И да ја видиме и другата страна на медаљата. Да таму горе сите ние( или повеќето) сме фини и совесни граѓани, не возиме брзо,чекаме на црвено, поминуваме на пешачки, седиме како луѓе на клупа, фрламе во корпа ама чим дојдиме тука сме дива лига.
- Ако знаеш ти некој друг начин да се воспостави ред и поредок во една демокатија освен со мавање по џебот сподели слободно. Досега само ова функционира.
- Ете на пример малската продавачка ден денес не ми дава фискална сметка. Се знаеме дека сме од иста мала и ок. Утре ако и дојде инспекција ке ја изгори до срце, и после цацко ке и биди крив. Еве и ти на пример, имаш пријавено некој дека не ти дал фискална. Не верувам, напротив одма ке се социјализираш со продавачот од типот остај не се мачи, не мора, наши сме.
1.
Од кај си сигурен дека функционирало?
И тие казни за каква повисока цел се користат?
2.
Фискална ми е потребна само за евиденција.Ама од инат немат да ја побарам.Каква корист имаме и јас и продавачката?Ќе ни изградат барокен златен ташак на плоштад?
Казните се без ефект!
Ќе пријавувам.
- Ако знам дека од таа казна ќе се средвет улиците по градов, патиштата и пругите низ таканареченава држава.И во разумен рок, а не 100 метри пат од мај до октомври ‘го санираа‘ на Охрид - Кичево
- Кога ќе изградат тротоари на улиците, а не да те казнат директно за одење по коловоз, поради немање избор
- Ако изградат паркинзи катни или подземни, па да имаме избор.Кој сакат да го паркират БМВ-то на маса до него в кафич, нека плаќат и 100 денари
- Ако стает јавни WC-а по градов, по граничниве премини и одморалиштата по патда бидат средение, за да не сме во описот на многумина ‘задња рупа у Еуропи‘ и да не мочаме по згради
- Ако минималната плата е 15 - 20.000, социјалното 10 и да ја пратат промената на цените, и сите работници ќе се пријавени на работа, да им се исплаќат редовни прекувремени, па да можат да си дозволат здрава храна, а не ајвар и салама
- Ако младите добијат избор за работа по струка и претходно со асална пракса на факултет (платена од фирмите), да можат да си дозволат основање фамилија пред 30.
- Ако студентите добијат нормален смештај во студентски дом и бесплатен превоз, да се реално ‘најперспективниот‘ дел од народот
- Ако пензионерите од Скопје и остатокот на Македонија добијат исти права во јавниот превоз
- Ако абортусот е легален, а не да создаваме уште самохрани родители или деца без родители, а веќе и сега се премногу
- Ако на патарина 40 денари станат 65 центи, а не 1 евро
- Ако УЈП некогаш го вратат навреме ДДВ-то, кога нема да ги товарат луѓето по 2 пати за радиодифузна такса зошто *не можеле да ја најдат првата уплата во системот‘ и кога нема да им бидат блокирани сметките на цела сума, туку на 1/3 од приходите како шо е и законски
- Кога субвенциите ќе им се исплатат на време на земјоделците, а не како им текнало на чаушите во Министерство
Веќе изнапишав доста, а можам до утре да пишам.
Инаку генерално не купувам во малската продавница поради мал избор, ама никогаш не планирам таква глупост да изведам.Зошто?
Луѓе кои биле стечајци, ги исфрлиле како кучиња од работа тие плавите ко ги затвораа фабриките шо сами ги зедоа после, па некако со последните пари за црни деној собрале некоја банка и отвориле колонијал.И овие црвениве му ја затворија поради банална причина - улетување намерно на голем одмор (во близина на школо), со децата е хаос па се премислувале ова земам, ова не, ајде ама двете ќе ги земам, фискалната уште некоригирана и не дочекале...за ебани 5 денари 3250 евра казна.
Во меѓувреме КАМ стигна до 4 маркети во ‘милионскиот‘ Охрид.
Ај малку за двојни аршини да коментираме.Зошто да ја пријавам маалската продавница?
За да му намалам конкуренција на Тинекс, да ги финансирам платите од 10 - 11000 и луксузот на газдите?
За двојни аршини зависно од географска локација и ‘говорно подрачје‘ да не почнуваме по Х пат.
Ако е за казни, казнувај го бе, не викам не.Прв пат опомена.Следен пат месец дена затворање, следен пат 500 евра, па 50% од прометот, па секој следен пат повисоко.А не од прва лупни го со казна поголема од цела залиха во колонијалот па заглави го со кредити и лихвари да ги платат казните.Така и државата не е во ќар, од кај после ќе цицат млеко?Така почит и авторитет не добиваш.
Мене вакви потези само контраефект можат ми донесат.Нормална личност никогаш не би се согласила со вакви глупи ‘закони‘.
Само размисли да добиеш таква глупа ситуација, да не побараш фискална негде и да те начекат пред врата на објектот некој шутрак инспектор и 150 евра да те закачат, не верувам дека ќе речиш ДА, јас сум крив, за државата ако е потребно 3 месеци нема да јадам, ќе дишам само воздух, така ќе ја поддржам и кампањата за здрава храна, оти јадам стек од Бразил и паштети.
Или дека некој го крши штотуку засаденото дрво во паркот или новиот контењер. Или дека крадел цвеќиња на булеварот. Никој нити чул нити видел. А зошто. Дека сме ја поминале границата, тогаш бевме горе,а сега сме дома. Таму можеме да почитуваме правила и прописи тука никако.
Не мешај баби и жаби.
A и за ова имаш лек, на секое откорнато 20 нови - садењето негово (општокорисна работа) и фискална дека ги купил од негде, не откорнати од друго место.Не 9000 евра казна со 150 евра плата.
За ова со менување начин на однесување преку граница на нашинциве настрана да не коментираме овде, во друга тема.