- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.514
- Поени од реакции
- 11.582
Лојална конкуренција немаш токму бидејќи во Македонија нема владеење на законот и на правото.кога ке ти дојде на врата по пријава или било како, има да отвориш и песна да пееш... само ти гај си надежи дека така лесно ке поминеш... не му отварам бе.. така ке постапиш? ај жити се, кога ке стапи во сила законов, викни електричар дома без лиценца, јас ке те пријавам а ти не му отвори... да видиш што ке те снајде... би ти препорачал следниот пат целосно да го исчиташ предлог законот со сите ставки, ингеренции, и овластувања што ги добиваат инспекторите па после да коментираш по било кој закон. зарем сеуште не научи дека оваа власт само до пола ги кажува работите во јавност?
патем речено мене не ми треба спасување во бизнисот, мене ми треба лојална конкуренција, па да си ги мериме.. сите тие што работат на црно, се нелојална конкуренција.. и во времето на сфрј и ова сега благе везе нема по прашање на водење бизнис... тоа биле други времиња, ова се други времиња, комплетно различни.. јас не велам дека треба лебот на лугето да им се зима по разно разни основи, ама со задоволство ке гледам како држават ги лупа по глава тие што ми го зимаат мојот леб, притоа не гледајки дека и својот го фрлаат во канта па ни за нив нема доволно...
Кога имаш спектакуларни апсења експресно покриени од страна на медиумите, кои на крајот резултираат со ослободителни пресуди, тогаш би требало да знаеш дека или апсењата биле однапред осмислени чисто за лажен политички маркетинг под наслов борба против криминалот и корупцијата, или судските процеси биле наместени.
Како и да е, и во едниот и во другиот случај, немаш владеење на законот и на правото, и биди повеќе од сигурен дека истото те чека и со овој нов закон.
Ти слободно навивај за усвојувањето на овој закон насочен против работниците, но ќе видиш, доколку работниците не го спречат усвојувањето на овој закон, или доколку овој закон не падне на Уставен Суд, за година дена откако истиот ќе стапи на сила, или ај да не претеруваме, можеби за 2 или 3 години откако истиот ќе стапи на сила, ќе си ги проголтуваш сопствените зборови и ќе молиш за укинување на ваквиот закон.
Ти мислиш дека знаеш што е тоа сива економија и што е тоа работење на црно.
Чекај додека да стапи овој закон на сила па допрва ќе откриеш што е тоа вистинска сива економија и што е тоа вистинско работење на црно.
Последно уредено од модератор: