а што ке им фали да извадат лиценци? сигурен сум дека нема да кошта илјадници евра, нити пак стотици евра... ке биде тоа нешто симболично... исто така не прочитав во предлог законот, дека едно лице се обврзува на една лиценца-сертификат... тоа значи можеш и повеќе да извадиш. треба само да си ја докажеш способноста... баш како што е во цел свет. во нов зеланд кога бев, 1 месец ми требаше за да полагам и положам испити за електричар, за да добијам сертификат за лиценциран електричар отсек електро инсталации.. во УСА за истото ми требаше помалку од 2 недели.
УСА и Нов Зеланд се далеку од нас, кај нив прво се прави цела инфраструктура за производство на мајстори, кај нас се прави пари да им земат на луѓето.
Што се случи со лиценците за алкохол и продавање после 19 ?
Демек било за да не купуваат малолетни (а тоа е претходно уредено со закон), во суштина ништо не се смени, пак малолетните се пијанчат, влегуваат во дискотеки итн. Ама државната каса се полни со пари од лиценци.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
УСА и Нов Зеланд се далеку од нас, кај нив прво се прави цела инфраструктура за производство на мајстори, кај нас се прави пари да им земат на луѓето.
Што се случи со лиценците за алкохол и продавање после 19 ?
Демек било за да не купуваат малолетни (а тоа е претходно уредено со закон), во суштина ништо не се смени, пак малолетните се пијанчат, влегуваат во дискотеки итн. Ама државната каса се полни со пари од лиценци.
А за спортските кладилници и за забраните малолетници да се коцкаат па да не правиме муабет.

Колку само се почитува тој закон. :tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.754
Дали ова ќе важи и во Чаир, Сарај, Кондово, Арачиново, Липково, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга? Кажи ми таму што ќе ги снајде нелиценцираните мајстори и домаќините кои ги повикале.
Во Кичево и Струга 50/50. Некогаш ќе важи, некогаш не.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
@onak,

Тоа дали мора да се слушаат тие што сме ги избрале или не, баш и не мора. Постои инструмент наречен протест, петиции, тужби до Уставен суд итн... има механизми кога власта те ебе, и во други држави луѓето ги употребуваат. Нас секој може да не стриже како сака и ние да викаме фала.
па ајде.. што чекаш.. организирај нешто.. не туку драматизирајте на форум.. законот е во гласање, ке биде изгласан и после може само да им плукнете под прозор... ако мислиш нешто да правиш прави, ако не џабе само галама кревате...

колку да бидам по јасен.. сите мои колеги, пријатели и познаници со кои деновиве дискутирам, а се луѓе кои се во иста ситуација како мене, (со фирма, легални, правно и законски издржани) до еден сите истото го кажуваат, ДЕКА ОНИ КЕ БИДАТ ПРВИ ШТО КЕ ПРИЈАВАТ.. зашто јас да плаќам даноци а тој не?[DOUBLEPOST=1414794774][/DOUBLEPOST]
Дали ова ќе важи и во Чаир, Сарај, Кондово, Арачиново, Липково, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга? Кажи ми таму што ќе ги снајде нелиценцираните мајстори и домаќините кои ги повикале.
да не ја вртиш на политика може? ако се компарира од таа локација до оваа има еден тон работи кои се компарираат со исти аршин... не е само ова прашање...[DOUBLEPOST=1414794825][/DOUBLEPOST]
Е па не ги имаат сите тие месец дена или 2 недели за да полагаат испит за нешто што го знаат цел живот.

Ти си добредојден да играш според правилата во кои веруваш, но повеќето занетџии ќе ти се смејат на тебе и ќе продолжат да си работат на црно без лиценца и нема да ги плаќаат казните.
ке видиме тоа... читај погоре што напишав...[DOUBLEPOST=1414795157][/DOUBLEPOST]
@onak познавам човек кој триесет години наназад поправа машини за перење, телевизори и што год се расипало а може да се поправи. Триесет и кусур години човекот е сиромав а издржува фамилија од тие скромни приходи што ги вади. Тој никогаш нема да има пари за „лиценца“ макар таа чинела 50 евра годишно. Се што може да добие од законов е казна повисока од што тој било кога може да собере и да плати.
нејкам да го ругам, нити да се ситам на таков човек... но чим може толку работи да ги поправи, сигурно човекот е капацитет. за да можеш сето тоа да го направиш и да умееш да го сервисираш-поправаш, треба да имаш огромно знаење, искуство, храброст и познавање на проблематиката, секако потребно му е високо ниво на ителект...

прашањето е: како при толкав ментален капацитет, тој 30 и кусур години е ТОРБАР МАЈСТОР, и не напредувал во животот воопшто? што чекал овие 30 години за да се официјализира и да го прошири бизнисот-работата за да печали поише? зашто самиот себеси си турил шајка во ногата и работи на црно 30 и кусур години? констатиавме дека е интелегентен човек... што го спречило да иде понатака со развивањето и одлучил да биде работник на црно 30 и кусур години и да живее во сиромаштија и едвај да си го прехранува семејството?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom