- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.004
- Поени од реакции
- 12.482
Локалните мајстори куртулија - барем засега - од казните од 9.000 евра и бројните останати идиотизми кои актуелната влада на Република Македонија ги подготвува со новиот закон за нерегистрирана дејност.
Но затоа на фирмите ќе им се даде приоритет во заработувањето казни и затворања од инспекциските служби. Најверојатно @onak ќе продолжи да вработува и да ангажира само регистрирани работници, но нека му ја мисли кога ќе му дојде редот на него, слично како што му ја мислел Мартин Ниемулер во Нацистичка Германија, особено ако неговата фирма е успешна и остварува поголеми профити од останатите македонски смртници, бидејќи тогаш инспекциските служби ќе му бидат и редовни, но и вонредни гости.
http://www.24vesti.com.mk/izmeni-na-predlog-zakonot-za-neregistrirana-dejnost
Измени на предлог законот за нерегистрирана дејност

07.11.2014 | 17:20
Молери, електричари, водоводџии, хигиеничари. нема да бидат обврзани да регистрирата фирма за да работат преку оглас на повик. Првичната идеја се повлекува, предложениот закон ќе се менува.
„Водоводџијата ќе ја даде услугата во вашиот дом , тоа не е опфатено со овој закон. Практично ние ги опфаќаме поголемите дејности , со конкретни исклучоци како што се пазарџиите. Така не ги регулираме и услугите што се даваат во домаќинствата “Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Честитаме на храброста, го поздравуваме решението – синдикалците, работодавачите, но и дел од стручната јавност на јавната расправа го поддржаа законот за нерегистрирана дејност што треба да ја намали сивата економија. Но лоцираа и нелогичности.
„Што ако трудовата инспекција утврди нерегистрирана дејност и го затвори претпријатието, од друга страна штетат би била за самите работници , сметаме дека тука ќе се прифатат нашите сугестии “ изјави Живко Митревски ССМ.
„Да се врати пријателската помош ..по кои критериуми ќе утврдиме што е пријател?“ изјави Лазар Јовески, правен факултет.
„Инсистирав три пати, три пати е избришано , соседска помош, раздалеченоста помеѓу соседите. Не може од Влае да ми е сосед. Или да се остави на слободна проценка на инспекторот што е сосед“ изјави Раде Ненадиќ, директор на Агенција за привремени вработувања.
Ова законско решение предизвика сериозни реакции во јавноста и на социјалните мрежи дека истото доколку стапи на сила ќе удри по најранливите категории кои не се вработени, а токму преку огласи обезбедуваат пари за егзистенција.
Од ресорното министерство велат дека ќе биде организирана уште една јавна расправа, но отворени се за сугестии и од граѓаните. Филтриран,предлог – законот ќе биде ставен на владина седница, а потоа и адресиран до собранието.
Марина Узунов